Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

ЕУ во контрола како ги трошиме нивните пари

Сакаме да се осигураме дека парите од европските даночни обврзници се соодветно инвестирани, велат од контролната мисија

Тамара Грнчароска



Европскиот парламент е во контрола на трошењето на европските пари во Македонија. Петчлена делегација на Комитетот за контрола на буџетот на ЕП изминатите два дена ја снимаше ситуацијата ��о Македонија околу алоцирањето на парите од ЕУ-фондовите во земјава. Иако водачот на тимот, Барт Стеис, изјави дека тие не се тука во инспекција, туку за да видат што се случува со финансирањето за ЕП да биде во тек и инволвиран во тоа, тој не испушти да потенцира дека има работи што уште треба да се направат, како што се реформите во судството и во јавната администрација. Иако констатираше дека е направен прогрес во делот на борбата против корупцијата, сепак, смета дека и таму е потребно да се продолжи со работа. „Сакаме да се осигураме дека парите од европските даночни обврзници се соодветно инвестирани, т.е. потрошени на проекти што се од корист за граѓаните на земјава“, изјави Дерек Воган, член на делегацијата. И Јоргос Ставракакис смета дека Македонија има капацитет за поголема апсорпција на средства од ЕУ и тоа во повеќе области и тоа мора да се искористи, особено во областите како што се социјалниот сектор и здравствената заштита. Претставниците од Комитетот во Македонија гледаат потенцијал за инвестиции, особено во областа на туризмот и во земјоделството.

За задоцнетото трошење на парите од ИПА-фондовите од страна на Македонија, членовите на делегацијата сметаат дека тоа е проблем со кој се соочиле повеќето земји во првите години од користењето на европската помош. Според Инес Ајала Сенедер, Европскиот парламент е свесен за тој проблем и поради тоа презема мерки за поголема флексибилност спрема земјите во тој период. „Свесни сме дека има застој поради кофинансирањето, апсорпцијата на парите, но ЕП е флексибилен и Европската комисија ќе работи со владата за да се подобри тоа“, изјави таа. Иако негираа дека поради задоцнетото користење на европските фондови земјава може да загуби дел од финансиите, неофицијално тоа беше потврдено, но со мала веројатност да се случи.

Стеис, исто така, негираше дека делегацијата е дојдена во Македонија поради наводите за злоупотреба на европските пари. „Ние не реагираме на шпекулации, туку ги информираме нашите институции што истражуваат и изведуваат заклучоци“, рече Стеис.

Споменикот на Александар Македонски не беше коментиран од делегацијата, освен дека тоа е „жешко политичко прашање“ и оти за тоа во наредните денови сигурно ќе се дебатира во ЕП. Околу тоа каде ги инвестира владата парите во земјава, тие сметаат дека е битно инвестициите да бидат во доменот на инфраструктурата и едукацијата на луѓето. „Мора да се имаат приоритети зашто тоа е добро за граѓаните“, рече Стеис.


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар

Од: k2
Датум: 18.06.2011 14:50:41
hahahah...pa togas ne im davajte pari na Grcite ako navistina se sekirate za vasite danocni obvrznici.....Licemeri....

Најди! во Утрински
Политика
Како почна сето ова
Кому му пречат демонстрантите?
Се трупаат факултети, каков е квалитетот?
Александар во извештајот на ЕК

"""