Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Скопје

Центар ќе се задолжува за да гради катна гаража со бутици

Кредитот од 2,5 милиони евра ќе го отплаќа
Општината 10 години

За општинска катна гаража вредна дури пет милиони евра во која ќе има и деловен и комерцијален простор, Општина Центар ќе земе кредит во висина од 2,5 милиони евра. Останатите средства потребни за изградбата ќе ги издвои од сопствениот буџет. Општината пресметала дека најисплатливо ќе и' биде заемот да го враќа на 10 години, при што месечно ќе плаќа камата од речиси 30.000 евра. Објектот ќе го гради во близина на Кривичниот суд, на пет ката на земјиште што го доби бесплатно од државата.

Иако со оваа идеја и, пред се', математика не се согласуваат советниците од СДСМ, мнозинството во Советот му даде зелено светло на градоначалникот Тодоровиќ да го реализира проектот. Опозицијата смета дека е некоректно да се трошат милионски суми за споменици во време на економска криза, а истовремено Општината да се задолжува за капитални проекти. Згора на се', потенцираа опозиционерите, тие не се согласуваат со одлуката за кредитот, бидејќи се убедени оти катната гаража нема економска оправданост првенствено што ќе се гради на неатрактивна локација.

„Во иднина, во близина на катната гаража, поточно, спроти зградата на МТВ ќе се изгради станбен комплекс, а и во околината има фирми чии вработени сега мака мачат со простор за паркирање, па сметам дека забелешките за несреќно избраната локација не се на место“, смета Тодоровиќ.

Според изработениот стратегиски бизнис-план за катната гаража, предвидено е таа да биде со капацитет од околу 500 паркинг-места со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор. Објектот, за кого постои идеен проект, е предвидено да има пет нивоа над земја, приземје и едно подземно ниво. Деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите ќе служат само за паркинг-простор. (Дс.Т.)






#
Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: Sime
Датум: 29.10.2010 12:21:30
Значи ќе се гради трговски центар со паркинг, а не катна гаража...
Од: Darko
Датум: 29.10.2010 14:49:52
Seslagam so sime - uste eden trgovski centar so sopstven parking...od 5 kata vo 3 ke bile delovni prostori. pa nema da ostane parking mesto ni za vrabotenite vo trgovskiot a kamoli za nekoj drug
Од: istomislenik na sime
Датум: 29.10.2010 23:38:15
Pa dobro be mozda sme siromasni ama daleku sme od glupavi, ako saka covekot da pravi trgovski centar neka kaze javno a ne da ne zalazuva ke pravel katna garaza a kako nejzin propraten objekt trgovski, kolku sto znam obicno e obratno, i ponatamu prodolzuvaat da me iznenaduvaat so inventivnosta.

Најди! во Утрински
Скопје
Ѓорче Петров ќе поправа улици на кредит
Зелено светло за албанските споменици
Нови животни во ЗОО






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries