Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница
Скопје знае што e потребно за прием во ЕУ, вели Друцас



Атина - Грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, и од Софија ја покани македонската Влада да покаже конструктивност во преговорите за да ја забрза европската интеграција.

„Сакаме Скопје да биде примено во европското семејство што поскоро. За тоа работиме. Се надеваме дека Владата во Скопје знае и разбира што треба да направи за побрзо да влезат во ЕУ, каде што и' припаѓаат“, истакна шефот на грчката дипломатија на средбата со својот бугарски и српски колега во Софија.

На средбата во Бугарија на која тројцата министри разговарале за европските аспирации на државите од Западен Балкан, шефот на грчката дипломатија го повтори ставот дека Грција ја поддржува и се има обврзано да и' помогне на Македонија на патот кон ЕУ.

Бугарскиот министер за надворешни, Николаj Младенов, испрати потсетување до Владата во Скопје дека за влез во ЕУ потребно е да се задоволат трите основни критериуми, односно усогласување на законодавството со европското, регионална соработка и добрососедски односи.

Младенов истакна дека пријателството меѓу Македонија и Бугарија не доаѓа со договор, туку се подразбира само по себе. „Она што ние треба да го анализираме е нашето стратегиско партнерство за да може целиот регион да оди напред. Во врска со спорот за името, Бугарија останува на ставот дека ова е билатерален спор меѓу нашите соседи. И покрај тоа сметам дека е крајно време да се најде логичен компромис што ќе и' дозволи на Македонија да продолжи да напредува“, изјави Младенов по средбата со Друцас и со Вук Јеремиќ. (М.П.)

#
Статијата е прочитана 1004 пати.

Испрати коментар

Од: Бирослав
Датум: 13.12.2010 12:16:28
Скопје очекува само да се почитува член 11 став 1 од Привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, а што е општо признат меѓународноправен документ.
Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 12:52:23
Da se vratat iminjata na nazivite kako sto si bea, da se podarart site figuri sto licat na helenski na Grcija vo znak na primirje, da se ogradite od anticki koreni i slicni gluposti (na koi CEL SVET vi SE SMEE), da ne se sramite tuku gordeet so slovenskoto poteklo i da pobarate da Grcija go prifati naseto ime R.Makedonija. Tie imaat region nie imame drzava. Vo najlos slucaj moze da bideme i Nova Makedonija. Sto ke vi fali? Sto mu fali na nov zeland? Sepak toa e podobro otkolku FYROM, neli?
Од: b
Датум: 13.12.2010 13:00:30
Цело Скопје знае и цела Македонија па и цел свет. Само нашиот омилен водач незнае! Или можда дури и тој знае, но е многу ербап, па се праи недоветен!
Од: ЗЛОТО НА БАЛКАНОТ
Датум: 13.12.2010 13:21:44
Целото зло на Балканот е од овие три мали творби кои се проширија во 1912-13 врз туѓи територии и народи. Македонија и Албанија се и по територија и по население поголеми од овие три вештачки творби. Особено геноцидот е врз Македонците а Македонци имало повеке и од Срби и од Грци пред само сто години.
Од: Pavel
Датум: 13.12.2010 13:46:18
Македонија добро знае, исто како и тие (Грција, Бугарија и Србија) што треба да стори Македонија. Доколку Македонија (Скопје) им ги исполни желбите, набргу сликата за Република Македонија ќе се промени:Грција конечно ќе си го поврати старото име на сегашната провинција „Македонија“, Бугарија за сосед ќе ја добие Србија, но, со тоа, ќе се изгубат сите нејзини проблеми во однос на народот во Пиринскиот крај, Србија, пак, конечно повторно ќе си ја пороби Македонија (како некогаш во далечната 1913 година). Попатно, трите овие држави привремено ќе се ослободат и од притисокот на несмалениот албански фертилитет а со тоа и од стравот еден ден Албанија не постане единствен „газда“ на Македонија.
Од: Луда Мара До: ЗЛОТО НА БАЛКАНОТ
Датум: 13.12.2010 14:22:14
Да,Македонија се простирала сè до Индија,а Хунзите се колнат дека Цанде го посетил и Јапан,преку нивната туристичка агенција и таму оставил свои потомци!Не веруваш?!Прашај ја М.Дојчиновска,или оној „научникот“В. Иљов!Во право си,така е!Ние сме прекрасни,најубави,најдобри,најумни,најнарод...Соседите не чинат!Пред само сто години,толку сме биле силни и писмени,што сме заборавиле да се впишеме во графата со „нашата“национална припадност!Нè имало повеќе и од Индијците,а заедно со Хунзите сме се намножиле до тој степен што дури и Кинезите почнале да ни завидуваат!Абе... да не си ти оној што постојано се потпишува како „Советник на Бладата во Министерството за надворешни работи“?
Од: srebre
Датум: 13.12.2010 15:32:35
da znaeme ama grujo go uplasi narodot so identitet ce sme izgubele i sega znae pridavka nisto ne menuva ama ce ja izgubi vlasta i statusqvo mu odgovara da ostyane na vlast...mi se maci od nezreli komentari sme bile pov od srbi ,grci aba da sme bile pov ce sme imale armija 1913g pa srbi,bugari,grci uste 1913g imale armija 300000 a nie denska imame 5000armija i uste pov mi se gadi od komentari ce sme se obedinele 2013 aba ludje dali ste ovci ili ludje mislete so glava..vmro ve tera kako stado da ste ne ludje...
Од: Goche
Датум: 13.12.2010 15:56:56
Jagne da pobara pomos od dva Volci, smesno e neli?
Од: tomo
Датум: 13.12.2010 16:06:12
Makedonija znae sto treba da napravi. Treba da voskresne nekoj nov Car Samuil i site vas da ve obedini pod makedonska cizma.
Од: do nekoj
Датум: 14.12.2010 01:40:54
Ti kako da si nepismen stom sporeduvas Nov Zeland so Makedonija.Nov Zeland go otkrile evropski kolonizatori i tamu nemalo civilizacija samo divi pleminja.Se sozdala nova civilizacija pokasno tamu i zatoa go narekle Nov.Vo Makedonija civilizacijata e uste vo antikata i segasnata Makedonija e na istata teritorijata kade sto bila i anticka(stara)Makedonija.Nova Makedonija mozese da se vika nekoja otkriena oblast vo Amerika ili na ostrovite vo Tihi okean ako tie teritorii gi otkrile Makedonci,pa da mu go dale toa ime.Takov primer e nova Anglija vo Amerika koi taa teritorija ja otkrile Anglicani.
Од: Чизма
Датум: 14.12.2010 07:25:56
Тешко на народ кој во 21 век сонува чизма и воскреснување на минатото за кое ништо не знае!Место да се повторуваат приказни за поделба во 1913 година,за обединување во 2013 година,небаре се работи за кирија,се тоне во антички небулози,ќе тонеме и ќе служиме за потсмев ана сите!
Од: Idiotski vebmaster
Датум: 14.12.2010 08:22:48
Mnogu pati stavav zabeleski na glupoto odnesuvanje na Vasiot ,,vebmaster,, i molev da napravite promeni za da ne gi macite Vasite citateli koi sakaat da pratat komentari, no, vasiot inaet e bezgranicen!

Најди! во Утрински
Втора страница
Триумфот на премиерот
Калајџиев
Вербатим
Отфрлена тужбата на Ел Масри против германската влада
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary