|
|
|
|
|
|
Кому му пречат демонстрантите?
Прво им ги гасеа светлата, потоа дека прават ѓубре кај Majка Тереза, а сега им велат - тука да не се собираат
Бојан Шашевски
На демонстрантите вчера не им беше дозволено да седнат на своето збирно место зад спомен-куќата на Мајка Тереза каде што се водат конструктивни граѓански дебати и се даваат понатамошни насоки за протестите. Тие, как�� и претходните дванаесет дена од мирните протести против убиството на Мартин Нешковски и полициската бруталност, повторно се собраа, но се појавија неколку лица што на дел од демонстрантите им порачаа дека, по налог на Министерството за култура, не можат да седнат на сцената. И на авторов на текстов му забранија да го постави велосипедот до локацијата наменета за трибини. Не сакајќи да влегуваат во расправии, протестантите мирно се тргнаа пред Домот на Арм и започнаа дискусија за новите активности.
Дел од присутните сметаат дека станува збор за уште една обична провокација за протестите, а други, пак, рекоа дека ова е јавен простор и воопшто нема основа за вакви забрани.
„Немаме добиено никаква официјална забрана да се собираме на ова место. На дел од луѓето им беше речено дека Министерството за култура наредило да не се седи на сцената поради ѓубрето што сме го правеле. Секој ден останувам до крајот на јавните дискусии и тврдам дека јас лично чистам и никогаш досега не сме оставиле смет зад себе“, рече Даут Бислими, еден од младите протестанти.
Неколкумина од демонстрантите велат дека, откако им биле гасени светлата за време на нивните ноќни дебати, сега некој се обидува со друга алтернатива за да ги избрка од локацијата.
Вработените и обезбедувањето во спомен-куќата на Мајка Тереза не сакаа да дадат конкретна изјава околу забраната за седење на сцената што е изградена заедно со објектот. „Доколку така рекле од Министерството за култура, тогаш обратете се таму“, рече еден од вработените.
Од Министерството за култура, пак, се оградуваат од каков било налог и инволвираност од нивна страна.
„Тоа е комплетна дезинформација. Ние немаме никакви ингеренции да забраниме такво нешто, односно не можеме да забрануваме пристап во урбанистичкиот дел од градот. Спомен-куќата на Мајка Тереза е посебна национална установа што си има своја управа и вработени што се грижат за тамошните активности и безбедноста на објектот“, одговори портпаролката на Министерството за култура, Анета Јовановска.
Протестите продолжуваат и натаму. Младите во петокот решија да го искористат пладневното собирање и да испечатат флаери за масовниот неделен протест што ќе започне во 12 часот, но и дополнителни копии од претставката со своите барања. Младите шетаа и им делеа летоци на слободните минувачи на улицата „Македонија“, просторот околу поранешен „Рекорд“, плоштадот, но и низ Старата скопска чаршија. Флаерите, на кои стоеше „Потребна ни е ваша подршка!“ и „Заедно сме посилни!“ беа испишани и на македонски и на албански јазик. |
#
|
Статијата е прочитана 1383 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: meri |
Датум: 18.06.2011 00:12:56 |
|
na kogo mu precat mladite??? pa a grujo & company, na kogo drug?
ne ocekuvaa deka maldite n ema povece da go trpat javaslukot vo mvr a i od posiroko vo vladata. sigurna sum deka medju niv ima i od tie sto glasale za companijata, no ubedena sum deka sega dlaboko zalat za toa. bi im poracala da ne odstapat i da istrajat vo svoite baranja.
od niv zavisi idninata na makedonija !
