Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Од воз - на лекар

Сања Наумовска

„Македонски железници - Транспорт“ се подготвува да продава билети за воз преку Интернет. Компанијата фаќа чекор со европските трендови. На своите клиенти ќе им понуди нова услуга што треб�� да ги привлече што почесто да ги користат возовите како превозно средство. Нема потреба од трчање и чекање редици по шалтери. Во иднина, возниот ред, дестинациите и билетите ќе бидат достапни на интернет-страницата на компанијата, па се' ќе може да се заврши и од дома.

Одлична идеја на „МЖ - Транспорт“. Конечно, ред беше и нашите патници да се почувствуваат европски. Со оглед на тоа дека најчести патници во возовите се студентите, потегот на компанијата, веројатно, и ќе си ги даде очекуваните резултати. Но, ако се олесни купувањето карта, не значи и дека ќе се подобри железничкиот превоз. Прастарите возови се нечисти, неудобни, небезбедни, а од друга страна, и пребавни.

Седнување во македонски воз е ризик за секој патник. Зиме смрзнувачка, лете - пекол. Нема ниту парно ниту климатизација. Прозорците заглавени, провев од сите страни. Од Скопје до Битола гарантирано ви изѕемнуваат нозете, а до Гевгелија, пак, се добива запаление на уво. До Белград, којзнае што. За подалеку и не знаеме, бидејќи нашите петдецениски возови се заглавени на Балканот. Во Европа не можат, освен ако не треба да ги изложат во некој историски музеј.

Услугата во железницата е комплексна и бара огромна инвестиција, за која мора да размислува и компанијата, но и Владата. Итно треба да се купат нови патнички вагони и локомотиви и да се обезбеди достоинствен превоз за македонските патници. Ако не, пак, „Македонски железници“ нека почне да размислува заедно со билетот да дели и специјалистички упати.


#
Статијата е прочитана 1381 пати.

Испрати коментар

Од: zapadevrop
Датум: 05.11.2010 14:06:49
sepa malku avtorkata pretaruva nese tolku loso vozovite vo maked i za pofalba e toa sto preku internet ce izvadis karta pa taka i tuka na zapd me raduva faktoto stp preku internet ce zemam karta i nema da trcam na zeleznicka karta da vadam od aerdrom....bravo..a i na zopad ima vozovo tie od 60etitie i 50etite god i se ocaj ama cutat nikoj nese buni tuka drzavta pravi propagdna deka se najdobri i ludjeto navistina mislat se najdobri hahaha.
Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:41:22
Нашиот последен воз од оваа дупка избега. Џабе картите преку Интернет. Нема за каде.
Од: zoro
Датум: 06.11.2010 00:47:44
samo eden primer...vo Vilnus Litvanija ima direktna linija od aerodrom do avtobuska i obratno na sekoj pola saat,dodeka kaj nas nema ni avtobus.A da ne zborime i kakvi ni se mkd-zeleznicite,a raskrsnica sme na balkanot samo djabe.Prava katastrofa!

Најди! во Утрински
Втора страница
Брисел не' фали со половина уста
Вербатим
Владата го чита грешно извештајот на ЕК
Само професионалците се добри дипломати






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax