Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Милошоски само ќе го поздрави Ламбринидис

Македонскиот шеф на дипломатијата ќе има простор само да го поздрави новиот грчки министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис, во Луксембург, за време на работниот состанок на министрите на земјите од ЕУ и од Западен Балкан. Иако најавата од МНР за учеството на Милошоски на состанокот во Луксембург наведува дека тој ќе оствари повеќе билатерални средби со свои колеги вчера од Министерството не можеа прецизно да кажат со кого се ќе се сретне шефот на дипломатијата. Тие информираа�� дека евентуални билатерални средби на Милошоски со негови колеги ќе се договараат на самото место, што ќе зависи од нивните агенди. „Состанокот ќе трае два часа, а потоа повеќето од министри си одат“, објаснуваат оттаму.

Oна што можеше да се добие од нашето МНР за можноста за билатерална средба Македонија - Грција во Луксембург е дека Милошоски ќе ја искористи пригодата на состанокот да го поздрави, да му честита и да му посака успешен мандат на новиот грчки колега. За евентуална средба Милошоски - Ламбринидис информациите до МНР кажуваат дека е поверојатно до неа да дојде на состанокот на Процесот на соработка на Југоисточна Европа во Будва на 29 јуни. Македонската страна веќе упатила официјално барање за средба на двајцата министри во Будва и до крајот на неделава се очекува Атина да одговори на него. (Т.Г.)








#
Статијата е прочитана 525 пати.

Испрати коментар

Од: Mudrec
Датум: 21.06.2011 12:09:22
Ne poddrzuvam kurtoazija, nema potreba da se ulizuva i da se blamira. Ima tolku mnogu drugi ministri tamu, ima so koj da se napravi muabet.

Најди! во Утрински
На прво место
И Бадентер ќе ги тера на компромиси
Стариот спикер за новиот парламент
Изборите поминаа добро во Советот на Европа
Пратениците неделава ќе тргнат на работа

"""