|
|
|
|
|
|
Калајџиев: Апелација правилно постапи за Бајруш!
Врховен суд, Обвинителството и Судскиот совет стануваат алатка на извршната власт, предупредува професорот Гордан Калајџиев
Гордана Дувњак
Последната одлука на Врховен суд за Бајруш Сејдиу е еклатантен пример за судска криза во Македонија, но и почетокот на крајот на правната држава, смета професорот по кривично право од Правниот факултет во Скопје и експерт за човекови права, д-р Гордан Калајџиев. Тој се прашува: „Ќе остане ли судија во државата, кој ќе може да донесе самостојна одлука, а да не се плаши дека нема да биде разрешен, ако таа не и' се допаѓа на владејачката структура“.
Според Калајџиев, Кривичниот совет на скопскиот апелационен суд постапил правилно, а грешка прави Врховен суд кога си дозволи да го укине решението на второстепениот суд за замена на притворот со куќен притвор, како и со дополнителни гаранции во висина од 1,4 милиони евра.
„Обвинетиот има право да бара укинување или замена на притворот според Законот за кривична постапка, но и според Европска конвенција за човекови права и не смее барањето за заштита на човековите права (БЗЗ) да има штетни последици по обвинетиот. Тука воопшто не сакам да навлегувам во тоа дали и колку е виновен Сејдиу, бидејќи тоа е работа на судот и на Обвинителството“, оценува Калајџиев.
За него, нема ништо спорно ни во тоа што судиите одредиле истовремено две мерки за обезбедување присуство.
„Притвор не е исто што и куќен притвор, кој е многу поблага мерка. Не гледам зошто таа да не биде искомбинирана со дополнителна гаранција. Кого штити највисокиот суд? Од една страна, го проблематизира куќниот притвор, а ја негира потребата за засилување на оваа мерка, со гаранции“, додава професорот.
Најстрашно е што се бара разрешување на двајца искусни судии за нестручност и несовесност, од кои едниот е и претседател (Јордан Митриновски и Исмаил Лимани н.з), за една судска одлука, вели Калајџиев. „Се прашувам како Митриновски можел да стане претседател, а бил нестручен судија“, додава тој.
Каков заклучок може да се извлече од последниот случај?
„Јавниот обвинител на Македонија, Врховен суд и Судскиот совет стануваат обична алатка на извршната власт и тоа е крај на поделбата на власта, правната држава и човековите права. Што може сега да се направи и што натаму ќе се случува, не знам. Во некои држави убиваат судии и слично, ама вакво нешто како ова кај нас, не сум сретнал, барем не во Европа“, потенцира разочарано Калајџиев.
За него како човек од правото е скандалозно, министер за полиција, кој воедно е и партиски кадровик, како и политичка партија, да се мешаат во судски одлуки и да бараат смени.
„Излегува дека е доволно партијата да изрази несогласување со нешто, а потоа правосудните институции да се ставаат во функција на спроведување на истиот тој партиски став“, завршува професорот. |
#
|
Статијата е прочитана 2238 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: tesko na MK |
Датум: 13.12.2010 12:16:23 |
|
Tesko na sudiite, no tesko i na makedonija. zar so vakvi pritisoci vrz sudstvoto Evriopa kje ne primi. Bi mu predlozila na Pretsedatelot na Vrhovniot sud ( kumot na spikerot) da podnese predlog do Sudskiot sovet za negovo razresuvanje, kako i za razresuvanje na sovetot koj resavase po baranjeto za zastita na zakonitosta. Vakov pritisok vrz sudstvo go nema ni vo Severna Koreja ni vo Venecuela, no nitu kaj nasite "brakja" - Hunzite |
|
|
|
|
|
|
Од: Митко |
Датум: 13.12.2010 12:22:22 |
|
Кризата на правосудниот систем ескалира. Судиите сакале-неќеле мораат да судат како што им налагаат партиските моќници на ДПМНЕ. Јас имам лично искуство со една таква пресуда, каде судијката не сака да ги види предложените материјални докази и донесува пресуда по диктат на еден ДПМНЕ-овски моќни��. Таквите судии треба да бидат разрешени. Но за жал сега и да им поднесеме претставка до Судскиот совет, знаеме како ќе заврши. Додека со правосудството управуваат ликови како „двоецот со кормилар“ Маневски, Грчев, оној претседателот на Врховен суд (кумашинот на Вељановски мислам), Шврговски и сите партиско поставени претседатели на судовите - ние дипломите можеме да си ги скриеме во некои скришни чекмеџиња - БИДЕЈЌИ ОВДЕ ПРАВОТО НЕ ВЛАДЕЕ |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 13.12.2010 12:22:34 |
