Нови животни во ЗОО
Сибирски тигар, стар 10 години, се пресели од една чешка зоолошка градина во скопската. Друштво ќе му прави женката што дојде од ЗОО во Будимпешта. Оттаму дојдоа и две брзи птици-итрици „ему“ и еден „меркач“, животно што личи на мунгос. Дане Кузмановски, директор на скопската Зоолошка градина, најави пристигнување и на два кенгура и два папагала „ара“ од Прага.
Сите животни се донација, а нивниот транспорт, ветеринарните анализи и комплетната документација за нив ја обезбеди „Еуролинк осигурување“ за 7.000 евра. Неговиот претставник, Трифун Костовски, вчера рече дека иако тој не е веќе градоначалник на Скопје, сепак, се грижи градот да добие европски лик и Зоолошка град��на според сите стандарди. Костовски вети дека „Еуролинк“ и натаму со слични проекти ќе покажува коорпоративна одговорност кон општествената заедница. (Сн.К.) |