Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Старите министри на владина седница

Министрите во заминување и нивните заменици вчера одржаа редовна владина седница додека се очекува да се соопштат имињата во новиот владин состав. Засега е крајно неизвесно кој ќе се најде во министерска фотелја, а информациите од ден на ден се менуваат, иако постојано се вртат истите имиња за нови министерски фаци. Сепак, не е исклучено дека се можни и изненадувања и освежувања во новата влада. Владиниот портпарол Март��н Мартиновски вчера негираше дека стариот состав на Владата ја одржува последната седница, дообјаснувајќи дека мандатарот, поточно премиерот Никола Груевски, е оној што одлучува за новиот владин состав.

„Согласно со законот, и сега, како и во изборниот период, Владата имаше редовни седници. Со таа разлика што сега не се носат некои битни одлуки со фискални импликации, туку се разгледуваат тековни извештаи“, ни изјави Мартиновски.

Интересно е тоа што досега само еден министер, Антонио Милошоски, го замени министерувањето со татковство, односно одлучи да премине во пратеничките редови. Повеќето од министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добија нови пратенички мандати. Но, останува да видиме дали ќе бидат дел од новата влада или ќе прифатат други ангажмани. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1822 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.07.2011 07:36:27
Што е важно кои се учениците,со каков успех и од кои средини доаѓат,важен е класниот раководител,каков успех ке има класот.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 06.07.2011 09:03:26
Ne e bitno dali imaat znaenje ,,ucenicite,,vazno e da go pominat klasot i udobno ,,sedat,,vo klupite-foteljite.A, ,,uspehot,, ke go efektno izreklamirame po urnek na i so gebelsovi finesi!.Primer,vo nekoi sredni ucilista,po ,,ukazuvanje,,na direktori se popravaa slabi ocenki za da ima lazen uspeh!.Forma,bez sodrzina!.

Најди! во Утрински
На прво место
15 минути пратенички стаж
Стамболиски
Отказите не се заради легален штрајк
Разделба на 4 Јули

"""