Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема

Советот за радиодифузија смета дека со поднесените пријави успеале да воспостават ред во текот на кампањата

 

Светлана Унковска



Прекршочните пријави кои ги поднесе Советот за радиодифузија пред стартот на изборната кампања против неколку телевизии поради предвреме започнување на изборната кампања се процесуирани во надлежните судови. Постапките против А1, Алсат-М, Канал 5, Сител, Сител 3 и за тетовска Арт-телевизија се започнати, но досега се одржани само по едно рочиште, а конечна одлука се' уште не е донесена. Голем дел од раководствата на телевизиите сметаат дека неправедно се поднесени пријави против нив, бидејќи ниту периодот во кој се емитувала емисијата е дефиниран како предизборен, ниту пак, лицата кои се појавиле во одредена емисија официјално биле кандидати.

Претседателот на Советот, Зоран Стефановски, смета дека тие, како регулаторно тело со поднесените пријави успеале на некој начин да влијаат да се воспостави некаков ред, не само во предизборната туку и во текот на самата кампања, за што добиле поддршка и од шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во Македонија, Питер Ајкер, и амбасадорите на ЕУ и на САД, Ерван Фуере и Филип Рикер.

„Сето она што го направивме уште пред да започне изборната кампања очигледно имаше влијание да се воспостави некаков ред и се овозможи кандидатите и политичките партии да ги започнат изборите во поволни и еднакви демократски услови. Сметаме дека како регулаторно тело го положивме испитот, за што потврда добивме и од шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Ајкер, и амбасадорите Фуере и Рикер“, изјави Стефановски за „Утрински весник“. Тој рече дека на средбите со нив, Советот добил пофалби за коректно завршената работа и мониторирање на медиумите во текот на досегашниот тек на изборите.

„Ајкер ни рече дека искрено жали за сите безмилосни напади на кои е изложен Советот и дека вредности на резултатите е уште поголема ако се има предвид притисокот на кој постојано беше изложуван во текот на изборната кампања“, пренесе Стефановски дел од пораките на Ајкер. Тој за средбата со ��уере и Рикер рече дека од двајцата амбасадори добил безрезервна поддршка и дека ги поддржале одлуките на Советот.

„Генерална оцена беше дека во текот на кампањата бевме на висината на нашата задача и дека имаме голем придонес во спроведувањето мирни и демократски избори“, истакна Стефановски и додаде дека тој заедно со потпретседателот на Советот, Илир Ајдини, им пренеле на амбасадорите дека и за вториот изборен круг ќе важат истите правила за секого.

Но, со одлуките да се поведат прекршочни постапки за предвреме започната изборна кампања не се согласуваат телевизиите против кои се поднесени пријавите. Адвокатот на А1-телевизија, Луиза Стаиќ, вели дека е одржано првото рочиште, доставена е писмена одбрана и вели дека е оптимист оти пријавата ќе биде отфрлена.

„Не' обвинуваат дека во емисијата ’Фаци’ имало интервју со Љубе Бошкоски, но кога одеше таа емисија, тој се' уште официјално не беше кандидат за претседател и затоа мислам дека ќе го добиеме спорот. Не може да биде поднесена пријава против некој што не е потврден од ДИК како кандидат и секој што се појавува на телевизија би можел како и тој да биде потенцијален кандидат“, ја образложува својата одбрана адвокатката Стаиќ. На иста основа најавуваат дека ќе ја базираат својата одбрана и другите телевизии.

И главниот уредник на Алсат-М, Мухамед Зекири, рече дека се' уште немаат одлука по пријавата, но дека нивната емисија на која се емитувало интервју со Имер Селмани дадено за тиранска телевизија било во периодот кога тој се' уште не бил официјално кандидат. И сопственикот на тетовската Арт-телевизија, Артан Скендери, ни потврди дека судскиот процес е почнат и дека се' уште нема одлука, но и тој ја наведе истата одбрана.

 


Статијата е прочитана 264 пати.

Испрати коментар

Од: dbreak
Датум: 30.03.2009 07:58:45
Ama uopshte nema veze ova. Kakvi prijavi kakvi bakraci. Milion prijavi eden reshen slucaj nema. Jamo lelekat, skokaat so prijavi. PRAZEN OD. Verglaat u mesto. So pocit, Sitel Televizija (najgledanata demokratska televizija vo Makedonija i Srbija)
Од: Мариа
Датум: 30.03.2009 12:49:19
Браво за Сител има најреаен пристап на работите, на политикаа, на кампањата или со еден збор кажано на се што е поврзано со Македонија.

Најди! во Утрински
Политика
Наместо ТВ- дуел, навреди и караници
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?
На истокот повеќе ништо не е исто
Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес
„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда
ДИК заврши со приговорите
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недо��тоен за претседател