Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес

Аце Коцевски беше на дофат да добие трет мандат уште во првиот круг, а сега почнува се' одново

Славица Ќучукова – Николова


ВЕЛЕС - Жестока битка за градоначалничката фотелја во вториот круг од локалните избори ќе се води во срцето на Македонија - во Велес. И за двете политички гарнитури Велес е многу важно место, за едните оти досега не владееле со него, за другите оти тој им носеше сигурна победа. Рововска борба ќе се бие за секој поединечен глас, оти можеби токму тој ќе биде пресуден дали прв човек на градот ќе стане Аце Коцевски, кандидат за градоначалник од ЛДП, поддржан од СДСМ и НСДП, или Горан Петров, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.

На овие избори Коцевски ќе го побара од велешани третиот мандат, Петров првпат ќе се обиде да стане градоначалник. По првиот круг и двајцата се убедени дека ќе седнат во градоначалничката фотелја. Коцевски смета дека предноста што ја имаше во првиот круг од 1.642 гласа во вториот ќе се зголеми, за Петров таа е достижна и е убеден дека во вториот круг ќе го порази Коцевски.

Двајцата градежни инженери ќе ја бијат битката за Велес со иста диплома, но со различни идеологии и политички концепти што треба да се стори за градот. Отворањето нови работни места ќе биде приоритет за Петров, но смета дека тие можат да се случат доколку се афирмираат компаративните вредности на градот во однос на другите општини, како што се стратегиската положба, близината на автопатот и аеродромот, реката Вардар како реципиент и електричната пруга. „Мојата политичка филозофија ќе биде да бидам градоначалник на сите, ќе ги повлечам сите тужби кои ги поведе градоначалникот пред Уставен суд за неговиот совет, ќе ја отворам општината за граѓаните, ќе воведеме бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе може да ги кажуваат своите проблеми, општината ќе и' стане активен партнер на Владата“, објаснува Петров.

В ели дека ќе ја направи општина Велес да стане посакувано место за бизнисмените оти ќе ги намали сите локални давачки, на инвеститорите ќе им ги промовира постојните и ќе изгради нови индустриски зони по течението на реката Вардар, а купувачите ќе ги ослободи од комуналии за градежното земјиште.

И за Коцевски врвен приоритет е намалување на сиромаштијата, односно решавање на невработеноста. Се надева оти општините во следниот период ќе станат помалку децентралзирани и ќе имаат повеќе пари. „Ќе ги доизградиме постојните и ќе изградиме нови индустриски зони. На местото на топилницата ќе изградиме нова зона за лесна незагадувачка индустрија. Локациите за индустриските објекти ќе ги продаваме по едно евро за квадратен метар, а странските и домашните инвеститори ќе ги ослободиме од комуналии. Ќе изградиме нови водоводни и канализициони системи, пречистителни станици, патишта и улици во повисоките делови на градот, пешачка патека до железниот мост, надвозник меѓу градскиот и младинскиот парк“, ветува Коцевски.

И двајцата сметаат дека треба да се подобри квалитетот на живеењето, но имаат сосема спротивни ставови. Коцевски смета дека Велес никогаш не бил поубав и почист, но вели дека секогаш може да се направи подобро. „Јас тврдам дека затоа што немам обезбедување, сам си ги пишувам говорите и не вработив партиски луѓе во администрацијата годишно на велешани сум им заштедил по околу два до три милиони денари“, вели Коцевски.

Петров смета дека во изминативе години Велес морал да биде поубаво место за живеење. „Ако некој е задоволен од сегашниот лик на градот, тоа значи дека има многу ниски критериуми за сопствениот град. Ние ќе го направиме Велес многу поубав, но не само на главната улица туку и во повисоките делови на градот“, вели Петров.

Коцевски ја имаше можноста на велешани да им се претстави на два големи централни митинзи, на оној на СДСМ и на оној на ЛДП, затоа што е заеднички кандидат. Петров во изборната кампања ја доби поддршката во Велес од речиси сите министри во Владата и премиерот Груевски. Петров вели дека на секоја демократска држава и' била потребна промена.

Велешани се поделени околу прогнозите кој ќе биде новиот градски татко. Едни сметаат дека ниту еден друг градоначалник кој досега го имал Велес нема направено повеќе за градот, други пак дека во Велес се граделе само тротоари и фонтани.

Во првиот круг од овие локални избори Коцевски освои 13.306 гласа, или 49 отсто од оние што излегле на гласање. Петров ја доби поддршката од 43 проценти од граѓаните кои гласале, или11.661.

 


Статијата е прочитана 542 пати.

Испрати коментар

Од: Мима
Датум: 30.03.2009 00:15:56
Овие денови нашиот убав Велес е тврдина која ВМРО-вците сакаат да ја освојатЈа донесоа цела Влада,па дури и премиерот.Со тоа само потврдуваат колку МНОГУ вреди Аце Коцевски,па Г.Петров не може сам да си ги мери силите.Од очај и не забележуваат дека велешани знаат да одберат ЧЕСНОСТ,ВРЕДНОСТ,КВАЛИТЕТ знаат да го одберат НАЈДОБРИОТ-АЦЕ КОЦЕВСКИ!!!
Од: citatel
Датум: 30.03.2009 02:21:26
Ace ne tepase za nekolku desetici glasa i dzabe im e na vmrovcinjata sekako ke gubat nema za so da se zalat na rabotata na gradonacalnikot, najdobar e od site u cela makedonija i ke pokaze narodot isto i na 5 ti april
Од: pink panter
Датум: 30.03.2009 07:04:42
Bitka za vlast megju 2 gradezni inzeneri vo Veles-a gradot izgleda kako deponija!!!
Од: natasa
Датум: 30.03.2009 08:45:45
definitivno Kocevski e povtorno gradonacalnik .ne mu trebaat za pobeda poddrska od ministri,napisani govori,garda obezbeduvanje sostavena od huligani,ne mu trebaat pravni sovetnici nitu pak bilbordi na koi pokraj kandidatot za gradonacalnik od vmro e i premierot.negovata rabota e potvrda za negovata pobeda pa zatoa ne mu treba da deli ni maici ni cadori ni trenerki i sto li ne.Ace za gradonacalnik
Од: Maja
Датум: 30.03.2009 10:59:45
do mima- A sto barase Sekerinska vo Sabotata vo Veles...go vide Gruevski pa se uplasi i da ne ostane pokuso i taa se proseta niz kaficite i falese samo Igor-Sema...i by the way jas togas za period od 9 godini prv pat go vidov Ace Kocevski vo zivo
Од: Марија
Датум: 30.03.2009 12:37:42
Е баш убаво кажано дека градот е како депонија. Само запрашај те се кој беше до сега на власт и кој имаше можност Велес да го претвори во едно убаво катче за живеење , а не како и самите што велите, депонија. Сега имате да можност да се изјасните , дали сакате Велес да си остане депонија како и до сега, или да направите промена и на корнилото на Велес да го ставите кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ, господинот Петров. Изборот е ваш.

Најди! во Утрински
Политика
Наместо ТВ- дуел, навреди и караници
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?
На истокот повеќе ништо не е исто
„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда
Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема
ДИК заврши со приговорите
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недостоен за претседател