Функционерите во локалната власт ги сакаат привилегиите, а ги игнорираат обврските
Катица Чангова
И Александар Бичиклиски, член на Советот на Град Скопје, се наоѓа на листата функционери во локалната власт кои ќе бидат повикани на суд поради непополнета изјава за судир на интереси. Роковите за обврската минаа, па затоа Антикорупциската комисија одлучи да поднесе прекршочни пријави и за 14 колеги на Бичиклиски, скопски советници.
Советот на главниот град е најголем и има 45 члена. Поради потфрлање во отчетноста и транспарентноста, со казна од 1.000 до 3.000 евра се соочуваат и Марјан Додовски, Ѓорѓе Марјановиќ, Есма Реџепова -Теодосиевска, Слободан Угриновски... Тоа се однесува и за Бранислав Саркањац, советник во Општина Центар, кој е еден од четворицата функционери меѓу вкупно 23 кои затаиле со оваа должност.
Измените на Законот за судир на интереси предвидоа задача за носителите на јавни функции, односно тие да пополнат и изјава на интереси, покрај задолжителниот формулар за имотната состојба. Службените лица од законодавната, извршната, судската и локалната власт во тој лист треба да напишат дали се членови на управни и надзорни органи, здруженија, фондации, потоа дали покрај јавната функција водат и сопствен бизнис, а треба да откријат и детали за ангажманот на нивните блиски роднини.
Се чини дека локалните функционери повеќе ги сакаат привилегиите од обврските. До Државната комисија за спречување на корупцијата заклучно со 14 септември од вкупно 1.384 советници, изјави за интереси доставиле 677 советници. Или вкупно 432 од нив не пополниле формулари за интереси.
Анализата на Антикорупциската комисија покажува дека 20 совети од вкупно 85, каде што е вклучен и Советот на Скопје, целосно ја исполниле обврската. Меѓу лошите примери за транспарентност се вбројува и штипскиот Совет, во кој од 23 советници, изјавата за интереси ја пополнил само еден советник. Во скопските општини Сарај и Чаир, на обврската заборавиле 18 од 19 советници, односно 21 од вкупно 27 члена на Советот. Ниту еден советник во општините Карбинци, Градско и Сопиште не пополнил изјава за интереси. Ситуацијата е разочарувачка и во општините Валандово и Зајас, каде што само по еден советник од вкупно 15 во секој совет завршил со обврската.
За нетранспарентните функционери, Државната комисија за спречување на корупцијата заклучи да поднесе барања до надлежниот суд за поведување прекршочна постапка. Глобата што се изрекува за ваков вид прекршок е од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. Ако казните се изречат и се наплатата, тогаш буџетот на антикорупционерите ќе се наполни со околу еден милион евра.
Е голема работа со прекршочна пријава,Имат Вмловциве пари и ќе си (НЕ) платат.Треба Кривична.А се топори и некому соли памет грев.
Од: kaktus
Датум: 18.09.2010 14:26:16
Ќе ги казнеле со 1000 Евра, ако воопшто и ги казнат. Ќе им го навинат. За такви само РАЗРЕШУВАЊЕ
Од: viba
Датум: 18.09.2010 16:23:06
Ej i Bicikliski krie nesto. Pa ne bese toj posten. A sto odnesuva za kaznata toa e kako muva da gi kasna.
Sega ke vidite toj koga ke izlezi na press konferencija pa koga ke mu najdi , so koj pravel vo minatoto.
Од: Трпе
Датум: 18.09.2010 22:35:02
Што е казна до 3 илјади евра,ако некој заработи за личен интерес 30 илјади евра.Ако казна за банален собракаен прекршок е од 100 до 400 евра.Но за собракаен прекршок како кобајн што жнее од сиромаштијата ке ги соберат а од функционери нема да се земе ни едно евро.Посебно од овие кои се власт.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.09.2010 09:12:50
Добро е што нема деманти ,,нее наш член,па нее член на преседателство,па него познаваме,, и т.нОва наведеното ги потсетува виножитните помодрени коментатори за судир на интереси на еден нивни виден член,пред едно 2-3 месеци,нее далечна историја.И за него прво велеа тоа што го цитирав па стерани во ќош признаа и божем го искараа,оти премолчал а тие сиротите неимформирани, инаку ,,жестоко ,,би реагирале.