Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика
ДИК заврши со приговорите

Државната изборна комисија до вчераутро го заврши разгледувањето на приговорите од партиите од првиот изборен круг и усвои по три приговори од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и уште еден од ДУИ. До Управниот суд, пак, преку ДИК се поднесени 18 тужби, од кои девет се од Нова демократија, пет од ВМРО-ДПМНЕ, три од коалицијата на ВМРО-ДП - ТМОРО-ВЕП и една од група избирачи В.Ц. од Охрид.

СДСМ денеска ќе поднесе тужби за сите пријави кои ДИК ги одбил и тоа три за Демир Капија, четири за Долнени, седум за Кочани, 39 за Ѓорче Петров, 26 за Аеродром, по едно за Виница, Брвеница и Јегуновце. СДСМ ќе поднесе тужба до Управниот суд и за усвоените приговори на ДУИ за Маврово- Ростуше и на ВМРО-ДПМНЕ за Берово.

Со усвоените приговори од ВМРО-ДПМНЕ, ДИК ги поништи гласањата на две избирачки места - 2353 во Општина Студеничани и 0248 во Општина Македонски Брод. На изборното место во Студеничани, поради лошите временски услови и оддалеченост од еден километар до гласачкото место, жителите на Долно Количани не можеле да дојдат на гласање, поради што гласањето е поништено, додека во Македонски Брод бројот на гласачките ливчиња во кутијата не соодветствувал со бројот на излезените гласачи. Сепак, и покрај одлуката за поништување на изборите во овие места, Комисијата деновиве ќе одлучува дали таму ќе има прегласување.

По приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0259 во Македонски Брод е извршена исправка на бројот на неважечки ливчиња, каде што од вкупно 15 неважечки ливчиња, седум биле важечки.

Од поднесените приговори на СДСМ, ДИК прифати пребројување на гласовите на сите избирачки места во Тетово по кое е утврдено дека за СДСМ се изброени помалку гласови. Со ова СДСМ добива уште еден член во Советот на Тетово. (Св.У.)


Статијата е прочитана 300 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Наместо ТВ- дуел, навреди и караници
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?
На истокот повеќе ништо не е исто
Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес
„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда
Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недостоен за претседател