Големата награда за архитектура за зградата на училиштето „Нова“
Архитектот Влатко П. Коробар е добитник на големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за најуспешно реализирано дело во 2010 година за објектот основно училиште со градинка „Нова“. Според жири-комисијата, објектот на „Нова“ го карактеризира исклучително квалитетно осмислен микропростор за слободни активности на учениците, воведување дневна светлина во сите простори, ненаметлив ентериер и екстериер со примена на современи материјали. (Б.А.) |