Двајца загинати во сообраќајни несреќи, еден во железничка
Петгодишниот Зоран Витанов од струмичкото село Муртино загина во сообраќајна несреќа што се случи во средата околу 20,30 часот во атарот на селото. Во детето, кое веројатно претрчало на улицата, удрило комбе „фолксваген“, управувано од 24-годишно момче.
Велосипедистот Т.С. (27) од Скопје го загуби животот откако во него удри БМВ, управувано од Г.П. (24). Несреќата што беше кобна за поранешниот штитеник на Домот за деца без родители се случи завчера околу 20,40 часот на улица „Првомајска“ во Скопје.
Во железничка несреќа, која во четвртокот околу 20 часот се случи на дивиот премин кај надвозникот во скопската населба Маџари, загина Љупчо Калачов (56) од Скопје. Во него удри патничкиот воз што сообраќа од Кичево кон Скопје. (Г.А.) |