|
|
|
|
|
|
Се трупаат факултети, каков е квалитетот?
Шангајската листа на универзитети, според министерот Тодоров, ќе каже кој факултет е најдобар, а кој помалку квалитетен
Жаклина Ѓорѓевиќ
Во Македонија постојат над шеесет факултети што имаат дозвола за работа, не сметајќи ја бројката на долгата листа на дисперзирани студии што беа отворени во помалите места. На веб-стран��цата на Министерството за образование и наука стојат наредени сите факултети што имаат акредитации или дозволи за работа, иако, според упатените во оваа проблематика, прашање е колку тие ги исполнуваат условите за работа и каков е квалитетот на образованието.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, вчера го промовираше новиот Одбор за акредитација и евалуација, тело од кое очекува „да ја стегне работата“ во високото образование. Тодоров покажа дека е сериозен во намерите и лани, кога просветната инспекција ги чешлаше приватните високообразовни институции, а некои беа и затворени. Дилемите за тоа кој факултет каков квалитет носи, според Тодоров, ќе се расчистат со листата на Шангајската листа на универзитети, која би требало да каже кој факултет е најдобар, а кој помалку квалитетен.
Новото тело, во кое, според законските измени се спојуваат двете тела, она за акредитација и за евалуација веднаш наиде на реакции кај стручњаците што велат дека постои конфликт на интереси во самото тело, бидејќи не може во исто време едно тело да дава дозвола и потоа да одлучува за неа. Ова стоело и во иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на законските измени од група професори, кои, меѓу другото, реагираат на формирањето на ова тело. Тие сметаат дека условите во кои работат дел од факултетите се под стандардите.
„Правните факултети во помалите места се кадровски неподготвени, необезбедени. Во некои факултетите што беа дел од дисперзираните студии се работи во импровизирани услови. Општествените науки се предимензионираа за потребите на земјава, а, за жал, приватните не отвораат технички науки, со исклучок на студии по информатика“, вели Тито Беличанец, поранешен претседател на Одборот за акредитација. Тој предупредува дека не постојат норми за сооднос на факултети според бројот на жители. Може, потенцира Беличанец, еден факултет да добие дозвола за работа, но никогаш да не профункционира, затоа државата би требало да ги провери дали ги исполнуваат условите за работење. „Доволно е да влезете на интернет и ќе видите колку наставници имаат“, потенцира тој. Беличанец додава дека ќе се намалува интересот за студирање на приватните универзитети каде што, според него, бројот лани беше преполовен.
Одборот, кој вчера имаше конститутивна седница, за министерот Тодоров треба да биде во функција на обезбедување повисоко ниво на квалитет. „Телото, во согласност со новите законски измени, има надлежности и во делот на надворешното оценување. Тоа ќе ги определува предметите што ќе бидат надворешно оценувани во рамките на секој факултет и тоа е една од позначајните надлежности. Одборот ќе може да одзема и акредитации“, вели Тодоров. Телото ќе брои 23 члена, од кои деветмина ќе бидат владини претставници, а другите предложени од разни институции. Деветтемина владини членови, нагласи Тодоров, нема да ја загрозат независноста на ова тело. Тој очекува дека со формирањето на телото ќе се намали просторот за манипулации.
Запрашан за квалитетот на факултетите што ги има во огромен број, министерот коментираше дека е несериозно „од нога“ да дава оцени на оваа тема. Но, затоа посочи дека организирале рангирање на универзитетите во земјава од страна на Шангајскиот универзитет, кој ја креира Шангајската листа на најдобри универзитети. Се очекува истото тоа да го направат и кај нас, а Тодоров најави дека рангирањето ќе заврши до 15 декември годинава. Коментирајќи новинарско прашање зошто универзитетот „Агнез Гонџа Бојаџиу“ добил акредитација за работа, а не профункционирал, тој одговори: „Такво нешто веќе не ќе може да се случува, бидејќи со законските измени Одборот има надлежност, најмногу на секои пет години, да врши повторно евалуација на квалитетот и начинот на извршување на работите на високообразовните установи. Ако оцени дека квалитетот е низок или не се исполнети законските услови за продолжување на функционирање на таа институција, ја одзема акредитацијата во рамките на тие пет години“, вели министерот. |
