Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Поглед

Триумфот на премиерот

Билјана Ангеловска

Не критикувајте го премиерот, оти така се постигнува обратен ефект. Човекот што велеше дека секогаш го слуша народот сега отворено кажува дека му е мило што не го послушал за триумфалната порта. Задоволен е што постапил спротивно од мислењето на јавноста. Гласот на народот за премиерот да ти бил само инструмент за пишување историја. Колку е тој глас посилен, а мислењето поразлично, толку историјата била повредна!?

За премиерот, во центарот на Скопје не се гради триумфална капија, туку порта на независноста на Македонија. Меѓу редови кажано, порта на неговиот триумф над народот. Тој им е многу благодарен на бројните архитекти, новинари и други „обични“ граѓани што отворено зборуваа против портата и кажуваа дека местото не и' е таму каде што е предвидено со проектот „Скопје 2014“. На премиерот му е ептен мило што овој објект бил многу нападнат (а го нападнаа речиси сите во државава).

Човек едноставно да се праша - каде е проблемот, господине премиер? Зошто е потребно сево ова? Разбирлива е неговата желба да си напише своја историја. И таа историја да ја добие вистинската вредност по неколку години. Но, нејасно е дали тој воопшто се замислил, макар само и за миг, дека историјата пишува и лоши стории.

Да, оцената за вредноста на триумфалната порта ќе дојде подоцна. А, дали таа ќе биде национална гордост, како што си замислува Груевски, македонска Ајфелова кула, ќе покаже времето. Едно е во право премиерот, ќе се чудат идните генерации. Но, и ќе се чувствуваат непријатно, оти објектот не само што ќе биде обременет со историја, туку тој самиот ќе биде бреме на просторот во кој ќе се наоѓа. Тоа, пак, нема да биде симбол на ничиј триумф. Напротив.


