Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

СОНК и министерот контра 1.000 отпуштени наставници

Наставниците се подготвени да го искажат своето
незадоволство на протести

Билјана Јовановска

Власта сака да ги минимизира сопствените партиски чистки во образованието и бројката од околу 1.000 наставници кои својата неприпадност кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја платија со отказни решенија. Во таа функција се вклучи и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, иако организацијата со која тој раководи, по дефиниција, треба да ги штити правата на секој вработен во образованието, а не на власта. А, бидејќи чистките не можат да се премолчат, зашто станува збор за масовно незадоволство, најлесно беше проблемот да се релативизира и бројката на отпуштени наставници да се сведе на 274 лица и тоа во четири-пет општини.

Сепак, фактите говорат поинаку. Во сите општини каде што власта ја држи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е без малку секаде, градоначалниците ја спроведоа препораката од партиската база да се отпушти секој за кого оцениле дека не и' е лојален на партијата. Уште неизлезени од своите довчерашни работни места, отпуштените наставници се заменуваат со партиски војници кои, главно, се без ниту еден ден работно искуство, па дури и без положен стручен испит. За ова секојдневно сведочи армијата наставници која не се вклопи во партизираното образование, во која има и самохрани мајки и бремени жени.

Претседателот на СОНК излезе со своја прикаска во јавноста, во која соопшти дека повеќето од лицата кои останале без работа не ги исполнувале законските услови, го немале потребниот степен на образование или не го положиле стручниот испит за настава. Министерот за образование, Никола Тодоров, исто како и првиот човек на СОНК, си ги мие рацете од одговорноста и ја лоцира кај градоначалниците „кои се виновни за ваквиот проблем.“ Министерот дури апелираше „градоначалниците да се воздржат од политички или лични промени во образованието кои ќе влијаат врз процесот на ЕУ и на НАТО-интеграциите на Македонија“.

Во практика, работите се поинакви. Според сознанијата на наши дописници, на овој чекор градоначалниците не се одлучиле самоиницијативно, туку со препорака на власта. Акцијата за партиската метла во образованието, тврдат, била однапред договорена, а неинформирани биле единствено над 1.000 наставници кои се соочија со отказните решенија.

