Прекршочна пријава за градоначалникот на Кисела Вода
Полицијата поднесе прекршочна пријава против градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, затоа што во средата вечерта непристојно се однесувал спрема полицајците од станицата во Драчево. Според МВР, полицајците го привеле 16-годишниот син на советникот во Општината, Слободан Трпевски, поради две кражби. Трпевски и Арсов дошле во станицата и им се заканувале на полицајците. (Г.А.)
Нашата дична полиција го покажа своето присуство и во Кисела Вода. На проверениот, стар партиски кадар „прекршочна пријава„ а за она околу градажниството, она што и врапците го знаат, нема ништо. А и не треба, па нели е наш човек, има и за него и за партијата. Само да не зборавиме со оваа „прекршочна пријава„ му го тргаат килимчето од под нози, можеби и ќе си изгуби од кадровските листи... Но, едно е сигурно, ова плукање под неговиот прозор...