#
Статијата е прочитана 3203 пати.

Испрати коментар

Од: 3G
Датум: 13.12.2010 12:18:55
Navistina, kade e problemot, vo sto e problemot? Edna za volja na vistinata skapa rabota, no za mene licno najbitno e deka ne e subjektivna ili pristrasna tuku sosema nenametliva a obedinuvacka. Taa gradba ne e istoriski lik koj pripagal na ovoj ili onoj tabor, na ovaa ili onaa strana. Triumf na nezavisnosta, se nadevam na samostojnosta(koja e seriozno dovedena vo prasanje i se tretira kako izlisna), konecno na socuvuvanje na imeto-edinstvenoto nesto sto ostana. Navistina zosto ova e problem?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 12:28:57
Триумфална порта на глупоста е дотичниот споменик а не на независноста.Да во овие ,,волнени,,економски времиња правење на вакво нешто е нон сенс.Има далеку попотребни работи кој се потребни секидневно во државата. Опозициските коментатори можат многу да научат како се коментира нешто што несодејствува со стварноста,па макар и од каде да доаѓа.Нормално ако се има доблест за реално согледување.
Од: Митко
Датум: 13.12.2010 12:32:39
Биљана не си во право ! Оваа триумфална капија ќе биде симбол - СИМБОЛ НА ГЛУПОСТА и симбол на една исфрустрирана , однародена и аздисана власт. Таквиот симбол ќе ги учи идните генерации да размислат кого ќе доведат на власт. Тие неколку секунди позади избирачкиот параван, не треба да бидат „жолти минути“ - напротив треба да бидат минути на свест и разум.
Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 12:46:51
Moram da se soglasam ovde so eden komentar na Velija na A1, deka ovoj proekt za premierot e psiholoski moment. Zosto vo edna multikulturna drzava kako sto e Makedonija, ne se vlozuvase vo postoeckite objekti za nivna restavracija, ureduvanje.. Skopje ja ima skopska carsija, toa e del od negovata istorija. Nema dobar javen prevoz, razkopani ulici..ima kaj da se investira. Zosto fontani, smizli, kapii i gluposti. Toa e kich. Mozea pari da isperat i na drugo mesto. No najverovatno momentot sepak e psiholoski. Politicarite se menuvaat, no toa sto ke ostane vo gradot ke bide samo grdotija.
Од: љубица
Датум: 13.12.2010 12:49:23
Читајќи ја вашата колумна почитувана госпоѓо Билјана сватив дека текстовите се повторуваат , а само насловот е тоа што се менува во повекето пишани медиуми.... Што толку се фативте сите за проектот ,,Скопје 2014,, ??? Ако не беше дел од изборната програма за која гласаше народот ке имавте и тоа како многу истомисленици, но немојте да фрлате камења на одлуката што си ја донесе народот ... Дали ке беше подобро да седеа со скрстени раце и да се ,,препукуваа,, со опозицијата? Тогаш ке моравте да се потпрете само на навредите и надмудрувањата од секако ,,послабата,, страна ... Ако се сака некој да се обвини не или оправдано ке се најде причина .. Зарем не е подобро да се работи и сработува отколку само да се напаѓа ? Процесот на Евро -интеграции бара и дела , а не само зборови ....
Од: Ози
Датум: 13.12.2010 12:51:36
Не се секирам многу. Набрзо ќе падне како што падна споменикот на Садам. И сите пресреќни, кој со копач, кој со чекан, кој со влечка, заеднички ќе го рушиме овој монструм. За да никогаш повеќе не биде спомнат, од срам.
Од: Oskar.
Датум: 13.12.2010 12:56:16
Izjavata na Premierot vo magazinot Publika, za proektot Sk 2014, e za vo antologija, polna e so biseri.
Од: граѓани
Датум: 13.12.2010 13:03:43
До последен момент се надевав дека сепак ќе го послуша гласот на народот против оваа бесмилсена градба, но колку што растеше бројот на граѓаните кои со валидни аргументи се изјаснуваа против овој проект толку повеќе Груевски се инатеше - не можев да се изначудам на неговата царска суета (додуша постоеле и благородни цареви кои имале слух за гласот на народот).. Исто така не можам да се изначудам што се градат споменици масовно - во многу побогати светски метрополи се градат 1-2 споменици годишно, а овде топтан, не му е галје на Груевски што има има и други приоритети за градење, уште помалку му е гајле што народот масовно осиромашува(еве само еден пример од илјадници - мизерни суми за социјална помош).. Важно тие набрзина да исперат пари, па потоа и да ги симнат од власт никој нема да може да го разврзе криминалот кои си го заштитиле со разно-разни променливи закончиња..
Од: caki
Датум: 13.12.2010 13:15:04
Aman vekje...pak ke kazham:Ako vlezeme vo EU kako Makedonci, portata ke pretstavuva triumf nad FASHIZMOT!!A spomen. na Aleksandar e noz vo srceto na grchkite fashisti....
Од: Ерато
Датум: 13.12.2010 13:43:06
Почитувана, Г-ѓо, Ангеловска, Појавите во природата и општеството, малкумина можат да им ги пренесат на останатите, на овој начин како што тоа го правите Вие! За таа цел треба да сте во соработка со некоја од музите! Секој вид на соработка со Нив, се вика уметност! П.С. Вмровец сум отепан, ама, ја Знаете онаа? `Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината`!
Од: bale
Датум: 13.12.2010 13:54:42
Napolno se slozuvam so MITKO, komentarot mu e na mesto, da sum znael deka glasam za vakvi degenerici sto aber nemaat od vodenje drzava, navistina dobro ke razmislev..... sledniot pat navistina ke vnimavam.......za inaetot na eden premier, strada narodot Makedonski, ama nikoj ne ni e kriv, sami si gi glasavme......
Од: тодор
Датум: 13.12.2010 13:57:48
