Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Нови книги

„Елеганцијата на ежот“ Од Мириел Барбери, „Три“, 346 страници

Во огромниот хит на француската писателка, самоуката куќна помошничка Рене во една елитна париска зграда ужива во магијата на уметноста, филозофијата, музиката и јапонската култура. Во истата зграда живее и богатата дванаесетгодишната Палома заситена од животот, која неуморно чита манга-стрипови, наоѓа утеха во јапонските поети и го презира целото семејство. Јапонскиот бизнисмен Озу се вселува во зградата и, како и Палома, ја насетува скриената префинетост на куќната помошничка. Низ едноставна нарација, овој роман ве води во светот на богаташката извештаченост, интелектуалните клишеа и надмените сопственици на кучиња со педигре, и ги возвишува тивките победи на ненаметливите меѓу нас.

„Последната конкубина“ Од Лесли Даунер, „Култура“, 528 страници

Растејќи во планините на селска Јапонија, Сачи отсекогаш се чувствувала поинаква. Кога имала 11 години, низ селото поминала царската принцеза, ја зела и ја однела во женската палата – дом на три илјади жени и само еден маж - младиот шогун Сачи, и е одбрана за негова конкубина. Но, Јапонија се менува. Црни бродови дошле од запад и донеле странци кои сакале да ја освојат земјата. Кога ќе почне граѓанската војна - 1865 година - Сачи ќе мора да бега за да го спаси животот. Но, не мора да ја открие и тајната на своите корени – тајна толку голема што се заканува да ја уништи.

„Моќта на шармот“ од Брајан Трејси и Рон Арден, „Макавеј“, 251 страници

Може да научите да бидете пријатна, дружељубива, привлечна и шармантна личност само со применување на некои од комуникациските методи и техники кои ги користат повеќето влијателни и моќни лу��е во светот денес. Цо дознавањето на едноставната вистина за шармот и со применувањето на техниките кои следат, можете значително да ја подобрите ефикасноста и задоволството на вашата комуникација со сите, почнувајќи од вашето семејство ... Ќе бидете поуспешни, ќе заработувате повеќе пари, ќе бидете унапредени побрзо, ќе продавате повеќе, ќе преовладувате во повеќе преговори и ќе бидете поубедливи и повлијателни со секого што ќе го сретнете...

„Зборорамниште“ Од Владислава Спироска, „Светски релации“, 203 страници

Најновата поетска збирка на Спироска се состои од три целини, групирани околу неколку заедничките тематско-мотивски стожери. Поетските остварувања од кои е составена првата целина „Светлозборје“, главно се сосредочуваат на патриотските, односно родољубивите теми и мотиви, во втората целина, „Љубовни бисери“, експлицитно се навестува дека доминантна преокупација на лирскиот субјект е љубовниот порив кон саканата личност, додека во третата „Македонско интермецо“, застапени се мотивите присутни во двете споменати целини, со тоа што во неа се среќаваат и песни во кои Спироска води дијалог со неколкумина познати личности, пред се од книжевниот свет.






#
Статијата е прочитана 375 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 03.09.2010 09:39:30
Koj e preveduvacot na prvite dve knigi? Bez nego tie ne bi postoele na makedonski.

Најди! во Утрински
Култура
Македонска поетска антологија ќе се печати во Ерменија
„Кралот умира“ ќе го отвори МОТ
Септемвриска изложба на учесниците на „Мал битолски Монмартр“
Златна плакета за КУД „Гоце Делчев“ во Италија
Прва poetska збирка од Фросина Наумовска
„Блесок“ ќе промовира европска е-ревија