Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Само професионалците се добри дипломати

Амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини, смета дека само професионалците се добри дипломати и оти тоа правило треба да го почитуваат уште повеќе малите земји, како што се нејзината и Македонија. Според неа, Холандија моментно има само еден политички именуван амбасадор, но и тој бил избран, бидејќи се покажал како најстручен за таа позиција.

„Политичарите имаат проблем да бидат неутрални. Тие повеќе работат за себе отколку за националните интереси“, рече Филипини на собирот организиран од Клубот на македонските дипломати. Од македонска гледна точка, многу футуристички беше нејзиниот опис каков треба да биде дипломат на мала земја, за да биде успешен и да ги турка интересите што се зацртани.

„Салонската дипломатија, со гламурозни коктели и пишување извештаи од канцеларија веќе не постои. Дипломатите сега треба да загазат во калта, да рашират мрежа на контакти како пајаците, да имаат пристап до соговорниците, да бидат транспарентни. Тие треба да бидат многу интелигентни и продорни, да одат на стратегија ’win-win‘. Треба да имаат јасно зацртана цел и да се фокусираат на неа“, порача таа. Според неа, во Холандија дипломат може да биде само некој што има завршена магистратура и исклучителни вештини.

„Нашите дипломати сега имаат фантастични СВ, зборуваат повеќе јазици и кога ќе дојдат веќе направиле многу нешта. Нивните способности се проценуваат секоја година и уште во почетокот им се кажува кој ќе напредува по брзата лента, а кој по бавната, но нивното напредување е најобјективно што може“,информираше амбасадорката. Сликовито таа заклучи дека во современата дипломатија амбасадорите се „слободно движечки објекти во странство“, па како такви се лицето на земјата или нејзината „бизнис-карта“. На прашањето која е разликата меѓу дипломатијата на мала и богата земја и таа на мала и сиромашна, Филипини одговори дека ако си богат можеш да си дозволиш повеќе амбасади, а ако не си, не можеш да ја платиш сметката. Затоа, препорача таа, фокусот треба да биде на кадарот и на приоретизирање на целите, или како што рече, за таа дипломатија главно е правењето избор. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 798 пати.

Испрати коментар

Од: Kvazidiplomati
Датум: 05.11.2010 17:07:34
Golema iluzija e dokolku onie koi se vo tn. Diplomatski klub se smetaat za parofesionaci! Vo vremeto na SFRJ so silna podrska od makedonskite vlasti odea kako tretoklasni diplomati vo jugoslovenskite konzulati (Solun, Toronto, Sofija, Tirana) ili vo DKP vo sosednite zemji na SFRJ. Tie ne rabotea vo jugoslovenskata diplomatija, tuku bea na nekolku mesecni podgotovki (kursevi) vo Belgrad, a potoa zaminuvaa vo spomnatite jugoDKP! Koga se raspadna SFRJ tie stanaa glavni ,,faci,, vo makedonskoto MNR i ne dozvoluvaa nikomu od onie sto se vratija od Belgrad da dobie soodvetno mesto! Toa e glavna pricina sto makedonskoto MNR nikogas ne profunkcionira kako vistinsko MNR!
Од: Od Kavadarci
Датум: 05.11.2010 20:20:29
Kako kaj nas ke imame profesionalci vo diplomatijata, koga za primer ke gi zemam staro i novovrabotenite cinovnici vo MNR. Najstariot e na konzulska funkcija poveke godini i dosega nemame slusnato ni dobar ni los zbor za nego. Drugite dvajca novovraboteni-edniot poznat opozicioner sega najgolem vmrovec so edna tribina si dobi mesto vo MNR, a drugiot koj ne znae nitu eden stranski jazik bese ispraten za nagrada vo ON vo Nujork i staven na rakovodna funkcija vo MNR poradi lokalna partiska podrska a ne poradi kvalitet ili soodvetno obrazovanie. I posle ovaa kako ke primame soveti od Holandija, za nisto.

Најди! во Утрински
Втора страница
Од воз - на лекар
Брисел не' фали со половина уста
Вербатим
Владата го чита грешно извештајот на ЕК






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax