Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

И Бадентер ќе ги тера на компромиси

Најмалку 35 пратеници би требало да го сочинуваат Бадентеровото мнозинство во седмиот парламентарен состав, кој ќе се конституира во некој од наредните денови. Станува збор за бројка што е значително поголема од збирот на мандати (15) со кои располага ДУИ, како партија што се очекува да биде второрангирана и да има одлучувачка улога и во идната власт.

И ваквата политичка математика упатува на тоа дека владејачките партии, откако го изгубија комодитетот што го уживаа во парламентот, ќе бидат принудени на многу компромиси. Особено за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи, како што е употребата на симболите и на јазиците, образованието, културата... за чие изгласување се потребни и мнозинство гласови од присутните пратеници од немнозинските заедници. Тоа би можело да бидат отстапки во рамките на самата коалиција, но и кон некои од опозициските партии, кои, исто така, имаат свој удел во Бадентеровото мнозинство.

Ниту ДИК ниту партиите што на изборите обезбедија влез во парламентот засега немаат попрецизен податок за тоа колку од избраните пратеници при кандидирањето за функцијата се изјасниле дека не и' припаѓаат на доминантната македонска етничка заедница. Точната бројка ќе се знае по конституирањето на парламентот и откако дел од избраните пратеници ќе се повлечат во извршната власт и ќе ослободат место за следните кандидати на партиските листи.

Во секој случај, право на двојно гласање ќе имаат 25 пратеници од трите партии на Албанците, како и десетина парламентарци од партиите на помалите заедници што добија мандат на листите на коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Но, прагот за обезбедување на потребниот број гласови, најверојатно, ќе го кренат и пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, кои при кандидирањето се изјасниле како Срби или како Власи. Првичните процени се дека двете партии ќе дадат најмалку по двајца пратеници што ќе учествуваат во двојното мнозинство.

Според тоа, во идниот парламент нема да биде едноставно да се обезбеди Бадентерово мнозинство. Посебно ако се најдат на дневен ред прашања за кои би требало да гласаат мнозинството „од вкупниот број пратеници што не се мнозинство“ во Македонија. Под претпоставка вкупниот број такви пратеници да е 35, тогаш за да се истурка еден закон ќе треба да се „договорат“ најмалку 18 гласа според Бадентер. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 885 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Стариот спикер за новиот парламент
Милошоски само ќе го поздрави Ламбринидис
Изборите поминаа добро во Советот на Европа
Пратениците неделава ќе тргнат на работа

"""