Па уште ли не ви е јасно. Тоа е триумфална порта низ која ќе помине Блгарската војска како победник во оваа битка за опстанок на Македонија. Нив целта им е да ја снема Македонија, Македонците. Низ таа порта Грујо ќе ги помине неговите наредбодавци Бугарската тајна служба.
Од: Deni
Датум: 13.12.2010 14:27:27
Ne mi e jasno kako moze nekoj koj se smeta za Makedonec, da kaze deka premierot si pisuva svoja istorija, ili krade tuga istorija ili sl. So toa se stavame direktno vo ustata na site onie koi ni se najgolemi dusmani. Jas razbiram deka Crvenkovski so tajfata vi e poblizok i zaradi svoi licni interesi so seta sila se borite da go vratite na vlast , ama nemojte toa da go pravite gazejki go dostoinstvoto na sopstveniot narod. I posle, Gruevski vrsel pritisok vrz mediumite. Pa ne znam dali postoi druga drzava kade mediumite tolku plukaat sekojdnevno vrz se sto ke napravi vlasta, i zgora na se, na cel glas trubat deka se ugneten i deka narodot e zamolcen.
Од: До Цаки
Датум: 13.12.2010 14:45:08
Како споменик на еден Грк би можел да значи нож во грб на Грците?Тоа е нож во грб на Македонците!
Од: R.R.
Датум: 13.12.2010 14:50:53
Ne mi e jasno so sto Crvenkovski im go ispra umot na nekolkumina pa mu veruvaat i uste go kritikuvaat Gruevski.Toj pokaza i dokaza deka ja saka vistinski Makedonija, i uste dolgo ke bide broj eden politicar vo Makedonija.Pozdrav
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 16:15:07
Тоа ќе биде триумф да глупоста на еден народ што избра да биде воден од дилетанти и деца.И триумф на лудоста на еден човек , кој сакајќи да биде запаметен по нешто , одбра тоа нешто да биде неговата лудост
Од: мене
Датум: 13.12.2010 16:22:14
Јас и илјадници други ги сакаме спомениците на Гоце и Даме, на Ченто.... ја сакаме и оваа на независноста.... разбираме дека има такви кои не ја сакаат, но не бидете напорни.
Од: sime
Датум: 13.12.2010 16:51:30
Koj ja videl triumfalnata porta vo Paris e oduseven izgrzdena pred poveke od dve stoletija od imperator na krajot od elisejski polinja a od neja trgnuvat kako zraci mnogu avenii.Ubavina i bogatstvo. Ne sum bas zestok protivnik na nasata arc de la triomf no dali ke zadovoli mnogu kriteriumi ne sum siguren?
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.12.2010 17:05:35
Felix,ne fali se so nesto sto nekoj vece ti go potkazal,so nesto sto nekoj ti go sugeriral. Razmisli li dobro za ona sto ti go napisav vo eden komentar,vo vrska so pretsedatelskite izbori i postapkata na segasniot lider na opozicijata. Nesto slicno obrabotuva i novinarkata na ovoj tekst,a nesto vo slicen stil bese i neodamnesniot mars na demokratijata!!! Ce napises uste nesto slicno na ovoj tvoj komentar,samo povtorno razmisli za ova sto go pisuva i novunakraka i na ona sto ti go sugeriram so mojot tekst!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: tetka viki
Датум: 13.12.2010 17:14:00
da zivee NERON makedonski. Pusta nasa logika - da ni vleze imeto vo istorijata po sekoja cena, pa makar i po loso. Ej bre sto ti e ambicija!!!
Од: verag
Датум: 13.12.2010 17:29:41
Нека побрза со портата,ќе добие кредит од ММФ, што поскоро да ја изграси за да не помине некој друг триумфално низ неа/
Од: blagica
Датум: 13.12.2010 18:01:48
Premierot barem gradi i patista, i spomenici i sali , ne e vo red da go kritikuva nekoj sto nisto ne napravi za Makedonija , a zgora na se se podsmeva , a segite mu stojat na negovata glava. I edno neka mu e jasno na "g-not"Crvenkovski i uste deset izbori da ima toj nema da ja dobie vlasta vo r.Makedonija
Од: Do RR
Датум: 13.12.2010 19:18:26
Verojatno si gi pobrkal brzinite bratce, ona sto goi zboruvas ne e valjda deka go misloisw, edinstveno Grujo stvarno ja saka Makedonija amka nadvor od EU, kade si go tovari magareto so familijata, go unisti narodot, gradi kic spomenici dodeka rodilki umiraat, patista se raspagjaat i za 5 godini namesto bar malku da se mrdne napred, nie toneme li toneme. Slusam deka na site portokalovo komentari vi e pokacen honorarot vo sostojba na ocaj. Kukala vi majka.
Од: Otsustvo na cuvstvo za realnosta
Датум: 13.12.2010 21:53:28
Knjaz Milos pracal emisari po Srbija so cel da go ispita raspolozenieto na ludjeto. Ako peele, ako bile veseli, ako bile raspolozeni - gi zgolemuval danocite. ako,pak, bile zagrizeni, ako bile tazni, ako bile neadovolni - gi namaluval danocite. Mladoto kralce na Jordan, Husein, pak, toa go pravel licno na toj nacin sto se oblekuval kako selanec i setal medju ludjeto za da go pocuvstvuva raspolozenieto na ludjeto. Vo Makedonija tolpi ludje sekojdnevno protestiraat pred Ilindenska b.b. nonekoj se pravi kako da ne go zabelezuva nezadovolstvoto na narodot! Zalno i tazno.
Од: do todor
Датум: 14.12.2010 02:08:59
Ne se grizi Todor.Stom Buckovski ne e na vlast nema opasnost od vojskata i razni sluzbi od istocniot sosed.Pogledni se vo ogledalo i zaprasaj se dali si ti bugarofil.
Од: simbol
Датум: 14.12.2010 09:29:03
Od koga pamtam za sebe mozam da vidam deka samo ovaa vlast na celo so premierot gruevski gradi nesto, toa e se

Најди! во Утрински
Втора страница
Калајџиев
Вербатим
Отфрлена тужбата на Ел Масри против германската влада
Скопје знае што e потребно за прием во ЕУ, вели Друцас
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary