Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Симпозиум во ОН за поддршка на жртвите на тероризмот

Во своето обраќање Керим забележа дека спречувањето на тероризмот е еден од главните приоритети на сегашната сесија на Генералното собрание

ЊУЈОРК – Во Обединетите нации се одржа симпозиум посветен на жртвите на тероризмот на која се водеше расправа за тоа како да им се помогне на овие луѓе. На симпозиумот учествуваа претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Срѓан Керим, генералниот секретар Бан Ки Мун и дваесетина жртви на тероризмот, меѓу кои и неодамна ослободената колумбиска политичарка Ингрид Бетанкур, која шест години беше во заробеништво на тамошните бунтовници.

Во своето обраќање Керим забележа дека спречувањето на тероризмот е еде2н од главните приоритети на сегашната сесија на Генералното собрание. Тој укажа дека промовирањето на солидарноста со жртвите на тероризмот и поддршката за националните системи за помош на жртвите на тероризмот е императив што го изразија самите земји-членки во Глобалната стратегија против тероризмот на ОН, која Генералното собрание ја донесе пред две години. Претседателот Керим нагласи дека е задоволен што симпозиумот се одржа четири дена откако Генералното собрание ја повтори својата целосна поддршка во стратегијата, а земјите-членки ја изразија својата заедничка волја за натамошно напредување на нејзината имплементација.

Срѓан Керим изјави дека се надева дека симпозиумот го означува почетокот на нашата голема акција и континуиран дијалог за солидарност и поддршка на жртвите на тероризмот.


Статијата е прочитана 121 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владата бара дисперзирани студии од Скопскиот универзитет
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Раѓајте деца, власта чести!
Рамковски го смени уредникот на „Шпиц“ Героски
Ванчо Апостолски
Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано
Административците најмногу на боледување
Македонија е пример за мултиетничко општество