Бесплатни прегледи за простата
И мажите бараат бесплатни превентивни прегледи и тоа за простата. По 50. година, мажите бараат да имаат право на бесплатен ректален преглед и проверка на тумор-маркер за рак на простата еднаш годишно. Само на овој начин ќе може да се подигне свеста на мажите за сопственото здравје, но и порано да се открие ракот на простата.
Иницијативата за бесплатни прегледи за простата ја поведе здружението „Здрава простата“, прво здружение во земјава кое ќе се грижи за здравјето на машката популација и за подигнување на нивната свест. Дотолку повеќе што од ракот на простатата, болест која е на второ место по смртност кај мажите, годишно во Македонија заболуваат околу 70- 80 нови пациенти, а дури 90 отсто од нив се откриваат во доцна фаза кога и целосното излекување на болниот е речиси невозможно. (Ј.Ј.) |