|
Вакви просветлени експерти еднонасочни плус ептен надарени судии доведоа да имаме примери како оној легендарен овчар од Камењане да му ја дувне и да нее достапен неколку години,плус сомнителни хипотеки.Експертот нека наведе еден единствен пример да оној осуден првостепено на 5 и кусур години да одлежува притвор дома.А плус што дотичниот осуденик е познат по бегства преку граница,за ескивирање судења. |
|
|
|
|
|
|
Од: zoro |
Датум: 13.12.2010 12:41:51 |
|
Sudijata trebal da ima vo obzir dali obvinetiot sto bara domasen pritvor moze da ja napusti drzavata i pokraj garanciite vo milioni evra i odzemanje na pasoshot. Vo ovoj slucaj, koga se raboti za milionski tajkun koj se obide nasilno da ja napusti drzavata bukvalno rusejki ja rampata na granica no i eden od najgolemite majstori na organiziran kriminal dosega pritvoreni vo makedonija, mu doagja isto kako vo italija da se oslobodi nekoj pritvoren od koza nostra. Jasno e kako den deka ovde se raboti za potkup, no ne me cudi ni profesorov so go brani kolegata koga profesorite se najkorumpiranite vo ovaa drzava! Epa dosta lapavte, mora drzavata da vi stavi kraj i na vashiot kriminal!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Жарко,Ресен |
Датум: 13.12.2010 12:53:25 |
|
Да одиме уште малку подлабоко во анализата на професорот.Дали професорот има сретнато некаде во Европа,адвокат кој нема ниту ден искуство како судија,веднаш да биде поставен за претседател на Врховен суд.Знаете ли колку мазно помина целата ситуација без поголеми потреси во јавноста.И сега се чудиме како може да добиваме вакви одлуки,судии со долгогодишно искуство да бидат пред разрешување,само за да бидат задоволени некои луѓе од власта. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ким Јонг Ил |
Датум: 13.12.2010 13:01:25 |
|
Само така другар Михајло и другарке Гордана, не оставајте ништо од демократијата и човековите права оти се жив ѓавол. Со цврста рака напред кон иднината, а Европа нека не ве прима, ич да не ви е гајле. А за инат за грците, ви предлагаме име Севернокорејска Македонија, бидејки со вашите постапки не надминавте во секој поглед. |
|
|
|
|
|
|
Од: Leon Falkov |
Датум: 13.12.2010 13:01:53 |
|
Koga nekoj kako profesor Kalajdziev ( zad kogo, kolku sto znam, ne se vlecat partiski opaski) go veli ova, togas sostojbata e povekje od seriozna. Toj trgnuva od svoite profesionalni standardi, sto e navistina ohrabruvacki, no zatoa pak gi nemame slusnato stavovite na zdruzenijata na sudiite, koi i natamu molcat. Taka sto i ovoj slucaj kje mine premolcan i bez reakcija, osven izvestaite na nekoi mediumi i po nekoj hrabar intelektualec so integritet. I taka kje bide se dodeka ne ni dojde redot na nekoj od nas - no kje ima li togas koj da zboruva za nas? |
|
|
|
|
|
|
Од: od gorgi penkovski |
Датум: 13.12.2010 13:26:01 |
|
ako ova e sudstvoi demokratija mislam dekaostanatite cesni sudii terba da se zaprasat sto barat tamu samo platai ili fasizoidna vlast . blagodaram |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 13.12.2010 13:50:35 |
|
Така ке биде се додека Грујо и неговата фамилја се на власт.А вие седите доме и чекајте ке дојде Тито да ви направи држава,поминаа тие времинња,време е да се освестите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mirjana |
Датум: 13.12.2010 14:15:34 |
|
Profesore, ne gi kometiraj odlukite na sudovite i ne davaj kvalifikacii. Zasto si proglasen za ekspert, ama ednonasocen. Najde Bajrus da go stitis ili tie okolu nego. Za nego sumata ne e golema, prva prilika kje go snema od Makedonija, sto e mnogu pozelno za tie sto se krijat zad nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vuk |
Датум: 13.12.2010 14:34:31 |
|
Sve dodeka licnoto ili profesionalnoto mislenje e dovedeno vo prasanje ce ima zloupotrebi vo vrsenjeto na funkciite.
