Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Скопје

Зелено светло за албанските споменици

Советот на Општина Центар ја одобри изградбата на три албански споменици, што беше иницијатива на ДУИ. Одобрено е речиси рамо до рамо со коњаникот на Гоце Делчев да се исправи споменикот на Неџат Аголи, во паркот „Жена-борец“ да се постави споменик на Пјетер Богдани, а споменик на публицистот Јосиф Багери да се наоѓа пред новата зграда на стариот театар. За спомениците гласаа советниците од коалицијата наспроти СДСМ, кои не ги спореа личностите, туку дополнителните средства што би требало да се издвојат за изградбата. „Не сме против изградба на споменици, но не сега, во оваа економска ситуација. Апсурдно е да се трошат пари за несуштински работи“, рече ��лагородна Крстевска-Мојсоска во името на своите колеги. Таа истакна дека е недозволиво токму сега милионски суми да се трошат за таква намена, информирајќи дека, досега се склучени договори во вредност од 32 милиона евра за само 20 споменици.

Инаку, освен за албанските споменици, со кои практично „Скопје 2014“ добива мултиетнички димензии, советниците на Центар одобрија и изградба на споменици на Питу Гули и на Димитар Поп Георгиев Беровски. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 572 пати.

Испрати коментар

Од: dr
Датум: 29.10.2010 12:37:47
Ги молам дежурните од штабот на ВМРО да ми одговорат колку споменици на македонски дејци ќе бидат поставени на плоштадот Скендербег.

Најди! во Утрински
Скопје
Ѓорче Петров ќе поправа улици на кредит
Центар ќе се задолжува за да гради катна гаража со бутици
Нови животни во ЗОО






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries