Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Економија

Кој го минираше протестот на кафеанџиите

Дел од објектите беа затворени, други, пак, нормално си работеа

Александрија Стевковска


Работиме утре - беше известувањето што можеше да се види на вратите на некои од кафулињата, кои вчера беа затворени за гости, но, затоа, пак, најавуваа дека денеска ќе бидат отворени. На други имаше само клуч на врата, без никаква информација зошто се затворени. Откажани средби за пиење кафе, дезориентирани луѓе кои не знаат каде да седнат со пријателите, беа одлика на вчерашниот ден. Причината за одлагањето на кафе-муабетот беше протестот на угостителите, кои преку затварање на локалите сакаа на власта да и' го демонстрираат незадоволството од целосната забрана за пушење.

Но, не беа сите затворени, па тука и таму имаше и по некој штрајкбрехер, односно објект што беше отворен за посетителите. Во глобала, протестот на угостителите вчера ја покажа поделеноста на луѓето од овој сектор, кои се единствени во осудата на Законот за заштита од пушењето, но разединети во јавното изразување на тоа свое незадоволство.

Револтот на угостителите заедно со снегот вчера навеа триесетина сопственици на кафулиња со кафе и цигара во рацете на плоштадот за да ја изразат својата осуда од ригорнозниот Закон што стапи во сила пред 20 дена.

Присутните на собирот обвинија дека голем дел од угостителите во Скопје, кои, исто така, членуваат во Туристичко-угостителската комора, во последен момент ја откажале довербата и ги отвориле своите кафулињата.

Организаторите на протестот посочија дека сопствениците на објектите што биле најгласни во иницијативата за протест, вчера најрегуларно си ги отвориле своите кафулиња. „Сите беа да се поддржи протестот. Им благодариме што прво се согласија, а потоа се премислија и нека им служи на чест“, им порача на своите колеги Дарко Данилов.

Од Комората не знаат дали станува збор за политички притисок или не, но се изненадени од одлуката што во последен момент ја донеле нивните колеги. Сепак, неофицијално дознаваме дека се вршел голем притисок со закани од инспекциски посети врз кафанџиите за да не го поддржат протестот.

Угостителите сметаат дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за олабавување на забраната за пушење е добр��, но не и доволна. „Апелираме до Владата да најдеме заедничко идејно решение, а не парцијално какво што понуди пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а кое се однесува на период од неколку месеци“, изјави Феркан Бербери од ТУК. Во врска со одѕивот на протестот, од ТУК информираат дека на ниво на цела држава 70 отсто од локалите се одѕвале на протестот, но потврдија дека дел од локалите од различни мотиви работат вообичаено. Од Комората највуваат дека в понеделник ќе се решава за натамошните чекори.

Угостителите го најавија штрајкот уште минатата недела. Реагираат на ригорозниот закон за пушење. Некои од нив најавија отпуштања, а некои веќе избркаа дел од персоналот. „Ние не сме против забраната за пушење“, порачуваат угостителите, но бараат некое друго пофлексибилно решение. Оние што вчера се побунија против владиното решение за целосна забрана на пушењето, остануваат на ставот за промена на Законот според шпанско-португалскиот модел, во кој 70 отсто од локалите ќе биде наменет за непушачи, а 30 за пушачи.

Тие тврдат дека во изминатите 20 дена од примената на Законот се соочуваат со сериозни тешкотии во работењето и оти според нивните процени, прометот е паднат од 40 до 70 проценти поради што се принудени да отпушаат и вработени.

Наспроти најавите на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување иницијатива за менување на Законот со варијанта да биде дозволено пушењето на терасите и летните бавчи од 1 март од 30 октомври, Владата засега најавува дека нема намера да го ублажи Законот за заштита од пушењето. Според владиниот портпарол, Мартин Мартиновски, информациите што се пласираа дека Владата како последица на реакциите на угостителите решила да го ублажи Законот за заштита од пушењето, не се точни. „Најверојатно станува збор за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој пред неколку дена зборуваше пратеникот Влатко Ѓорчев. Владата нема никаков предлог за измени на Законот“, тврди Мартиновски.

За Македонско-туристичката заедница која ја поддржува иницијативата на ТУК за измена на Законот за заштита од пушењето, најдобар модел што може да се примени е белгискиот, кој предвидува пушење само во барови каде што не се служи свежо приготвена храна. Оттаму сметаат дека во објектите помали од 50 квадратни метри треба да биде дозволено пушење, а во поголемите локали да постои посебна просторија за пушачи, која би опфаќала 60 проценти од вкупната површина.

Додека битолските угоститлеи на Широк сокак вчера нормално си ги отворија локалите, охридските угостители се придружија кон протестот против Законот. Сопствениците на рестораните и кафулињата утрото воопшто не ги отворија своите локали, а се очекува на ист начин да постапат и нивните колеги, сопственици на ноќни клубови и дискотеки чиј работен ден започнува во вечерните часови. „Прифаќаме ограничување на пушењето во угостителските објекти, меѓутоа на начин како што е уредено во соседните, па и европските држави што е прифатливо и за нас“, вели во име на Здружението на охридските угостители „Охридски еснаф“ од Охрид, Драган Битраковски.

Според охридскиот угостителски еснаф, во првите денови на јануари годинава во споредба со истиот период лани прометот на угостителите е намален двојно, па дури и повеќе.

Со предлог-измени на Законот на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува пушењето да биде дозволено на тераса и во летни бавчи на угостителските објекти, во периодот од 1 март до 31 октомври. Иницијатива за измена на Законот поведе и СДСМ. Тие предлагаат сопствениците на угостителските објекти со големина до 100 квадратни метри сами да определуваат дали објектот ќе биде за пушачи или за непушачи, а во поголемите сопствениците да имаат право да обезбедат посебен дел за пушачи.

За непочитување на Законот, пушачите треба да платат глоба од 150 до 300 евра, а казните за непочитување од угостителите и фирмите се од 2.500 до 4.500 евра, додека за одговорните лица е од 100 до 300 евра. Предвидено е и затворање на објектот во траење од 30 дена.


#
Статијата е прочитана 2366 пати.

Испрати коментар

Од: Nepusac
Датум: 23.01.2010 00:26:43
Kakvi protesti abe kafandzii edni prosti? Dosta so uceni!! Odete malku vo razvieniot svet i videte sto se slucuva! Dojdete kaj mene vo Singapur prosti edni i ke videte sto e drzava!Dosta gi terorizirate site nepusaci! Bravo za vladata-Zakonot da se sprovede celosno i da nema pusenje vo zatvoren prostor voopsto-Dali e bar,casino,restoran,shopping mall,javen transport,vo kola so deca,otvorena "letna bavca", javen sobir itn. Stavete ednas kraj na privitizmot narecen pusenje!!!
Од: Goran
Датум: 23.01.2010 01:09:05
hahaha... Ugostitelite se silni so zbor ama ko ke treba da se demonstrira na delo nigde gi nema... ocigledno zakonot e dobar :)
Од: Е ова е пушење
Датум: 23.01.2010 03:24:28
Законот каков што е, не треба да се менува туку само да се применуува. Народот го подржува законот,Газдите на кафулињата и дискотеки само се залажуваат дека нема да ги отворат локалите оваа ноќ за да заработат профит од 50 000- 100 000 денари. Би било интересно како сериозни дуќанџии да се договорат ЦЕЛ еден месец да не работат. Па народот да им фаќа сеир. Профитот со политика не оди. Затоа работеа. Законот може да се дополни со забрана за продавање на цигари на малолетници (под 18 год) и со други мерки кои ќе допринесат против пушење.
Од: Gele
Датум: 23.01.2010 03:49:02
Dosta bese makata na nepusacite,nikoj ne gi prasuvase dali sakaat da vdisuvaat otrov ili ne sakaat.Toj sto saka da pusi neka pusi ama da ne go primorava toj sto ne saka da pusi da vdisuva cad.Bravo za zakonot,cel svet taka funkcionira,i nikade ne ima otpor od ugostitelite.Sekoj ima pravo na izbor,demokratska drzava sme,koj saka neka si go skratuva zivotot so cigarite no ne mu go skratuvajte na onie koi ne sakaat.
Од: Виктор
Датум: 23.01.2010 03:52:19
„Најверојатно станува збор за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој пред неколку дена зборуваше пратеникот Влатко Ѓорчев. Владата нема никаков предлог за измени на Законот“, тврди Мартиновски. - Добар виц еј, ми се допаѓа, стварно се згазив од смеење.
Од: Sase
Датум: 23.01.2010 04:28:38
Strajbrekeri se onie koi deneska ne gi otvorile kafanite .Ovde vo Kanada pusenjeto vo zatvoreni prostorii e zabraneto bez razlika dali se raboti za kafic ili kancelarija.. Dodeka se vozite vo sopstvenoto vozilo so maloletno dete ne e dozvoleno pusenje i si dobivate kazna.. kamiondziite ne smeat da pusat vo svojot kamion zosto kamionot se smeta za rabotno mesto. Smeete da pusite doma ako ste vo zgrada no ne vo hodnikot na zgradata. Vo kafic moze da pusite nadvor na letna terasa ako nema od strana zidovi da moze da cirkulira vozduh Vnatre moze da se pusi vo barovi ako se naodzate vo staklena soba i klimatizirani itn itn , Sekojj go postuva zakonot a kafanite se polni .Sega nekoj tamu se nasol i demek ce zatvorel ako nemalo pusaci glupost,,Inaku sum strastven pusac i pusam nadvor na minus 40 stepena i ne mi smeta ..navika si e navika
Од: Goran
Датум: 23.01.2010 08:02:12
Nisto cudno, nisto nevoobicajeno pri ovoj strajk na ugostitelite....Pa i tie se Makedonci, a kaj nas se znae, za se' kade sto e potrebno edinstvo, na videlina izleguva "makedonskiot sindrom", - drugite neka napravat i manifestiraat, jas ne.... Izgleda ne ceka sudbinata na dinosaurusite...ili ke iscezneme, ili ke se pretopime vo drug vid....
Од: Evropeec
Датум: 23.01.2010 09:38:52
Sramota "ugostiteli" so nezavrsena osmoletka se bunat za zakonot.Da ne spomnuvam zatajuvanje na danok i neprijaveni rabotnici koi gi maltretiraat po 10 saati sedum dena vo nedelata. Edinstven proekt na vladata sto zasluzuva 100% podrska.
Од: film
Датум: 23.01.2010 09:54:03
Zakonot e odlicen I ubavo e cuvtvoto posle grad koga kosata I kosulata mirisaat na parfemot sto go koristite namesto smrdeata na cigari na nekoj sebicen pusac.
Од: igor
Датум: 23.01.2010 10:01:54
Им паднал прометот на угостителиве бе. Леле за греота, сега нека направат едно кафе 200 денари, за да ги надокнадат парите. И нека трча проста маса да пие кафе на Кеј, да им ги пуни џебовите на лакомите створења.