Treba so sila na Zakon a ne proizvolno da se sprecat zloupotrebite a ne otposle da se lecat ili zloupotrebuvaat.
MVR da ima pravo da privede i lisi od sloboda i da go dovede pred obvinitel koj ce go izvede pred istrazen sudija vo rok od 24 casa i kaj koj treba da go pokrene obvinenieto.
Istrazniot sudija da izrece merka pritvor no ne podolgo od tri (3) meseci.
Ako e potrebno prodolzuvawe na merkata pritvor treba da se bara odobrenie od srana na Apelacioneniot sud za prodolzuvane na merkata pritvor no ne podolgo od tri (vkupno 6) meseci.
ako e potrebno obvinetiot da ostane vo pritvor treba da se bara odobrenie od Vrhovniot sud do pravosilnosta na presudata.
Site ovie proceduri da bidat vo funkcija potrebni se zakonski izmeni na postojanite zakoni so jasni i precizni obvrski na zasegnatite sidski institucii a ne proizvolni tumacenja na koj kako mu odgovara. |
|
|
|
|
|
|
Од: p |
Датум: 13.12.2010 15:01:50 |
|
Дали навистина „...нема ништо спорно ни во тоа што судиите одредиле истовремено две мерки за обезбедување присуство.. “(на обвинетиот)? Законските одредби го демантираат овој став, бидејки пропишуваат: Во „Заедничката одредба“ (Член 175), во ставот 1, како други мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот се наведени: гаранција, куќен притвор и притвор; во ставот 2, пак, од истиот член, (реченица втора), е речено: „Судот може спрема обвинетиот истовремено да определи мерки од ставот (1) на овој член , освен кога ќе ја определи мерката притвор. Според ова, не е логично така дасе определат, а впрочем така и не е пропишано, истовремено да се определат куќен притвор со гаранција ниту притвор со гаранција. Инаку, новинарот на Нова Македонија (Д.Ј.) во една скорешна колумна во весникот Нова Македонија напиша: „...управата глуми Господ а во судството и мајките на судиите повеќе не веруваат...“. Новинарот пак не е кој било новинар! ? |
|
|
|
|
|
|
Од: Pirin |
Датум: 13.12.2010 15:21:26 |
|
javnosta normalno so zacuduvanje gleda na negovoto osloboduvanje od protvor vo zamena na domasen , ako toa veeke je pravilno togas treba site pritvoreni sto se vo islednickiot zatvor da bidat pusteni a ne samo toj , za koi najvise se pisuvase prikazvase i se obvinuvase da je najgolemiot kriminalec vo makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: mile |
Датум: 13.12.2010 15:29:32 |
|
Ако дојде ред и газда велија да го осудат каде ќе го притворат нашите судии можеби во хотел со 5 ѕвездички или пак во Охрид кај градоначалникот дома. Не сме дојдени ние за домашен притвор и сл башка за домашен притвор се тие што имаат сторено лесни дела и прв пат а не за илегално работење и фалсификување. Правење милионски суми на профит на сметка на државата и на рабовите кои работеле во погоните на црно. За такво дело и на врапчињата им е јасно дека се лежи тешка робија а не дома на раат да си седат и да шетаат низ град. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pravedna |
Датум: 13.12.2010 15:52:34 |
|
Ako tolku institucii se soglasile deka domashniot pritvor za Sejdiu e neprifatliv pod nieden uslov, toa treba da se pochituva. Znaeme nie zoshto Sejdiu saka domashen pritvor. Ushte prviot den od domashniot pritvor policijata ke go bara preku granica. Nema tuka nikakov pritisok nitu partiski interesi. Mitrinovski si primil mito za ovaa odluka, toa e jasno kako den. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero |
Датум: 13.12.2010 15:59:53 |
|
Odmazda na familijata za poddrskata sto sudijata mu ja dade na Duma.Smrt na fasizmot. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 13.12.2010 16:32:58 |
|
G-dine felix,mozes li barem ednas,samo ednas da bides konstruktiven i dosleden na sopstvenite
viduvanja,ne na moite ili na drugite sto ne se na ista
branova dolzina so tebe.
