Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

ХАЛАЛ-рестораните за брза храна се множат во Франција

Продажбата на храна подготвена во согласност со исламските религиозни норми се покажа како успех

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Париз - Европската група за брза исхрана „Квик“ е број еден во Белгија и во Луксембург и број два во Франција, веднаш зад нејзинио�� главен конкурент, американската компанија „Мекдоналдс“. Во битката што ја водат двете компании со своите различни варијанти на хамбургери, „Квик“ успеа во почетокот на оваа и на крајот од минатата година да си направи убава бесплатна реклама. За „Квик“ се зборуваше насекаде, а се вмеша и политиката. Причината беше отворањето на осум експериментални ХАЛАЛ-ресторани. Од редовите на владејачката УМП се зборуваше за „комунатаризам“, ќерката на Жан-Мари Ле Пен - лидерот на Националниот фронт , Mари Ле Пен зборуваше за „државен скандал“, додека градоначалникот на Рубе каде што беше отворен првиот ХАЛАЛ-ресторан поднесе тужба против „Квик“ за дискриминација, која беше отфрлена.

По експерименталните осум ХАЛАЛ-ресторани во Франција, „Квик“ од 1 септември годинава во уште 14 други негови ресторани ќе служи само ХАЛАЛ-храна.

Одлуката на „Квик“ не е донесена од религиозна побуда, туку од чисто комерцијална во потрага по нова заработувачка. Откако експерименталните ресторани се покажаа вистински комерцијален успех, тие му дадоа нов елан на „Квик“, ситуиран на пазарот на брзо подготвен�� храна, каде што конкуренцијата е жестока. Порастот на продажбата во рестораните каде што се служеа ХАЛАЛ-сендвичи, достигна речиси100% и нивната посетеност беше удвоена, велат од „Квик“. Се проценува дека со продажбата на ХАЛАЛ-храна „Квик“ заработил 12 милиони евра и дозволил создавање на 25 нови работни места во секој ресторан. Според процените на групата, пазарот на ХАЛАЛ-храна во Франција треба да достигне 5,5 милијарди евра, односно двојно повеќе од биохраната, со годинашен пораст од 15%.

Вкупно 22 од 358 ресторани, колку што поседува „Квик“ во Франција, располагаат со потврда од религиозните власти дека го почитуваат религиозниот ритуал на колење на говедата, пилињата и мисирките, чие месо се служи во ХАЛАЛ-рестораните. Свинското месо повеќе не се служи во овие ресторани.

Изборот кој ресторан ќе стане ХАЛАЛ-ресторан, „Квик“ го направи откако ги анализираше бројките на продадени сендвичи. Односно таму каде што има многу повеќе продадено сендвичи со риба, пилешко и со говедско месо и многу мал број сендвичи со свинско месо и варијациите на продажбата за време на Рамадан. Десет од ХАЛАЛ-рестораните се во парискиот регион.

Одлуката на „Квик“ да продава ХАЛАЛ-хамбургери иако предизвика полемика во Франција, сепак, овој синџир на брза исхрана не е првиот што служи ХАЛАЛ-храна.

Во Франција има се' повеќе независни ХАЛАЛ-ресторани и сендвичарници, а треба да се знае дека целата храна што се служи во другиот американски синџир на брза исхрана КФЦ се ХАЛАЛ-производи. ХАЛАЛ-храната според одговорните на „Квик“, не треба да се смета за дискриминаторска, бидејќи таа нуди можност да се сподели заеднички едно јадење со пријатели муслимани. Сепак, во „Квик“ не кријат дека очекуваат повторно распалување на полемиката во моменти кога во Франција во политичките дискусии расте нетрпеливоста спрема странците.


#
Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар

Од: Тони
Датум: 02.09.2010 08:51:07
Нека, нека. Само напред французи! Млади сте, ќе научите! Продолжете така, па еден ден ние селските Балканци ќе натакнеме на глава плави шлемови и ќе ви дојдеме да ве раздвоиме на две „пријателско-непријателски“ страни и ќе изиграваме плави к...... (презервативи), како вие кај нас, нели! Само продолжете да ги слушате вашите англосаксонски империајлистичко-нацистички бандити од Америка и Англија и таквите како ГОЛЕМИОТ ВАШ ДЕМОКРАТ - НАЦИСТ Кушнер!!! Само напред, па ќе се намножат „демократски“ и новокомпонирани млади перспективни држави и на ваша територија!!! Така, ние со искуство од пишување и прифаќање на глупости како што е рамковниот договор, ќе можеме да ви дадеме сесрдна помош во пишувањето на слични демократизаторски акти во вашата славна Франција.
Од: jovan
Датум: 02.09.2010 09:02:07
Doprva vo Evropa ke im "raste" netrpelivosta, a i "mora" da im "porasne" inaku gotovi se. Doprva ke svatat sto e islamot, samo moze veke i kasno da im e. Trebase nesto i od Balkanov da naucat koga im objasnuvavme vo devedesetite koja e politikata na islamot. Baraat se i sesto, i preku leb pogaca, a kaj niv tamu glava ke ti skinat ako ne gi primenuvas nivnite pravila. Toa e nivnata civilizacija, demokratija i sloboda koja tolku mnogu ja baraat koga se na drugo mesto.

Најди! во Утрински
Свет
Обама
Гадафи претера
Родени во златна колепка
Бунтовниците во Сомалија бараат претседателот да си оди
Војската уби 45 милитанти и нивни роднини во Пакистан
Во Ирак се' уште се гине