Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Војската уби 45 милитанти и нивни роднини во Пакистан

ПЕШАВАР - Во воздушните напади на пакистанските владини сили беа убиени околу 45 милитанти, нивни роднини и други цивили, кои немаа никакви врски со борците, изјавија вчера официјални лица. Трите напади што беа извршени во вторникот вечерта за своја цел имаа пакистански талибански милитанти во едно од нивните упоришта во долината Тирах, во северозападниот регион Кибер на границата со Авгани��тан. „Имаме информации дека од 40 до 45 терористи се убиени“, изјави официјален претставник на безбедносните служби за Ројтерс. Талибанските бунтовници честопати ги негираат официјалните бројки на загинати милитанти.

Пакистанските сили во последниве неколку месеци ги засилија воздушните напади во Кибер и соседните пауштински племенски територии, против активистите кои минатата година побегнаа од воените офанзиви во талибанските упоришта во Сват и во Јужен Вазиристан, кој граничи со Авганистан. Воздушните напади би можело да ги поткопаат напорите за придобивање на цивилите за борба против талибанците. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 332 пати.

Испрати коментар

Од: vesna
Датум: 02.09.2010 10:41:17
ajde, teroristi i nivni rodnini ! Toa li e novoto ime z a nevini civili? rodnini na teroristi..
Од: мене
Датум: 02.09.2010 12:29:53
И за ова де не е криво ВМРО :-)

Најди! во Утрински
Свет
Обама
Гадафи претера
Родени во златна колепка
Бунтовниците во Сомалија бараат претседателот да си оди
ХАЛАЛ-рестораните за брза храна се множат во Франција
Во Ирак се' уште се гине