Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

„Достоинство“ го демантира Груевски дека ја одбиле неговата понуда

Претседателот на здружението, Стојанчо Ангелов, ги демантира тврдењата на премиерот Груевски

Светлана Унковска



Здружението на професионалните војници „Достоинство“ ги негира тврдењата на премиерот Никола Груевски дека тој се сретнал со нив и им понудил решавањето на нивниот социјален статус да го реализираат според хрватскиот модел.

Војниците тврдат дека сето она што го изнел премиерот Груевски во емисијата „Лејт најт шоу“ на Канал 5 не е точно, туку дека тие изминатиов период константно барале да разговараат со него околу решавањето на нивниот социјален статус, но тој ниту еднаш не се сретнал со нив. Здружението „Достоинство“ вчера ги повика и двајцата претседателски кандидати јавно да ги изнесат своите ставови за барањата на професионалните војници.

Претседателот на здружението, Стојанчо Ангелов, ги демантира тврдењата на премиерот Груевски, кој во емисијата рекол дека било разговарано со професионалните војници, туку напротив, иако барале средба со него најмалку десетина пати, тоа не им било одговорено ниту еднаш.

„Премиерот тврди ’седнавме со нив и им го понудивме хрватскиот модел’ . Тоа не е точно, ниту еднаш не разговаравме со премиерот и никој не ни го понуди хрватскиот модел. Дел од раководството на здружението беа на преговорите со Владата и ни беше даден предлог којшто беше полош и од постојниот закон“, вели Ангелов, според кого овој модел што го спомнува Груевски за нив е прифатлив.

„Премиерот тврди дека стои зад понудата за хрватскиот закон. Ние ја прифаќаме хрватската верзија на законот за посебни права на хрватските бранители. Доколку премиерот навистина си стои на зборот очекуваме по изборите да ја приспособат хрватската верзија за македонски услови и да ја изгласаат“, вели Ангелов. Според него, неточни се и тврдењата на Груевски дека законот кои го понудиле тие ќе ја чини државата најмалку 300 милиони евра годишно и дека нивните барања се поради тоа што војниците биле изманипулирани.

„Бројката што ја изнесе премиерот, според мене, е неразумна затоа што за 6 илјади бранители колку што не' има, секој од нас би добил по 50 илјади евра годишно или 10 илјади евра месечно, што е апсурдно. И тврдењата дека некој нас не' манипулирал не држат, па зарем ние изгледаме глупави да може некој да не' манипулира“, истакна Ангелов.

Тој ги повика двајцата претседателски кандидати јавно да се произнесат околу решавањето на статусот на професионалните војници.

 


Статијата е прочитана 863 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј - http://www.otpor.net.tf
Датум: 30.03.2009 00:08:16
„Законот кои го понудиле тие ќе ја чини државата најмалку 300 милиони евра годишно“ - па и нека ја чини! А колку ја чинат (на годишно ниво) рекламите на премиерот, триесет метарските споменици, поткупи на гласачите, армијата партиски тепачи... Колку?!!!
Од: citatel
Датум: 30.03.2009 00:23:42
kako ne im e jasno na narodot deka imame rabota so patoloshki lazovi.
Од: Kraker
Датум: 30.03.2009 00:37:06
Pa ve molam, zar se uste mu veruvaat na Gruevski, se sto zina se izlaza Gruevski. Ali sto da se pravi, dodeka ima ovci ke ima i Grujo koj da sisa. Redno e veke da se opametime i da go izbereme ona vistinskoto. Ne velam i SDSM i oni se ista sorta, a da ne zboruvame za malite partii (krlezi) oni samo da ja cicaat krvta.
Од: pravda
Датум: 30.03.2009 01:29:52
A zarem prv pat ke bide Gruevski da go laze vo oci sopstveniot narod,ama narod ko narod,kakvo trlo ke mu napravis vo takvo ke go cuvas
Од: Od preku bara
Датум: 30.03.2009 02:03:00
E dragi moi, konecno svativte so kakov populist, lazgo i infaltilec imate rabota. Zalno sto toa nasiov napaten narodec ne go svaka.No koga ke im zaigra i nim meckata na vrata ke se svestat, samo sto ke bide kasno. Mozebi veke ke ne nema.
Од: dedo dimo
Датум: 30.03.2009 02:20:29
Ah bre braka tolku pari ni vo USA ne dobivaat .Od kade ste vie ,da ne ste od Mars .Pa kolku e platata na eden raboten chovek .Vie koga stapivte vo armijata napravivte dogovor kazano vi beshe do 38 godini ili ne ,sto sakate sega .mora da si barate rabota .Pa koj mozit paraziti da plaka .Toa bogami go nema nikade vo svetot.Vie se sekirate za drugite shto nemaat ni edna chetvrtina od taa plata shto e barate vie?.
Од: Boban
Датум: 30.03.2009 04:21:48
Uste ednas se potvrduva deka nasiot premier ili Ovcarot e PATOLOSKI LAZOV! Kako drugo da se narece covek koj za ovie tri godini na vlast nema edna rabota koja ja kaza a da ne izlaza i toa bez trunka sram....\ Da gi spomnam samo 4-tirite stana koji majka mu od penziickata gi steknala i gi otplaca ...potoa nacionalnata platezna karticka ( sto e grabez bez presedan vo MK ) potoa Svedmilk i parite na stocarite i.....da ne nabrojuvam povece ...... Ne mi e jasno dali ima gjon namesto obraz Gruevski.....Sramno!
Од: Dostoinstvo
Датум: 30.03.2009 05:05:48
Gospodinot Gruevski,vleze vo oroto,politikata i go dobiva svojot kolac,no sega nemoze da izleguva kako sto predvidel i saka,i se potesko tone,se obiduva so lagi da se spasii!!Nema obraz covekot!!Mislam deka covekot zivee vo nerealen svet,zatoa gi potcenuva drugite,deka moze da manipulira so sekogo!!
Од: jimmy1
Датум: 30.03.2009 05:11:45
Pa ova nee prva a nema nitu da bide posledna laga od grujo. Ne lazi cel negov mandat. Ne izlazi za imotnata sostoja, za sostobata na drzavata, lazi deka sme demokratska zemja. lazi deka izborite se demokratski, ne lazi deka ne zaposluval po rodbinska i po partiska osnova, koga se gleda deka negovi rodnini zavzemaat vitalni drzavni funkcii bez nikakvo soodvetno obrazovanie. Do koga ke mu dozvilime da ne lazi, pa sirotiot za negovite lagi treba da bide vo Ginesovata kniga. Samo gledajte sto ke ne izlazi na 1vi April, na denot na segata.
Од: branitel
Датум: 30.03.2009 07:56:44
Greaota za lugeto shto ginea. Ama i toe znaat deka Pastirot gi laze i mami zaedno si negovite sledbenici. Da mozea i niv ke gi natepaa. Ama ne mozat, oti od branitelite ke go jadat podebeliot kraj. Pa se gi lazat. Do koga? Ne li im e stram. Se blizi krajot.
Од: Fenomen
Датум: 30.03.2009 09:53:31
Во секој случај Груевски е феномен кој би требало да биде предизвик за социолозите, философите, медицинарите и сличните професии. Во 1994 година, луѓето/гласачите, за жал, му поверуваа на К. Глигоров како на стар човек и „не го оставија сам“!? Својата грешка ја согледаа дури по 10-12 години. Во 2006 година, за жал, пак му поверуваа на Груевски како на млад човек, односно како на мало наивно дете кое „не знае да лаже“!? Сега веќе се поголем број луѓе согледуваат дека премиерот е всушност патолошки лажго! Една телевизија започна да ги регистрира „објектите“ во кои премиерот го постави камен темелникот и со тоа завршува нивната „градба“! Добро би било и останатите телевизии да се погрижат да ги информираат своите гледачи за неимарските „подвизи“ на манипулаторот!
Од: Trajko
Датум: 30.03.2009 12:25:56
Se gleda krajot na vlada so plemiel koj mnogu lazeeeee....Plemielot ke go ukrade i deteto na majka od race a ne pak da go tepa i sopstveniot narod.Toa e chovek koj misli samo za svojata familija,da si gi napolnat dzebovite i da fatat dzejnem.
Од: Марија
Датум: 30.03.2009 12:46:13
Условите кои војниците ги бараат не е реални , па Груевски нема волшебно стапче па секој што ќе посака да добие. Од кај да ги најде толку пари кои ќе ја чинат дршавата цело богатство кога толку пари државата нема. Има луѓе што немаат леб да јадат ,а овие постауваат услови. Ама не виделе полошо па затоа преку леб , бараат погача.
Од: bobi
Датум: 30.03.2009 13:24:22
zarem ne svakate deka bevte izlazani i 2001 godina .denes samo ja dovrsuvaat lazgata istite luge koj vi vetuvaa makedonija na makedoncite .denes se vo vlast so istite teroristi za koj rekoa deka nikogas nema da bidat vo vlast.Ednostavno go zloupotrebuvaat vasiot patriotizam uste od 90 godina.Ne ste krivi sto si ja sakate Makedonija ama naucite ednas deka se sto leta ne e avion
Од: Nina
Датум: 30.03.2009 15:49:22
Brat Ljube ve inspirira da demonstracii ??? Seto ova e samo vase maslo za da go narusite ugledot na Gruevski ama ne vi uspeva!
Од: Драги
Датум: 30.03.2009 17:39:01
Членовите на *ДОСТОИНСТВО*,кои нажалост се фрлени на маргините на општеството,кои ја добија војната во 2001 г.се понос на сите Македонци,веродостојни, и искрени,самосвесни и непоколебљиви,кои уште не КАПИТУЛИРАЛЕ.
Од: do koga so lagi
Датум: 30.03.2009 17:59:53
Covekot (Grujo) definitivno e patoloski lazgo. Kako ubedlivo kaj drugar mu Zelenko tvrdese deka se sretnal so Branitelite. Vprocem zar ne se uste svezi onie lagi za sredbite so Sefer, Bajden, ili onaa legendarna za Societe General koga pred nego i pred celata javnost Francuzinot mu rece da ne lazi.

Најди! во Утрински
Политика
Наместо ТВ- дуел, навреди и караници
Ќе има ли мотивација кај гласачите за вториот круг?
На истокот повеќе ништо не е исто
Двајца градежни инженери во решавачка битка за Велес
Прекршочните против медиумите процесуирани, казни нема
ДИК заврши со приговорите
„Официјална“ посета на Зоолошка во Скопје
Фрчкоски е недостоен за претседател