Дебарско го тресат земјотреси
Нова серија земјотреси со епицентар во дебарското подрачје регистрираа апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Опсерваторијата наведува дека во понеделникот во 22,24 часот бил почувствуван земјотрес со интензитет од четири степени, потоа 15 минути по полноќ со интензитет од четири степени, во 1,43 часот, потоа во 3,31 часот, во 7,09 часот и 10,41 часот биле регистрирани земјотреси со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Досега во овој крај се регистрирани повеќе од сто земјотреси од кои над 30 биле почувствувани од граѓаните. (П.Р.) |