Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата ќе плаќа струја за сиромашните, но по десет месеци

Нина Нинеска-Фиданоска


Најсиромашните семејства во земјава ќе добиваат пари од државата за да платат дел од сметките за струјата што ќе ја потрошат. Но, иако оваа мерка ќе почне да важи дури од средината на идната година, а можеби е најпотребна сега во време кога граѓаните ги чувствуваат најсилните удари од економската криза, премиерот Никола Груевски одлучи вчера да и' ја соопшти на македонската јавност, иако беше празник, Осми септември. Се разбира, тој како и вообичаено, беше поддржан од речиси целиот свој министерски тим, занемарувајќи го фактот што Владата се' уште нема ништо прецизирано на тој план, во смисла какви критериуми треба да исполнат семејствата за да ја добијат оваа државна помош, по колку пари ќе добиваат, колку струја ќе смеат да потрошат, но и многу други отворени прашања.

Засега најверојатна е опцијата дека сиромашните семејства ќе добиваат од државата ваучери со кои ќе ги покриваат дел од сметките за струја. Познато е и дека оваа мерка ќе го чини државниот буџет меѓу 4,1 и 7,3 милиони евра годишно. „Владата на вчерашната седница го донесе Акциониот план за намалување на т.н. енергетска сиромаштија, а најзначајна одлука е воведувањето социјална заштита за најсиромашните и најранливи категории потрошувачи. Со оваа мерка, Владата ќе субвенционира дел од трошоците на најсиромашните граѓани, за покривање на трошокот за различни видови енерегенси, а пред се' на електрична енергија. Оваа мерка ќе обезбеди секој месец директна финансиска поддршка за најсиромашните граѓани. Вкупната поддршка на социјалните категории граѓани преку овој социјален пакет ќе изнесува меѓу 250 и 450 милиони денари на годишно ниво“, изјави вчера Груевски.

Владата планира до средината на октомври, заедно со подготовките на буџетот за 2010 година, во детали да ги прецизира категориите социјални корисници и поединечниот износ на средства за одделно домаќинство. Намерите се до крајот на годинава Законот да биде прифатен од парламентот и до средината на идната година да стапи во сила.

На прашањето дали е в ред Владата да држи три преса во текот на пет дена со кои ќе се фали за економски мерки, од кои последнава се' уште целосно е маглива и ќе стартува дури по десет месеци, Груевски самоуверено изјави: „Секогаш кога ќе оцениме дека носиме исклучително значајна одлука за граѓаните и која ќе опфати поголем број граѓани, сметаме дека е важно да ја соопштиме на ваква прес-конференција, за информацијата да стигне подалеку. И така ќе продолжиме и во иднина“. Груевски не мисли дека вчерашниот прес е чист маркетинг, како што му забележаа новинарите.

Опозицијата експресно реагираше нагласувајќи дека ваква мерка треба да почне да важи веднаш. Според Емилијан Станковиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, во услови на ниту едно реализирано ветување во изминативе три години, премиерот Груевски набрзина со плагијат-проекти се обидува да ја скрие паниката од слабите економски резултати. Тој го презентира и предлог��т на СДСМ, при расправата за ребаланост на буџетот да се предвидат средства за 80 илјади семејства по 1.000 денари месечно за покривање на сметките за струја.


#
Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 09.09.2009 00:24:03
Prvo da se utvrdi kriterium sto e toa siromasen.Potoa da se kaze od koi pari. I na kraj, pokraj drugo, koj ke odlucuva i na koe nivo za prethodnoto.
Од: Flaster city
Датум: 09.09.2009 01:06:53
А во 2017 ќе им купува и четврт бурек со месо. Да се знае чии граѓани мрсно јадат!
Од: skopjanec
Датум: 09.09.2009 02:13:13
Se razbira, povazen e mostot i triinite na stadionot
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 02:58:50
Vladata keja plaka strujata na najzagrozenite . Sto mislite vie od SDSM dali i za ovaa ke najdete primedba jas mislam sekako. Krivo drvo samo vo ogin se isprava.
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 03:34:58
"Raspolagati tudzom mukom nije mala zaebancija"peese Dzoni Stulic.Pa i nas Grue se majtapi so makata na narodot i otkako uvide deka ne e mala zaebancija resi da ja napravi uste pogolema-ke brka od rabota profesori ama vetuva deka ke im plaka smetki za struja no po 10 meseci.Dotogas so makata na ovie luge ke raspolaga toj za svoite bolni marketinski potrebi i rejting so vmetnuvanje vo rubrikata neveteno-realizirano.Sramno i podlo zarem ne.Namesto da sozdava dostoinstveni gragani koi samite cesno ke pecalat,Grue gi zgolemuva nevrabotenite za da potoa im se prikaze kako spasitel-plakac na struja so moi,so nasi,so narodni pari. Drugo prasanje e koj navistina ke gi dobiva parite (partiskata pripadnost i glasanjeto 'za' ke bide presudno),dali navistina ke se sluci i nema da bide lazno kako proektot besplatni ucebnici,dali nema da iskompenzira so dolgot na EVN,zarem i po 10 meseci ke bideme na segasnovo deredze.Ehej Dzoni,Dzoni,dojdi vo MKD ke imas materijal za rabota za uste najmalku 3 zivot
Од: Трпе.
Датум: 09.09.2009 07:10:30
Е овде важи она старата.Не умирај магаре се додека не пристигнеш до зелена трева.Само не ми е јасно нашиот мистер Рејтинг уште колку карти крие во ракавот,само и само да го одржува својот рејтинг па и вештачки.Па нели нашиот премиер е илузионист.
Од: maja
Датум: 09.09.2009 09:25:31
Ovaa vlada barem nesto pravi za siromasnite, a prethodnata gi napravi da bidat siromasni..i uste imaat lice da zboruvaat deka ova treba da pocne vednash. a samo neiskusen politicar koj aber nema od ekonomija moze da tresne takva glupost...a niv toa ne im bese vo plan celi 15god ne ni pomislija na siromasnite gragani..si drpaa i si polnea dzebovi..
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 10:18:48
Најверојатно ќе ги Части за Безвизниот режим! Ех... аАааХ...!
Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 09.09.2009 11:00:45
Plakanje na elektricnata energija na socijalno zagrozenite semejstva e normalna rabota. Nenormalno e zosto toa kaj nas dosega ne bese napraveno, iako ima najavi deka ovaa merka konecno ke zazivee. Ne navleguvajki vo sepak populistickata ( a ne neophodnata) dimenzija na novata vladina odluka, samo bi dodal deka vo sosedna Srbija odamna funkcionira besplatnoto koristenje na oddelen broj kilovati za socijalata, ama ne na tovar na budjet, tuku beneficijata ja dava samata elektroenergetska kompanija.
Од: korco
Датум: 09.09.2009 11:16:20
A be ovoj Grujo kakov kradec stanal. Pa ovaa ideja bese na nasiot vreden lider Branko Crvenkovski samo so cekavme pogoden moment koga bevme na vlast da ja realizirame. Ete zosto gubime na izbori. ni gi kradat dobrite idei. Sramota

Најди! во Утрински
Политика
Македонија полнолетна очекува датум за преговори со ЕУ
СОНК и министерот контра 1.000 отпуштени наставници
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Општината и' стави катанец на РТВ Гевгелија
На Брегалница ќе се градат мини-акумулации
Дебарско го тресат земјотреси