Македонија полнолетна очекува датум за преговори со ЕУ
Претседателот Иванов приреди прием за поранешните претседатели
Светлана Унковска
Македонија вчера го прослави 8 Септември, со што ја одбележа 18-годишнината од независноста, самостојноста и сувереноста. Својата полнолетност државава ја прославува во моменти кога очекува да добие позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на земјава, како и добивање датум за почеток на преговорите за зачленување во Европската унија. Прославата на Денот на самостојноста на државава, иако се одржаа низа манифестации, сепак, измина во сенката на трагедијата во Охрид со потонувањето на бродот „Илинден“, во која загинаа 15 бугарски туристи.
За празникот на македонската државност, претседателот Ѓорге Иванов приреди прием во претседателската вила за поранешните претседатели на Македонија, Киро Глигоров, Бранко Црвенковски и за Вилма Трајковска, сопруга на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Вчеравечер претседателот Иванов, по повод Денот на независноста, во Македонската опера и балет организираше и Свечена академија на кое беше предвидено и пригодно обраќање. Претходно и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, организира свечен прием по повод празникот, а во своето обраќање пред голем број присутни истакна дека Македонија очекува од Европската комисија позитивен извештај и препорака за датум за преговори со ЕУ.
Иванов во својата честитка до граѓаните по повод празникот рече дека 18 години слободно го живееме сонот на бројни генерации. „Благодарение на сите, Македонија се градеше и се развива како слободна и демократска држава, како земја отворена кон светот, која не се плаши да го даде својот придонес и да ги отвори своите граници. Денес ги минуваме финалните чекори кон утврдувањето на нашиот статус како рамноправен партнер на слободните држави во светот“, истакна во своето обраќањето Иванов. Тој, притоа, не заборави да потсети дека Македонија и денес е изложена пред многу предизвици, како што е светската економска криза и долгите интегративни процеси, но не се сомнева дека земјава ќе докаже оти може да напредува и да се развива.
Претседателот на парламентот, Трајко Вељановски, честитајќи го празникот, истакна дека Македонија опстојува со чувство на слобода и љубов, но и дека со гордост гледа кон својата иднина. Во очекување на есенскиот извештај на Европската комисија, Вељановски истакна дека македонското Собрание ги усвои сите потребни закони. „Реформите што ги правиме не треба да се сфатат како нешто наметнато однадвор, туку како наша определба за држава во кое ќе владее правото, демократијата и човековите права и слободи, односно држава во која граѓаните ќе ги уживаат истите стандарди кои денеска ги има европскиот граѓанин“, рече Вељановски.
Денот на независноста на македонските граѓани и посебно на припадниците на АРМ им го честиташе и министеро�� за одбрана, Зоран Коњановски. „Како припадници на АРМ, која е столбот на нашата државност, давате полн придонес во процесот на изградбата на современа македонска држава и вие сте гаранти за нејзината сувереност и независност. Покрај тоа што ги чувате границите на Македонија, како учесници во мировните мисии, чувари сте и на светскиот мир, со што покажувате дека сте најзначајните македонски амбасадори“, се вели во честитката на Коњановски.
Премиерот Никола Груевски на вчерашниот празник присуствуваше на свеченото поставување камен-темелник за изградба на западната и источната трибина на националната арена „Филип Втори Македонски“, како и на камен-темелникот на изградбата на комерцијални станови.
Na premierot ocigledno mu e merak lopata da drzi vo racete.
Од: Canada
Датум: 09.09.2009 00:23:42
Edno nesto ne mi e jasno.Dali jas ne se sekavam ili nesto drugo e vo rabotata.Pa kako vcera se sekavam deka edinstveniot koj bese za otcepuvanje i nezavisna Makedonija bese vojvodata Ljubco,s nikoj ne go spomenuva.Pa noskoto gligorov imase partiska zadaca da se spreci i opdolgovlecuva otcepuvanje na Makedonija.branko i andov izbegaa,sekoja cest na Klusev.Pa kogo sega velicate be ljudi bozji.istorijata ke go dade svojot sud,a se nadevam i deka najzasluzniot za 18-godisnicata ke dojde povtorno na celo na makedonija.I sega dojde vreme eden moron od pretsedatel da ni drzi govor za nezavisna makedonija a do bvcera gi podgotvuvase binite na SDSM. E...i realnosta i politikata.
Од: Сергеј
Датум: 09.09.2009 00:48:45
Ако ние сега со овој наш азганл`к го живееме „сонот на бројните генерации“, тогаш тие „бројни генерации“ веројатно имале - кошмари. Кога би можеле да знаат што направивме од ова последно парче од Македонија кое преостана - кутрите илинденци, ајдути, партизани и останати - би скончале уште еднаш. Овој пат од јад. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: sss
Датум: 09.09.2009 00:54:22
napisano na hartija i naslikani na slika zvuci mnogu ubavo i izgleda ubavo no da ne e komicno ke bide tragicno ,vidov ova leto kako izgleda zivotot na eden obicen covek (koj ne e vo politickata elita ili koj ne ukral od drzavata)vo MK
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 03:36:38
Ovaa vlada e sposobna i znae dagi zavrsi obvrskite za EU i NATO i mislam deka do krajot na godinata ke otpocnat so razgovori.
Од: tatoo
Датум: 09.09.2009 08:23:24
Нека ни е честита полнолетноста на државата. Но дали созреала? Со вакви дилетанти на власт никогаш нема да созрее како држава. Доживотно ќе треба да и менуваме пелени.
Од: Prilepcanec
Датум: 09.09.2009 09:04:45
Pa gospodinot od Kanada preswpal nesto-g.Gligorov go povika narodot na referendum za samostojna ,nezavisna suverena Makedonija,a vojvodata Ljupco togas ostana na cukanje v gradi za nezavisna Makedonija a zboruvase deka e rano za referendum,no prakase deca da frlaat kamenja na kasarnata na Tvrdinata vo Skopje,a togasniot general na Tretata armiska oblast vo Skopje se zakani-prestanete ili ke gi svrtime topovite na Skopje.I,spored moeto cuvstvuvanje na nestata g.Gligorov i togasnata Vlada ,za da se izbegne seto toa-a prasajte go za toa i aktuelniot kadar na VMRO-togas na visoki funkcii vo vlasta,Vlado Popovski koj go sostavuval referendumskoto prasanje,vo soglasnost so g.Gligorov dodadena e moznosta Armijata da stoi nastrana,zasto bese notirana moznost za natamosni razgovori so bivsite drzavi na SFRJ za natamosna federacija na suvereni drzavi,i tn.itn.Nekoi gospoda ili ova go prespale ili ne znaat da citaat.A sega se znae kade e Ljupco,i pod cie zname stoi mirno
Од: МИН Мебел дизајн
Датум: 09.09.2009 09:27:35
Имам предлог до луѓето во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов: нека го тргнат двоседот на кој седи претседателот и нека стават фотеља. Двоседот е непртикладен кога еден човек седи во средина, затоа што нема каде да ги потпре рацете. За предлогот, кој сигурно ќе биде прифатен, не барам авторско право. Ако не го прифатат ќе дозволат и натаму претседателот да седи стуткан и подгрбавен.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 09.09.2009 09:30:44
Cestit polnoletstvoto na Makedonija!Iako kako Jugonostalgicar,koi sum do den denes -toa priznavam!-i od samiot pocetok na nezavisnostta bev malku pesimist po opstanokot na Drzavata bez izlez na more i opkolena od "problematicni" komsii,sepak MKskite gragjani imat pravo da bidat gordi na site dosegasni postignuvanja,najnapred za priznavanjeto na MK od skoro celiot svet i srekni prebroduvanja na razni predizvici i pominuvanja niz razlicni iskusenija!Taa zasluga im pripagja i na site dosegasni vladi -segasnata ke vidime kade ke ja vodi MK-i drzavni institucii,i pokraj nivnite ocigledni slabosti!I kako drzavjanin na Germanija,koj ne si gi zaborava korenite,se nadevam deka MK vo mnogu skoro vreme ke si go najde vistinskoto mesto vo evroatlantskoto semejstvo,kade i pripagja!Imam nadez deka vo skora idnina barem na praznicite ke se zaboravi na politickite,etnicki i verski podelbi i site zaedno ke gi slavime MKskite uspesi!So um,pamet i potrebna srekja samo napred,Makedonijo!So golem pozdrav!
Од: stojan makedonski
Датум: 09.09.2009 10:03:26
Vo ovaa drzava se e naopaku. Na proslavata na denot na nezavisnosta, se sami klonovi, recisi nieden od borcite i ideolozi na Nezavisna Makedonija. Go nema Lubco koj ja voskresna idejata i ja stvori nezavisna Makedonija. Vo delot na stavawe na kamen temelnici se po staro Gruevski so lopata , a do nego MILE JANAKIEVSKI i toa dva dena po katastrofalnata nesreka vo Ohrid. Za vakva rabota vo Japonija ministerot ne samo sto si dava ostavka tuku ke izvrsi i harakiri, no za nasiot MILE ni sram ni perde.
Од: Makedonija Kicevo
Датум: 09.09.2009 10:05:04
Македонија е полнолетна,ама и Македонија е веке зрела да признае дека за овие 18 години си ги уби сите Македонци и дека ке ги има на душата...Вие сите тука што имате учествувано,сигурно имате Претседатели бевте,или сте,имате удел во смртта на многу Македонци во сите градови.Имено во мојот град има две базни станици Т-мобајл т.е. Телеком...преносна,така ми рекоја дека се викало и дека со поставуванје на 3 ГИ за телефонија,господата да се гледаат по телефон со слика,си ги убивате своите Македонски граѓани.Најгусто каде е населено поставувате БАЗНИ станици,што сакате во ЕУ да влезете без граѓани Македонци.Срам да вие и се надевам дека и вие ке бидете озрачени,а не да бегате на ВОДНО....Каде да бегаме ние во Кичево,некој што сме од селата да избегаме,ама некој немаме село оти потекнуваме од градот и цел живот нашите предци се оттука.Извадете ги БАЗНИТЕ станици за вашето проклето 3 ГИ што сте зеле од Т*-мобајл провизи..да одговарате сите пред ЕУ комисија...Срамота го убивте народот.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 10:16:32
Полнолетството и не е баш за фалење, ако го дочекуваш во Пелени! А лопатата, што ја држи Шерифот McCloud во рацете - навистина му одговара! Како да е роден со неа! :)Р
Од: Oli julcovski
Датум: 09.09.2009 10:19:21
Нека ни е честит празникот.Но што се однесува до полнолетството Македонија се уште го нема.
Одбијте ги од овие осумнаесет годините владеењето на Вмровците и вракањето назат ќе видете дека Македонија се уште е во пелени.Но тргедијата да биде уште поголема во есапот не е ставено владеењето на Сегашниот Тиранин,Зошто се уште не можат да се проценат последиците.
Од: Mene do Vas
Датум: 09.09.2009 10:46:54
Srecen 18-ti rodenden. Cest e da se tegnat ushi vo ovaa prigodba.
Од: Strumicanka
Датум: 09.09.2009 12:52:21
Sto se raspravame koj e zasluzen a koj ne e zasluzen.
Kako moze dvajca ili trojca da se zasluzni za nezavisnosta koga site znaeme deka glasavme na referendum za otcepuvanje na Makedonija od Jugoslavija vo 1991 godina
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 09.09.2009 15:43:50
da ne e zalosno bi bilo smesno.site znaeme koj ja stvori nezavisna mkd.a prasanjeto na referendumot bese dvosmisleno.dali sme za sojuz na konfederacii na drzavite od ex yu.sega yugosite ni kazuvaat za nezavisnost -smesno.nie pravite vmrovci znaeme koj e edinstveniot politicar so pravi vmrovski idei.a da i bratot ljube sekako.pozdrav do niv.
Од: Од некого
Датум: 09.09.2009 15:51:06
Читајте малку и други новини бре СДСМ-овци низаедни ...
Македонија е рангирана на 32 место на листата на Светска банка Doing Business 2010, меѓу 183 држави и оствари скок од 37 места во однос на лани, кога беше на 69-та.
Истовремено, Македонија е трета меѓу топ-реформаторите во светот на листата што Светска банка, секоја година, ја објавува заедно со извештајот Doing Business,.