Pred nekolku dena,tekstot na Katerina Blazevska go proglasi za "bestseler" i zadolzitelna lektira za nas "neprosvetlenite"!!! Duri zkaza i ispituvanje.
Vo poslednata kolumna Blazevska ukazuva na sosema istoto na sto ukazuva i prof.Kalajdziev.
Sega da ja citame ili ne??????????????????
Vo mojot komentar na poslednata kolumna na Blazevska posociv na toa (te imav na um) deka
ne se komentira sustinata na napisanoto tuku avtorot na istoto.
Dokolku,pak,imas imalku pravo so tvojot komentar,togas sme go obrale bostanot na dolgi stazi.Zamisli,idnite sudii,obviniteli,advokati i drugi nositeli na pravniot sistem se educiraat kaj ovoj,spored tebe,"nikakov" ekspert.
Sto ce reces istiot da go zamenime so praten. Nikolovski,a!!!!!! Taka i ti bi mozel da se dokopas do diploma za pravnik,so istoto "poznavanje"
na pravnat |
|
|
|
|
|
|
Од: Darko Cvetanovski |
Датум: 13.12.2010 20:40:48 |
|
Јас незнам зошто се крена волкава фама околу овој случај,а да не забележиме дека има политичка позадина, значи во конкретниот случај се работи за чисто процесно прашање, апелација овде не одлучи мериторно дали е обвинетиот виновен или не, односно на барање на одбраната ја замени мерката притвор за обезбедување на обвинетиот со мерките куќен притвор и гаранција.
И не ми јасно како може обвинителството да напише БЗЗ со предлог на штета на обвинетиот а Врховен да донесе одлука на штета на обвинетиот, односно согласно ЗКП Врховен не може да донесе одлука по БЗЗ reformatio in peius во однос на правата на обвинетиот, туку само може со одлуката да даде коментар на повредата што ја сторил понискиот суд.
Навистина чудесно што се случува во судсвото, од една страна се работи за искусни правници, а од друга страна се случуваат вакви работи, навистина контрадикторно. |
|
|
|
|
|
|
Од: vasco beleski |
Датум: 14.12.2010 01:26:42 |
|
koga nekoj go izmislil zatvorot imal nesto na um ......e sega nekoj drug goaga i veli ajde ako sakas ukini si go zatvorot zatoa sto si ti moken (a ne e sekoj) i uzivaj doma so familijata a demek si osuden....ma kakvo pustenje zatvor se dodeka ne se seti zsot otisol vo zatvor pa da pocne da go grize sovesta sto ja nema....a vie citatelite sto se predstauvate pod psevdonimi bidejki nemate madijna ne tresete gluposti deka vaka nema da ne primele vo evropa i uste red drugi raboti sto vrska nemaat so zvitotot....site sudiii se polnoletni i zgora na toa profesioanlci i ako nekoj vrsi pritisok nad niv togas treba pak da si bidat profesionalci i da si dadat odkaz....osudeniot ne zasluzuva domasen pritvor bidejki toa ne e nikakva garancija....a sto e red da lezi red e.....za dobroto na narodot da znaat site sto rabotat protiv zakonot kade se odi posle toa..... |
|
|
|
|
|
|
Од: MITRE OD RUVCI |
Датум: 14.12.2010 08:51:24 |
|
Зошто власта не кажува како можи СУРОВИОТ УБИЕЦ ОД ПРИЛЕП ЕКС ПОЛИЦАЕЦОТ РУБИН ШАНДАЛО,кој е осуден на 12 години затвор за свирепо убиство ,да ШЕТА слободно низ ПРИЛЕП КАКО ПАУН.Кој судија од БИТОЛСКА АПЕЛАЦИЈА го пушти на слобода нека кажи МАНЕВСКИ И ГРУЕВСКИ |
|
|
|
|
|
|
Од: од правник |
Датум: 14.12.2010 09:38:36 |
|
браво за Дарко,се гледа кој го читал Законот за кривична постапка |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 14.12.2010 11:31:14 |
|
Уште два коментара да напише Феликс на тема судство неговава партија ќе го постави за судија. Колку за донесување партиски пресуди, арен е. |
|
|
|
|
|
|
|
|