Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

15 минути пратенички стаж

Коалициските партнери се договорија: нема смена на директорската позиција во Управата за јавни приходи

Светлана Унковска


ДУИ, најверојатно, нема да ја добие директорската позиција во УЈП, а се' помали се шансите да ги освои и клучните позиции во МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за јавна безбедност. Владата на заминување, на седница минатата среда, го именувала поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски, на истата функција. Владиниот портпарол, Мартин Мартиновски, ни потврди дека Трајковски бил именуван како в.д. директор поради тоа што Владата во овој период функционира како техничка и нема право да именува функционери. Трајковски најверојатно ќе биде вршител на должноста прв човек на УЈП за да се надмине овој вакуум-период до формирањето на новиот владин кабинет, кој потоа ќе ги назначува носителите на државните функции. Тој и самиот изјавил дека останува во Управата за јавни приходи.

За Трајковски се шпекулираше дека е можно да седне во министерската фотелја во МВР, а потоа тој самиот тврдеше дека останува пратеник. Сепак, дознаваме дека од пратеничката функција се откажал веднаш откако Собранието, на конститутивната седница на 25 јуни ги верификуваше мандатите на пратениците. Отказот што Трајковски го поднел до парламентот е со датум од 25 јуни во 18,50 часот, така што може слободно да се запише во книгата на пратеници со најкус стаж.

Што се однесува до преговорите за кадровските решенија во министерствата и во другите државни институции, Министерството за финансии, дефинитивно, останува во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, но засега нема информации кој ќе го добие директорското место во Царина. Од партијата на Ахмети не сакаат да откријат како оди поделбата на директорските позиции, туку само велат дека разговорите со коалицискиот партнер за третиот ешалон на власта се' уште се водат.

И покрај тоа што ДУИ пред почетокот на преговорите тврдеше дека ќе инсистира на избалансирана распределба се покажува дека интегративците попуштаат пред преговарачкиот тим на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Извори од партијата велат дека преговарачкиот тим на ДУИ прави отстапки во добивањето на позициите за возврат да добие унапредување на употребата на албанскиот јазик, во втор службен јазик, што е најголемиот камен на сопнување меѓу двата коалициски партнери. Исто така се бара и враќање на поранешниот Закон на употреба на симболите, односно одредбите за употребата на знамињата, кои ги укина Уставен суд во 2007 година. ДУИ бара и затворање на хашките случаи преку автентично толкување на Законот за амнестија, како и некои точки од економски карактер.

Интегративците сакаат да посочат дека тие се задоволни од начинот на кој се одвиваат преговорите со нивниот партнер ВМРО-ДПМНЕ и од тоа колку министерства добиваат. Но, факт е дека ДУИ во идната влада ќе раководи со пет министерства исто колку што имаше и во претходниот мандат, но овој пат со ресори што имаат многу помал буџет во однос на претходните. За партијата на Ахмети било важно и тоа што ги добиваат позициите што се директно поврзано со интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО, како еден од врвните програмски приоритети на партијата. ДУИ го презема местото вицепремиер за евроинтеграции со што во идната влада врз нив ќе падне одговорноста за евроатлантски интеграциски процеси, кои се блокирани поради спорот со Грција.


#
Статијата е прочитана 2495 пати.

Испрати коментар

Од: Asan od Krivolaka
Датум: 06.07.2011 07:28:56
Ej vie od DUI nemojte da me razocarate. Vo vas veruvav deka nema taka lesno da se predadete vo pregovorite i deka ke zastanete na del od najvlijatelnite funkcii vo Vladata. Vo vas se vpereni ocite ne samo na Albancite. Drzte - ne davajte da ve izigraat oti vo lagite ne mozete da im se fatite ni na maloto prste. Bidte uporni i borete se.
Од: vizionar
Датум: 06.07.2011 10:14:39
Pa od koga vi komentirav deka DUI e zlo za site ve ne mi veruvavte.
Од: Коле
Датум: 06.07.2011 10:44:30
термин ‘вд директор‘ во постојната правна регулатива во Македонија не постои. Имаше во поранешните ЈУ закони, но сега - не. Второ: Кој Министер го потпишал решението за именување на Трајковски, кога сите досегашни министри се во оставка. И ако навистина такво нешто направиле, тоа покажува какви правни дунстери во суштина се и се‘ она што го потпишале во овој период е НЕВАЛИДНО.

Најди! во Утрински
На прво место
Стамболиски
Старите министри на владина седница
Отказите не се заради легален штрајк
Разделба на 4 Јули

"""