Трагична смрт на штипски работник
ШТИП - Завчера напладне во Штип во бизарен несреќен случај настрада Теодор Станоевски (47), работник на ЈП „Исар“. Станоевски, кој бил мошне вреден и совесен работник, откако фрлил канта смет во контејнерот, се обидел сметот да го турне подлабоко во возилото. Притоа, бил зафатен од механизмот за вовлекување на сметот, по што бил повлечен и заглавен во пресата. (И.Б.) |