Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Изборите поминаа добро во Советот на Европа

Тамара Грнчароска

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со оцена за добро организирани го усвои Извештајот за следењето на предвремените парламентарни избори во Македонија. Во заклучоците на Парламентарното собрание за извештајот се повторува терминологијата со која странските набљудувачи ги оценија изборите еден ден по нивното одржување. Изборите и ПССЕ го оценува како транспарентни, добро организирани на целата територија, и дека гласачите можеле слободно да ја изразат својата волја во мирна атмосфера. Претседател на парламентарната делегација од Македонија, Александар Николовски, кој учествуваше вчера на сесијата на која беше усвоен извештајот за Македонија, за „Утрински весник“ изјави дека „ова е најпозитивниот извештај што го добила Македонија“. Според него, ова ќе биде политички капитал што ќе го капитализираме со создавање идна демократска култура на избори. Николовски притоа се надева дека извештајот ќе претставува вовед во реафирмирање на препораката на Европската комисија за почеток на преговорите со Македонија.

Во извештајот исто така се наведува дека предвремените избори треба да бидат исклучок, а не правило и оти тие треба да бидат заменети со култура на дијалог меѓу различните политички сили, преку водење разговори низ демократски институции. како што е парламентот, информираше Николовски. Во извештајот била поздаравена работата на ДИК, Изборниот законик, но бил осуден бојкотот на Собранието.


#
Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
И Бадентер ќе ги тера на компромиси
Стариот спикер за новиот парламент
Милошоски само ќе го поздрави Ламбринидис
Пратениците неделава ќе тргнат на работа

"""