Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Општината и' стави катанец на РТВ Гевгелија

Вработените веќе два месеца добивале закани од општинските власти, барајќи од нив да се иселат од просториите

Радио-телевизија Гевгелија од петокот не емитува програма, а вработените се на улица поради тоа што градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов, решил да го затвори локалното радиодифузно претпријатие. Вработените веќе два месеца добивале закани од општинските власти, барајќи од нив да се иселат од просториите, но откако не го сториле тоа, во петокот утрото ја нашле влезната врата со катанец. Иако дејноста на јавното претпријатие е трајна и таа не смее да се прекинува, за што во Законот за јавни претпријатија е наведено дека Општината како основач мора да обезбеди континуитет на дејноста, сепак, општинските власти ги исфрли вработените на улица, а Радио-телевизија Гевгелија од петокот е во молк.

„Ова е вистинско насилство врз јавниот локален медиум што го спроведува локалната власт под директно водство на градоначалникот, иако законски токму тој е повикан да ги стопира сите незаконски потези на локалната самоуправа, а тој самиот фабрикува незаконие“, се вели во писмената реакција на вработените во Радио-телевизија Гевгелија, испратена до претседателот Иванов, премиерот Груевски, евроамбасадорот Фуере, народниот и до државниот правобранител, ЗЕЛС и до други институции. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 466 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 09.09.2009 00:22:07
Nikakvo cudo! Pa pobedi DPMNE, poznato po prekrsuvanje na zakoni, pa zosto da ne se krsi eden siten zakon? Komu mu e gajle za nekoja si lokalna RTV? Imame povazni raboti, kako tikvizacija, popovizacija i sl.
Од: Flaster city
Датум: 09.09.2009 01:04:09
Браво ДПМНЕ! Ова е уште еден прилог во развојот на демократијата и независното новинарство. Само продолжете така. На овој народ му е сосема доволно да има една телевизија. Пообјективен медиум од Сител, амин. Само уште фали да го викнат од Прилеп Мурго да биди дел од новинарската “елита“. Се’ туткун до туткун, да не се знаеш кој е поголем копук и продадена душа.
Од: Dusko Petrov
Датум: 09.09.2009 02:21:44
Ocigledno na gradonacalnikot ne mu treba javniot medium, koga si ima vraboten vo negoviot kabinet koj od nekogasen voditel na emisiite Folk Arena i Evergrin, na privatnata televizija vo Gevgelija, so negov amanet stana i edinstven snimatel, voditel i prezenter na vestite. Pa taka znaeme kogo i kade sretnal gradonacalnikot, kolku dupki niz ulicite se popolneti, i koi se novite Folk hitovi. Seto toa na smetka na opstinskiot buxet. Podobro informiranje- Zdravje!
Од: Foti
Датум: 09.09.2009 06:57:48
E kade e drazavata da gi zatvori uste li postojat ovie divi radija i televizii zar ne se minato . Gospoda pred da placete naucete se da placate smetki za struja kirija radio frekfencii i avtorski prava edno e stvarnost drugo e zelba da se ima medium.
Од: jovan
Датум: 09.09.2009 08:19:37
За ДПМНЕ времето почнува да се брои од нивното владеење. Македонија за нив постои само неколку години, па така и се што е формирано пред нив, треба да се сруши. Оние пак што со години работеа како пирати тоа по цели децении сега ќе кажуваат како се прави и како работи медиум. Те закон за автгорски права. Со години го труеја народот со порно филмови, сега дебатираат за дигитални телевизии. Жално е што сите телевизии во Македонија станаа папагали на власта, а народот заложник на папагалство��о
Од: borec zaa covekovi prava
Датум: 09.09.2009 08:25:15
Gospodinot Frangov vrsi frangovizacija na Gevgelija,otpusti od ucilistata nastvnici,od RTG novinari,vraboiteni od Komunalec... GO prasuvam javno Sto e drugo na red? Sramota i beda za Gevgelija i Makedonija!!!!!
Од: Сергеј
Датум: 09.09.2009 09:24:29
Ова не е ништо ново, сите локални радио и тв станици одамна не функционираат и дел од нив се сервиси на локалните моќници. Како потсетување, нивната трасформација е врвно остварување на Бучковски и Роберто Беличанец - чекор напред кон ЕУ - интеграциите преку тотално уништување на локалното информирање. А сето тоа зачинето со ујдурмите на претседателката на Здружението на локалните дифузери Јованка Дојранлиева , која за своето дописничко место во МТВ помогна да заминат во неповрат медиуми кои постоеја и по 50 години и 500 нејзини колеги да останат без работа!!! Сепак, ВМРО ДПМНЕ во својата изборна програма има ветено решавање на прашањето со локалните радиодифузери. Ако го решава вака, бргу - бргу ќе заврши како Бучковски!
Од: До Фоти
Датум: 09.09.2009 11:07:33
Ако е тоа точно тогаш удриле по самарот.огаш тре4ба сите да се затворат.

Најди! во Утрински
Политика
Македонија полнолетна очекува датум за преговори со ЕУ
СОНК и министерот контра 1.000 отпуштени наставници
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
На Брегалница ќе се градат мини-акумулации
Владата ќе плаќа струја за сиромашните, но по десет месеци
Дебарско го тресат земјотреси