Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Економија

Грција не се откажува од еврото, Папандреу повика на трпение

Лондон - Гувернерот на Грчката централна банка и член на Управниот совет на Советот на Европската централна банка, Јоргос Првопулос, порача дека Грција нема да ја напушти еврозоната наспроти големата финансиска криза во која се нашла, објави британскиот весник „Фајненшел тајмс“. Првопулос го наведува ова во авторскиот напис за ФТ по повод шпекулациите дека грчката влада, притисната од должничката криза, ќе мора да се откаже од еврото и повторно да воведе своја национална валута, со цел нејзината девалвација домашната економија да ја направи поконкурентна.

Тој не спори дека грчката конкурентност опаднала, но наведува дека тоа се случило затоа што Владата многу време потрошила кога економијата растела и кога требало да го елиминира јавниот долг. Големите проблеми во грчката економија настанале, според него, делумно и поради структурната неусогласеност, како што е недостигот од флексибилност на пазарот на труд.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу вчера ги повика фармерите да ги прекинат блокадите на патиштата и на граничните премини, бидејќи земјата моментно се бори со најтешка финансиска криза досега.

Илјадници фармери го почнале протестот со барање за зголемување на државните субвенции за земјоделството и за повисоки откупни цени на земјоделските производи. Во изминатите пет дена тие ги блокираа главните патишта и граничните премини кон соседните држави и поради тоа се изложени на притисоци од владата, која се обидува да го намали зголемениот буџетски дефицит. „Ги замолувам фармерите да бидат одговорни. Сите не' гледаат, довербата во нашата земја секој ден зависи од тоа што го кажуваме и правиме“, рече Папандреу во парламентот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 23.01.2010 03:34:24
Ekonomisti od Makedonija, dali mozete da ja naucite ovaa vazna lekcija od juzniot sosed? Grcija e 5-6 pati pogolema od Makedonija, ekonomski djin vo sporedba so nasata ekonomija. No tie navlegoa vo dlaboka finansiska kriza. Ne se konkurentni na evropskiot pazar? - A dali nekoj se prasal so sto nie ke konkurirame na istiot pazar? Dali nekoj ima idea? Ili rano e seuste da se razmisluva za toa. Neka ni davaat pari od nivnite fondovi, a nie znaeme kako da se spravime so tie pari- taka razmisluvaat nasite politikanti od kafanskite skoli niz provinciite, so Skopje kako najgolema kasaba (tursko malo gratce) vo zemjava.

Најди! во Утрински
Економија
За Хрватска 5.000 транспортни дозволи повеќе
Конечно, похрабро поевтинување на кредитите
Кој го минираше протестот на кафеанџиите
Сто милиони евра од ИФЦ за лошите пласмани во Источна Европа
ЕБОР