Голем дел од нив се подготвени своето незадоволство да го искажат на протести, но речиси е сосема извесно дека СОНК нема да застане зад нив, бидејќи се работи за две различни видувања на проблемот. Доколку СОНК ги игнорира отказите на над 1.000 наставници кои се најдоа на улица и не ги заштитува нивните интереси, тие се подготвени да побараат помош од ССМ, зашто, како што велат, решенијата им се дадени без никакво образложение, а зад целата работа стои политиката. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 960 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 09.09.2009 00:14:01
Mene mi e seedno dali se 1000 ili bozem samo 274 ama ne mi e seedno sto onoj sto se proklamira kako zastitnik na rabotnicite duva vo ista tikva so vlasta koja ja zloupotrebuva samata vlast.Sto e SONK? I sto e toj godpodin negov pretsedatel? Zarem 274 semejstva ne treba da se zastitat? Ili, poarno da se 1000 pa togas da se reagira? Ocigledno e deka ima strasni defekti vo lokalnata samouprava pa i samata Vlada, preku Ministerstvoto za obrazovanie treba energicno da reagira! Ili i na Vladata ne i e gajle?
Од: читател
Датум: 09.09.2009 00:26:24
За вработените во образованието ова е веќе видена работа. Која партија ќе дојде на власт, така, во образование, си ги вработува партиските кадри. Поради тоа голем дел од наставниот кадар се држи постојано под пресија, со нерешен статус на вработени за да може, за време на изборите, на оваа или онаа партија да и донесат глсови. Жалосно е што во ваква партизирана држава и партизирано образование, најмногу страдаат лицата кои не се членови на ниедна партија па така истите немаат можност во догледно време да се запослат и да имаат барем 2, 3 или 4 години работен стаж. Жално но вистинито.
Од: Flaster city
Датум: 09.09.2009 00:57:49
Дали некогаш на даскалите ќе им дојде умот кога е во прашање СОНК? Како можат да си дозволат онаа креатура олицетворена во ликот и делото на Дојчин Цветаноски да си игра со нив мајтап? Интелектуалци ли се тие или налбати? За почеток секо даскалј независен од политиката на ДПМНЕ нека го напушти СОНК и нека премини во друг синдикат. Тоа ќе биде почетокот на крајот на продолжената рака на Пастирот. На задоволство на секој нормален граѓанин на Македонија. .
Од: mitko za kletite fasisti
Датум: 09.09.2009 01:28:39
Makdonija e zemja vo koja ako ne si clen na VMRO ti nema da rabotis. Nikogas nema da se vrabotis bes partiska kniska (vo posledno vreme i bez da bides "aktiven" pred izborite) i duri da imas rabota ke ja zagubis. Znaci vo osnova nema sto ocekuvas od zivotot ako ne si VMRO-ovec. Koga ke pocnes za ova da se zalis vednas ke se javi nekoja najmena budala koja ke pocne so bednite opravduvanja vo stilot : Sto sakate vie od SDSM kako ne vi e sram ja oplajckavte cela drzava. Demek ako covek ne e Bukefalec (stado sto glasa za VMRO) toj vednas ide da gi ljubi racete na Branko. Ima majmuni koi veruvaat vo ova. Na krajot bi zaprasal sto ke pravime be so kletive fasisti? No odgovorot e jasen treba da se baraat UDBASKI resenija.
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 02:55:58
Moj predlog do izbrkanite od rabota e do javnite obvinitelstva na podracjeto na koe rabotele da podnesat krivicni prijavi protiv direktorite na ucilistata za krivicno delo zloupotreba na sluzbenata polozba i ovlastuvanje,a protiv gradonacalnicite i nivnite instruktori kako za pomagaci i pottiknuvaci za izvrsuvanje na toa delo.Neka si stojat prijavite vo obvinitelstvata za nekoi podobri vreminja,a i da se izbegne moznosta od zastarenost na krivicnite dela.Za vakvata razulavenost na vmroovskite direktori i gradonacalnici eden ubav den lepo fino ke si ima sudska zavrsnica so kazni za site onie koi gazele po dostoinstvoto na graganite na ovaa drzava koi ne se clenovi na VMRO.Za taa cel na izbrkanite treba da im pomogne i SDSM so obezbeduvanje na besplatna pravna pomos bez razlika dali se raboti za nivni simpatizeri ili ne.Se postavuva i prasanjeto sto rabotat prosvetnite i trudovite inspektori po povod ovoj problem i kade se tie da ja proverat zakonitosta na ovie fasisticki maniri pri vrab
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 04:18:33
Ke se resi i ovoj problem sto nebilo pa i ova da ne bidi. Problemot e vo toa sto doslo do nedorazbiranje i nekoj od direktorite greska ja svatile naredbata pa zatoa ima razbiracka.
Од: pk-canada
Датум: 09.09.2009 05:44:12
prerodbata prodolzuva, so partijata i Gvujo napred. Samo Branko e kriv, nikoj drug, a toj pretsedatelot na SONK e cist partiski vojnik ili si go cuva lebot, ama se vrti svetot, koga ce ostane i toj na ulica togas ce se seti.
Од: Трпе.
Датум: 09.09.2009 07:01:20
Кој може да верува на старец со бела брада на кого брадата му побелела од лаженје и на едно голобрадо момче кое се учи да лаже.Тие се приврзоци на мистер Рејтинг.Како ке каже големиот Бос.Ова министерчето кога објаснува од неискуство во лажење црвенее и пелтечи.На зајакот вели да бега а на кучето му вели да трча и да го брка зајакот а на мајкаму има кажано да го стави котлето наоган дека ке има варење на зајак.По се ,зајакот ке врие во котлето ,без разлика дали е виновен или не.Но изгледа ,дека е виновен кога не зел членска книшка од партијата на власт.
