Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Македонија

Граѓаните смрзнуваат, МЕПСО се правда

По последниот дефект, одделни реони во Тетовско немаа струја и по 17 часа

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - За нецели два месеца, Тетово и целиот долнополошки крај повторно се најдоа во мрак поради прекин во снабдувањето со електрична енергија. Напојувањето престана во четвртокот околу 14,30 часот. Првите реони на градот и некои села добија струја завчера околу 21 часот, но имаше и такви што беа вклучени во електросистемот дури вчера во утринските часови. Тоа значи дека одделни реони немаа струја и по 17 часа. Во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово вчера децата од првата смена беа ослободени од настава токму поради немање струја. Подоцна, според информации од теренот, снабдувањето е нормализирано.

И додека тетовци се смрзнуваат и ги трпат последиците од дефектот, МЕПСО има свое гледање на проблемот. Во вчерашното соопштение се вели дека Тетово и околината без напојување со електрична енергија останаа поради испад на 110-киловолтни далноводи (се мисли на двата далновода кон Тетово: Вруток-Полог-Тетово и Скопје-Јегуновце-Тетово - н.з.). Натаму во соопштението се кажува дека причина за дефектот биле влошените временски услови што предизвикале зголемена потрошувачка. Од МЕПСО појаснуваат дека дефектот бил отстранет завчера во 20,09 часот што не се совпаѓа со времето кога тетовци навистина добија струја. МЕПСО се правда дека далноводот од Вруток бил стар повеќе од 50 години, а истовремено признава дека опасност од испади постои и не може во целост да се отстранат. Од овие причини, најавуваат изградба на двосистемски 110-киловолтен далновод за кој ќе инвестирале три милиони евра. Сметаат дека тој преносен систем ќе биде со двојно поголем капацитет и ќе излезе во пресрет на потребите од електрична енергија за наредните пет до десет години. Така ќе се исклучеле и ризиците од испади и прекини во снабдувањето. Вакви ветувања МЕПСО даваше и при претходниот испад што се случи на 26 октомври годинава. И тогаш беше најавена инвестиција од три милиони евра и долгорочно решавање на проблемот, а еве за нецели два месеца повторно нов испад. И се' паѓа врз грбот на потрошувачите.

Прекинот на струјата посебно е проблематичен за здравствените установи, претпријатија што работат во смени, но и за граѓаните во колективните згради. Доктор Атила Реџепи, директор на Клиничката болница во Тетово, вели дека во системот биле вклучени завчера околу 21 часот, но во тој период биле одложени некои обврски спрема пациентите што не биле од итен карактер. Поради прекинот во снабдувањето со струја, тетовските претпријатија со сменска работа се судриле со проблемот за превоз на работници од работа до дома, бидејќи сите редовни линии биле завршени. Работничките се смрзнувале на температури и до 10 степени под нулата очекувајќи каков било превоз.

Во тотален мрак се нашле и повеќекатници во кои живеат болни, стари лица и деца, кои не можат да поднесат олку ниски температури. Тие не се во состојба да ги совладаат скалите кога лифтовите не работат. Овие два дена ќе вивнат и настинки како последица на дефектот. Повеќемина граѓани прашуваат како може за еден ден задоцнување во плаќање сметка да им се пресметуваат камати, а за оние што се задолжени да ги снабдат со електрична енергија, да нема последици.


Појаснување

Во вчерашниот број на „Утрински весник“ е објавена информација со наслов „Тетово во темнина“. Од МЕПСО велат дека новинарот не побарал информација од компанијата за прекинот со напојување со електрична енергија што се случи завчера во регионот на Тетово од 14,35 часот до 20,10 часот. Во информацијата пишува: „Стојановски изјави дека се работи за поголем дефект од оној од пред околу два месеца и дека не се знае колку време ќе биде потребно за Тетово повторно да се снабди со електрична енергија��. Од МЕПСО нагласуваат дека не станува збор за хаварија во електросистемот, туку се работи за испад на 110 кв далновод поради дефект предизвикан од зголемен конзум и влошени временски услови.


#
Статијата е прочитана 773 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.12.2010 12:48:32
Ако наплатуват камата на нередовно платена сметка,Редно е да им исплатат штета на ГРАЃАНИТЕ на кои им е направена штета.Од храна во фрижидери до смрзнувајне.

Најди! во Утрински
Македонија
Експлозија од вируси во амбулантите
Современа депонија ќе го спаси Полог од еколошка катастрофа
Големата награда за архитектура за зградата на училиштето „Нова“
Ќе се формира заедница на советници
УЈП отвори канцеларија
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links