Од: deljan
Датум: 23.01.2010 10:05:11
gospodine Nepusac osigledno si narkoman koga se obrakas na treti lica preku javen servis so navredi, i razberi deka ima mnogu pusaci vo svetot koi gi vregas. A vie gospodo ministri ako sakate zdrava nacija zabraneteja prodazbata na cigarite, vie otkazetese od akcizite a na tutunarite otazete mu ja premijata, pa togas barajte od pusacite da nepusat. Sekoja cest na protestot i podrska od mene, za zal i megju vas ima predavnici i petkolonasi, zatoa Makedonija si strada od navek i posledna stana drzava.
Од: pusac
Датум: 23.01.2010 10:11:37
normalno deka za tebe kako pusac ke ti odgovara, i na site ostanatite nepusaci, ali ova sto vladata go pravi e diskriminacija. Ti vo Singapur sedi si ako ti e dobro, i nemoj mnogu da mi gi sporeduvas singapur i Makedonija
Од: makedonec
Датум: 23.01.2010 10:39:00
Ne mi je jasna edna rabota zosto se bunat za pusenjeto zivejam vo svedska koga stapi vo zakon na nepusenje samite pusaci a ne reoja a makedonija odam na svadba primer i jas sum pusac jadenjeto sto fo jadime za rucek nenam go frlam jas jadam 10 na masa mi pusat aj kazete vie koje e meriloto.
Од: mkd
Датум: 23.01.2010 11:03:49
Ocigledno im e slatka parata. Realno za mene e prifatlivo pusacite da pusat na otvoreno (na terasite ili pred kafici) a nelogicno mi e toa da vazi lete a ne zime.Ako saka toj da se mrzne i da izleze nadvor zosto da go sprecuvas. Vo zatvoreno treba da e ZABRANETO pusenjeto osven ako ne postoi prostorija strogo nameneta za pusenje i ne e pogolema od 20-30% od celinata i ima sistem za provetruvanje. Vo Slovenija vo lokalot ima del ograden so Staklo kade se pusi a realno ludjeto se gledaat i taa fizicka bariera e premostena.
Од: batka
Датум: 23.01.2010 11:09:33
Bravo za Ohridskite ugostiteli,a Skopjanistata se pokazaa vo vistinska smisla so prefiksot - P.
Од: intelekt
Датум: 23.01.2010 11:47:09
ma ajde vi se molam,kako ne vi e sram!(ova se odnesuva na odlukata na "vladata")!!!demek se ni e sredeno pa ostanaa cigarite!!sramota!a deponijata vo tetovo?a jabolksata sto propadnaa vo resen?a topilnicata vo veles?!sramno!
Од: Singapurcanec
Датум: 23.01.2010 13:21:08
Dragi evropejci i singapurcani proshetajte po Europa z spokojno zapaleta cigara vo objektite niz :Avstrija,Germanija,Svajcarska ... ovaa so pushenjeto pomina edinstveno vo italija a znaete koj e lider tamu ...
Од: БЦ
Датум: 23.01.2010 13:41:10
Закон за 22 век, а некој сака да го минира. Срамота! Наместо тој да се заостри и со казни да се опфатат и граѓаните кои, без трошка патриотизам, одат по кафеани во државите од соседството и се подигруваат со Законот. Со ‘Пушим, пијем пиќе и мезим ќевапќиќе‘ Кумановци одат во Србија, а оттаму кафанџије ја поздравуваат Македонија со ‘Затворите све кафане‘. Треба да се постават инспектори со апаратчиња на границите, а на граѓаните да им се забрани пушење во странство.
Од: KIRE
Датум: 23.01.2010 15:09:50
Pazete ne e samo do pusenje ili nepusenje nego e kontrola vrz narodot , bi trebalo da se akomodira za site , a vie falbadziite od nadvor kako Kanada ne tuku tropajte samo te prasuvam dali mozes da si dozvolis da pusis skapi ti se cigarite isto i Avstralijancite nemate zbor na ovaa tema sto se slucuva vo MK
Од: Saso Germanija
Датум: 24.01.2010 12:29:04
Vo Germanija zabranata mina bezbolno.Gazdata na kafuleto kaj odam napravi baska "kafez" od staklo za pusaci i mojot prijatel odi tamu da ispusi cigara i se vrakja na masa kaj mene.Germancite postuvat zakon a nasi primitivni i inaetlivi vo Makedonija pravat protesti.Placete da ste gladni lazovi, a kaj pari za cigari? Nie od dijasporata na godina nosime(trosime), taka velat statistikite, nad milijarda evra, ama veke ne klajme vo banki oti pak ke ni gi ukradete("zamrznete").

Најди! во Утрински
Економија
За Хрватска 5.000 транспортни дозволи повеќе
Грција не се откажува од еврото, Папандреу повика на трпение
Конечно, похрабро поевтинување на кредитите
Сто милиони евра од ИФЦ за лошите пласмани во Источна Европа
ЕБОР