Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Стариот спикер за новиот парламент

Преговорите за идната владејачка коалиција ќе се прекршат преку Собранието

Светлана Унковска

Очекувањата на ДУИ да го добие спикерското местото во парламентот, наводно, ги отвориле комбинаториките во партијата на премиерот Никола Груевски, со цел да се избегне вакво решение што би можело да се протолкува како потклекнување на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите. Најновите информации се дека досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, можеби ќе го води парламентот и во наредниот мандат. Партиски извори за „Утрински весник“ потврдуваат дека Вељаноски, најверојатно, нема да се менува од собраниското кормило, иако за него претходно се тврдеше дека ќе седне на министерската фотелја во правда на местото на Михајло Маневски.

Истите извори велат дека постојат две варијанти во преговорите за составување на идната коалиција и за поделба на владејачкиот колач. Според едната, ВМРО-ДПМНