Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Експлозија од вируси во амбулантите

Дневно се прегледуваат и по 100 деца со болки во грлото и покачена температура

Јасмина Јовановска

Грипот уште не затропа вистински на врата, но затоа вирусните инфекции веќе ги наполнија ординациите и чекалниците со болни што кашлаат и киваат. Цел на вирусите најмногу се децата, иако меѓу заболените има возрасни и хронично болни. Во ординациите на матичните лекари се обраќаат за лекарска помош по 20 пациенти со вирози, а во педијатриските амбуланти е калабалак, дневно се прегледуваат и по 100 деца.

Вирусите, како што велат педијатрите, засега најмногу ги напаѓаат децата од школската возраст, иако меѓу заболените има и деца од градинки. Кај помалите, меѓу една и три години, се јавуваат и најголемите компликации од настинките, кои за кратко време преминуваат во воспаление на белите дробови. Ова е причина за сместување на децата во болница. Но, лекарите смируваат, актуелните вируси не се од опасните, па предизвикуваат полесни симптоми.

„Децата со настинки најчесто се жалат на болки во грлото. Имаат температура до 38 степени, што е карактеристично за поблага форма на вирусни инфекции, кои минуваат од три до пет дена“, објаснува д-р Мими Апостолова, матичен педијатар во поликлиниката „Јане Сандански“. Таа потврдува дека во последните две недели евидентно е зголемена фреквенцијата на деца со вирози. Во нејзината амбуланта дневно се прегледуваат и по 50 деца. „Инфекциите како да доаѓаат во бранови. Ако минатата недела имаше повеќе помали деца од предучилишна возраст, сега оваа недела во поголем процент се деца од основни училишта. Најпогодени се децата зашто повеќе се изложени на блиски контакти и допири, а се и понежна категори��а. Така се шират и вирусите, преку воздух“, објаснува д-р Апостолова.

Терапијата е вообичаена, симптоматска - аналгетици и антипиретици за симнување на температурата, но ако настинката е појака и трае повеќе од три дена, може да се даде и антибиотик. Но, педијатрите ги предупредуваат родителите да не си играат сами лекари и да им даваат антибиотик на своите деца без консултација со лекар. Особено што антибиотикот што вообичаено му се препишува на детето во дадената состојба може да не му треба.

За олеснување на инфекциите и за побрзо закрепнување, лекарите советуваат да се внесуваат што повеќе течности, како и витамини во природна форма, преку овошја и зеленчук. Неизбежен е и витаминот Ц, за кој лекарите велат дека може да се внесува и до 1.000 милиграми дневно.

Околу десетина проценти од заболените со вирусни инфекции завршуваат со компликации на белите дробови, кои бараат болничко лекување, што не е нешто необично кога сезоната на вируси е во пон ек.

„Кај нас доаѓаат деца од цела земја и дневно прегледуваме и по 100 деца кај кои веќе настинката направила проблем и на белите дробови. Најголемиот дел од нив се задржуваат на болнички третман, па капацитетот станува претесен. Некои од од болните деца со полесна клиничка слика доаѓаат само во дневна болница и по примената терапија, се враќаат дома. Ова укажува дека итно е потребен нов и поголем објект за да можеме и да ги лекуваме децата, но и да ја развиваме дејноста“, нагласи д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле.

Грипот засега е во мирување. Од почетокот на сезоната заболеа 250 лица. По бранот на поголем број случаи на грип, на преминот од ноември кон декември кога и дневните температури беа невообичаено високи за овој период од годината, последната недела нема нови случаи, истакнуваат од Институтот за јавно здравје.


#
Статијата е прочитана 1773 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 18.12.2010 20:00:47
E sega da ne bide ova apel da nekoj ne se vakcinira ...ama ima nekoja cudna rabota ..pred tri nedeli se vakcinirav protiv grip i nemozam od toj den da se ratisam od kivavica zatnat nos i nekoja nedefinirana nastinka...More ne pomaga nitu caj nitu limon ..jas sum zdrav bolen...i se se mislam dali dogodina pak ke odam da me pelcaat...tesko ..!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Современа депонија ќе го спаси Полог од еколошка катастрофа
Големата награда за архитектура за зградата на училиштето „Нова“
Граѓаните смрзнуваат, МЕПСО се правда
Ќе се формира заедница на советници
УЈП отвори канцеларија
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links