btavo omladino:))) |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 18.06.2011 00:18:53 |
|
Demonstrantite se banda huligani koi po povod eden NESREKEN SLUCAJ baraat linc so koj gnasen metod se dokazuvaat kako posvirepi od ubiecot koj so sekoj izminat den poprima se poveke simpatii. Ne sum ocevidec i ne sakam da si ja gresam dusata no treba da se ima vo vid i toa deka nekoj mora da bide DOOOBRO naluten za da bide zbesnat i taka da odreagira. Profesionalecot trebalo da go kontrolira temperamentot no ima takvi cinici koi slobodata ja zloupotrebuvaat za da zbesnuvaat nekogo komu isto taka mu go upropastuvaat zivotot i del od nego da pomine vo zatvor. |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар |
Датум: 18.06.2011 00:55:16 |
|
3G, не ми се верува што си напишал! Каков нечовек треба да си за да претепаш некого до смрт? Каков нечовек треба да бидеш за да криеш 2 дена убиство? МВР треба да ги објави имињата на соучесниците, а Јанкуловкса и Котевски треба да си поднесат оставки за лажење! |
|
|
|
|
|
|
Од: Павле |
Датум: 18.06.2011 00:56:08 |
|
Дефинитивно треба да им се придружиме на децава и да им дадеме целосна подршка. Ако не за друго само заради луѓе како коментаторот што се потпишува со 3Г. Пораката на неговиот коментар е следна: Немојте да не нервирате бидејќи и вие ќе завршите како несреќниот Мартин. |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 18.06.2011 02:51:26 |
|
Мене ми пречат демонстрантите! Идиотот е во затвор и што сакаат сега. Да не треба и Претседателот да поднесе оставка заради несреќниот случај. Јас не видов демонстрантите да дадоа можност и време државата да си го одработи своето. Да не сакаат да ги линчуваме виновниците? На тоа ми личат демонстрантиве, сте гледале каубојски филмови, нели? Лешинари! |
|
|
|
|
|
|
Од: zelezara |
Датум: 18.06.2011 03:03:53 |
|
More malce vi e,kaj vi bese pametot na 5 |
|
|
|
|
|
|
Од: sovest |
Датум: 18.06.2011 05:54:24 |
|
Do ovie apasive sto pisuvaat demek e zavrsena rabotata. Prostaci, nikoj ne protestira za lincuvanje na ubiecot. Glavnata cel e rascistuvanje na ubistvoto do kraj. Ako nekoj se obiduva da sokrie ubistvo, togas i toj e soucesnik. Taka e po cel svet, ako ne ste znaele. Ako izvrtuvanjeto na prikaznata vi e partiska naredba, togas ok, ama ako stvarno go mislite toa sto go pisuvate, togas treba da pobarate strucna pomos. |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 18.06.2011 06:21:13 |
|
Site gi oslovuvaat so "MLADITE". Tie mladi imaat nad 18 godini i najverijatno glasale na minatite izbori. Da gi prasame za kogo glasale i ke go dobieme odgovorot, a ne da se prdstavuvaat od site nacii i sploteni. Tie se od OPOZICIJA i navestuvanje kako ke se deluva so NEostavkata na Branko. |
|
|
|
|
|
|
Од: do 3G |
Датум: 18.06.2011 08:10:02 |
|
Mizerija od covek!Bedniku,tebe treba li da ti se nacrta stom tolku ne sfacas nekoi raboti!Mladite baraat promeni vo postavenosta na sistemot i instituciite.Zarem ce ni bide poloso ako nekoi raboti gi postaveni na poianakva osnova i nikogas povece ne se slucat vakvi nesta.Daj boze i tebe da te se sluci vakva tragedija pa da vidam kako ce reagiras,platenicko partisko kuce sto lae a ne kasa! |
|
|
|
|
|
|
Од: трајко |
Датум: 18.06.2011 08:13:33 |
|
До 3G, извини ама поради твојот став во врска со протестите смени си го името под кое се јавуваш со О/нула/ да не згрешипш во читањето.Тешко тебе.Срамота. |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 18.06.2011 10:22:19 |
|
Nikoj nema pravo da im zabranuva da se sobiraat na javni mesta, no za zal toa mozi da go pravi nasata fasisticko, terotisticka i diktatorska VMRO-ovska vlada. Protestantite treba Pasko Kuzman da go ostrizan nularica za da zapamti toj licno a i ministerstvoto za kultura da ne pikaat nosovi kade sto ne im e mestoto. Na javnite mesta sekoj ima pravo da se sobira i zatoa se napraveni, ali nasive sakaat do pokazat sila, ne samo policijata tuku i nekoi drugi institucii. |