Од: grupa izbrkani nastavnici
Датум: 09.09.2009 08:18:26
javno go povikuvame gospodinot Nikola Todorov da dojde i ostvari sredba so nas otpustenite nastavnici.
Од: jimmy 1
Датум: 09.09.2009 09:21:37
Zaposluvanje treba da se vrsi sprema strucnata sposobnost a ne sprema partisko clenstvo. Ova go nema nikade vo svetot, pa go nemase nitu vo Jugoslavija. Nikoj ne te prasuvase dali si clen na KPJ nitu pak nekoj te prisuluvase za da se zaclenis vo KPJ dokolku sakas da se zaposlis, ti baraja strucna sprema za soodvetnoto mesto i tocka. Nemase pritisoci, nemase pretnj, tuku imase demokratija, sloboda pocituvanje eden sprema drug, a sega sto imame, partiski cistki, diktatura, pretnji pred sekoe glasanje, aramii vo vlada i sto ti ne. Za ova li baravme da bideme samostalna drzava za da se vratime vo feudalnoto opstestvo kako Makedonija da im pripaga samo na nekolku feudalci (Grujo i bargata) i da ne tolcat po glava. Narodot treba da se osvesti i da svati deka nie ne sme za vakvo opstestvo kade nekoi preku noc postanuvaat miljarderi a nekoi da nemaat leb da jadat.
Од: obama
Датум: 09.09.2009 09:30:49
ako vrabotenite se nepravilno izbrkani od rabota, za toa postojat sudovi na suverena RM neka si tuzat i ako se vo pravo ke dobijat....sto samo plukate koga vo 2002 koga dojdovte na vlast gi izbrkavte site sto gi zateknavte bez resenija na neopredeleno i si gi vrabotivte vasite bliski, rodnini, partiski aktivisti...ima dokaz i za toa ne se sekirajte...
Од: Избркан професор 2006год
Датум: 09.09.2009 09:50:00
ПАРТИСКАТА КНИШКА Е СИЛА, ПАРТИСКАТА КНИШКА Е МОЌ! А знаењето ??? Доказ сум јас затоа што бев избркан 2006 година а работев од 1995 година и тоа на мое место примија несоодветен но се разбира активист на ДПМНЕ. А дека не помагаат ни жалби ни тужби го увидов на своја кожа. Но светот е топка па се врти и се се враќа како бумеранг. Од Дојчин поречанецот не барајте помош слатка му е фотељата.... Ах, Дојчине, Дојчине, болен ли си, здрав ли си? Не му го прави на човека тоа што не сакаш тебе да ти го прават, затоа што се се враќа, се се плаќа! ПРЕРОДБАТА ПРОДОЛЖУВА......
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 09.09.2009 12:23:56
Ха... Деее, мокра ти ја! Не е за чудење регресивниот прогрес во МК! Партиската книшка се прогласува за единствен Квалитет, особено од оние кои немаат никакви човечки квалитети! Кој ли ќе ги Лустрира Денешниве Кодоши, со чија помош 1000 наставници се прогласија за Неблагонадежни? Се надевам ќе дојде и тој ден! Прашањето е само - кога?
Од: roditeli
Датум: 09.09.2009 14:19:51
vo red nastavnicite si gi baraat pravata preku sonk.a kade da gi baraat pravata ucenicite.vo osnovnite ucilista ministre i dojcin predmetot fizicko obrazovanie voopsto od prvo do cetvrto odd.ne se odrzuva, vo opstina karpos potocno vo ou.vojdan cernodrinski.so godini e taka i nikoj ama bas nikoj na toa ne reagira a koga se nastavnicite vo prasanje nivnite baranja se ispolnuvaat i odma na strajk, a decata se koristat bidejki nemaat nastava.
Од: загрижен
Датум: 09.09.2009 15:03:22
По медиумите пишува дека инпекторатот ги враќа избрканите наставници доколку на нивно место се примени без положен стручен испит! Мене ланскиот септември ми се случи истото! Иако правилно утврди и просветниот инспекторат, судијата пресуди во корист на директорот, демек директорот законски постапил! Сега можело поинаку! Каков е овој двоен аршин? Што со нас, ланските отпуштени на истиот начин!?
Од: напуштена од работа
Датум: 09.09.2009 15:22:27
Нека прошета младиот министер низ Штип, Крива паланка, Пробиштип итн, нека види сто се прави во неговиот ресор-образование. Сите напуштени наставници од средно и основно се компетентни да предаваат со стручни испити ,со педагошки предмети ,со работно искуство, со успешни проекти,со наградени ученици, со сите можни сертификати, со морални квалитети, а место нив се примени приправници, веачи на знамиња без ден работно искуство. Се прашувам зошто државата вложувала во првите да ги праќа на семинари да ги обучува кога зема нови. Сите за време на работењето плаќале за синдикат а тој врти на кај власта. Зошто Фуере да ни ги решава проблемите и Хелсиншкиот комитет кога ние си имаме надлежни институции за тоа. Имаме знаење но очигледно не сме моќни.
Од: iskren
Датум: 09.09.2009 15:52:09
Veke videno od 2002 pa navamu, socuvstvuvam so izbrkanite od rabota, a postavuvam prasanje na site Vas- ovie od sdsm kako da se padnatai od nebo demek segasnive vrabotuvale partiski , a tie kako vrabotuvaa?

Најди! во Утрински
Политика
Македонија полнолетна очекува датум за преговори со ЕУ
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Општината и' стави катанец на РТВ Гевгелија
На Брегалница ќе се градат мини-акумулации
Владата ќе плаќа струја за сиромашните, но по десет месеци
Дебарско го тресат земјотреси