Ограбена 86-годишна старица во својот дом
Осумдесет и шестгодишна старица била ограбена во својот дом на улица „Мирче Ацев“ во Прилеп. Непознатиот разбојник во четвртокот вечерта тропнал на нејзината врата, наводно, продавајќи огревни дрва. Откако старицата го одбила, тој ја турнал на земја и од џебот и' зел 12.000 денари, по што побегнал. (Г.А.) |