|
|
|
|
|
|
Од: do 3G |
Датум: 19.06.2011 01:40:05 |
|
samo ligus pokvaren kako tebe moze da rece deka takvo nasilstvo sto dovelo do zgasnuvanje na mlad zivot bilo nesreken slucaj glupak eden nepismen tolku si glupav znaci cudo nesto |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 19.06.2011 02:23:17 |
|
Vo ovoj tragicen slucaj ,najmalka politicka kazna ,e da si podnesat ostavka;Jankulovska i Kotevski,a posle Ministerkata Jankulovska i Kotevski,po gragjansko pravo, treba da bidat obvineti, kako; Soucesnici,po gragjanska dolznost,a ovde se raboti i za nesto pogolemo i povisoko na prikrivane,ili soucesnici na kriminalno delo,da bide zataeno!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Тони |
Датум: 19.06.2011 02:25:32 |
|
до 3G и USA...Вашите коментари се пристрасни и недоветни.Првиот ги нарекува младите кои протестираат- ХУЛИГАНИ, а вториот ПРЕТПОСТАВУВА дека гласале, па дека се поттикнати од опозицијата ...бла бла..Коментари без интелигенција и храброст....опортунистички.Потценување на сопствената младина.Као се е розево во земјата на грандиозните споменици...А они не гледаат а? |
|
|
|
|
|
|
Од: Do "mudriot "Kole |
Датум: 19.06.2011 09:43:00 |
|
Kole ! blazesiti na umot sto go imas. Mnogu lesno ce mozes da trcas i da prifacas se sto ce ti recat. Demek ubiecot( specijalecot) e faten i vo zatvor i sto sega ima da se demnostrira?! A toa sto Kotevski dva dena ne maftosuvase, toa sto MVR sakase da go zataska slucajot( sega se prasuvam kolku tajkvi slucaevi se zataskale) toa sto ako ne bese Facebook i Twitter,slucajot ce se sokriese, toa sto takvi "specijalci" so takva struktura na licnosta , agresija i siledjiski instikti gi ima polno vo Alfite i Tigrite i nikoj ne se sekira nikomu nisto. E ne e taka Kole za se si postoi odgovornost.Toj agresivec nekoj go primil na taa odgovorna dolznost, nekoj mu bil pretpostaven i trebal da ja sledi negovata rabota i ubilacka agresivnost Takvite ludje se podlozni na psiholoski testovi,kontrolni pregledi,a nekoj toa voosto nego smetal za vazno. Im bile potrebni samo muskulite i ubilackiot instikt. Pa ajde togas niz ulici za red i poredok da pustime ubijci i vucjaci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 19.06.2011 11:54:08 |
|
Навистина,многу сомнително е тоа што ѕверски убиениот член на ВМНЛО-Δ.Π.Ν.Ε. го бранат оние од СДСМ,а неговата партија и нејзиниот подмладок се здадоа во одбрана на неговите Егзекутори!Изгледа како да се работи за некаква тешка шпионска меѓупартиска афера во која „инсталациите на комунизмот и УДБ-а“навлегле во недопирливиот сектор на „најголемите патриоти“,па морале да бидат ликвидирани за да не му наштетат на оној кој никогаш не успеја да стане добар боксер!Очигледно е дека од него никогаш не може да стане ниту асолен премиер,а камо ли карактерен човек,штом се осмели едвај да изусти жалење и сочувство дури третиот ден,откако асасинаторот не успеа да го сокрие злосторот!И сега?!Одборот на Унијата на млади сили на ВМНЛО организира протести против оние кои бараат да се пронајдат одговорните за скривањето на ѕверското убиство!Причината небулозна-им се јавувале од Штабот на СДСМ и им кажувале како да протестираат!Лудило до бесвест,видливо уште на самиот влез во центарот на главниот град! |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonec |
Датум: 19.06.2011 14:04:19 |
|
Do 3G
Ako site policajci vo RM se vakvi profesionalci kolku ubistva dnevno bi imale
Profesionalcite reagiraat profesionalno i so ladna glava
Nema vo ubiecot ni P od profesionalnosta.
Imas li ti svoe jas, imas li nekakva moralna licnost vo Tebe
A za sipatiite kon ubiecot : KOJ sipatii TVOITE kon ubiecot
Koja navreda i provokacija kakva tezina moze da kaze edno momce za profesionalecot da go ubie grozomorno.
Kako 3 G da e mnogu blizok do UBIECOT
Nesreken slucaj. Ne e nesreken slucaj GROZOMORNO UBISTVO E. |
|
|
|
|
|
|
|
|