#
|
Статијата е прочитана 1418 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 18.06.2011 05:48:36 |
|
Se mi se cini, Republika Makedonija stana. kako i nekogasen Pristiinski Univerzitet,Vo Makedonija Sedumdeset Fakulteti????Pa i Najgolemite svetski Uniberziteti nemaat povece od 15 fkulteti, znaci,ovoj standar treba da go ima Republika Makrdonija so sedum Univerziteti???A,koi se tie??? |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 18.06.2011 09:18:25 |
|
So delumen isklucok na drzavniot univerzitet vo Skopje,site drugi narodski kazano se luk i voda.Mozam samo da pretpostavam kakov e kvalitetot na kadrite koi izleguvaat od tamu.Vprocem denovive procitav eden oglas za vrabotuvanje kade megju drugite uslovi se barase kandidatot da ima diploma isklucivo od univerzitetot Kiril i Metodi od Skopje!!Za zal na privatnite univerziteti ne se stancaat samo fakultetski diplomi,tuku i visoki naucni stepeni kako magisteri i doktori na nauki od kade se regrutiraat novi nastavni kadri za tie isti univerziteti!! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 18.06.2011 10:32:57 |
|
Kvalitetot e nikakov.Drzavniot univerzitet kako NEPROFITNA"organizacija"treba da nudi kvalitetno obrazovanie za potrebata na drzavata i drzavnite interesi.Vo praksa daleku sme od toa.Imame politicka ustanova koja namesto so nauka se bavi so politika.Privatnite univerziteti se PROFITNI organizacii na koj glavnata cel i me da stvorat profit za gazdata.I tuka namesto nauka,imame biznis koj se bavi so profit.Na zapad na "elitnite"privatni fakulteti im e zabraneto da stvaraat profit.Site pari i donacii koj se plakaat na univerzitetot se koristat za plati na profesori,se finansraat labaratorii, istrazuvanja...itn.Ednostavno,profit za"gazdite"nema.Nivna zadaca e da stvorat sposobni kadri,koj potoa na firmite i na drzavata ke i nosat profit.Kaj nas e seriozna rabotata so obrazovanieto.Dobivame eden kup"diplomirano"naselenie,a vo praksa stanuvame se ponepismeni.Naskoro site onie stranski firmi,fabriki,bolnici koj ke investiraat ovde,ke mora da si nosat strucnjaci,inzinjeri,lekari od tamu. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiril |
Датум: 18.06.2011 15:29:57 |
|
OVA STO SE SLUCUVA SO VISOKOTO OBRAZOVANIE NIGDE GO NEMA I NE LICI NA OBRAZOVANIE, DOKRAJ DEVALVIRANO, OMALOVAZENO. zAMISLETE, SE ZAPISUVAAT SITE SOFERI, CUVARI, CISTACI-CKI, KURIRI, NE SAMO TIE, TUKU NIVNITE MAJKI, TATKOVCI, PA VEKE IMAME I DEDO. ZAVRSUVAAT NE NAVREMENO, TUKU PREDVREME, NIKOJ TOA NE GO PROVERUVA, ZATOA I NIKOJ NE REAGIRA, ZNAEJKI DEKA KE MU BIDE ZA DJABE. DOKOLKU NEKADE ZAPNI KAJ NEKOJ PROFESOR I ZA TOA IMA LEK, VEDNAS ODAT NA STIPSKIOPT UNIVERZITET, VO ISTIOT DEN POLAGAAT I PAK SE VRAKAAT NA MATICNIOT FAKULTET, NO SEGA VEKE PRESKOKNUVAJKI GO PROFESOROT KOJ PRETHODNO NE GO PUSTAL NA ISPIT. TUKA SE VKLUCENI PROFESORI, DEKANI PROREKTORI I NA CELO SO AMIN NA REKTOROT. ZEMA DIPLOMA I STANUVA DIREKTOR. I NE E TUKA KRAJOT, PRODOLZUVA NA POSDIPLOMSKI STUDII, PO ISTIOT PRINCIP CELA FAMILIJA ZAVRSUVAAT I STANUVAAT M-R, NAJVEROVATNO POKASNO I D-R. OVA POCITUVANI NE SE ODNESUVA ZA EDEN, EDNA FAMILIJA, TUKU TOA E REDOVNA POJAVA NA SKORO SITE FAKULTETI NA BITOLSKIOT UNIVERZITETT.. |
|
|
|
|
|
|
Од: nula |
Датум: 18.06.2011 18:51:05 |
|
KVALITET NULA.Se otvaraat fakulteti vo sekoe selo za da se odlozi problemot so nevrabotenite. A utre koga ovie studenti kje zatropaat na vratite i kje baraat vrabotuvanje????? Neka mu ja misli togasnata vlada!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 18.06.2011 19:29:40 |
|
Што разбира македончето што е квалитет.Затоа ке имаме многу факултети кои ништо не вредат.Утре младите ке се чудат што да прават со стекнатите дипломи.Затоа ке си го гледаме Аце бабачкиот и трева и корења ке си јадеме.Важно е да се истакнуваме дека сме лажни патриоти а за квалитетот на животот и да не размислуваме.Што разбираме што е тоа квалитет.Со квантитет сами ке се уништиме. |
|
|
|
|
|
|
|
|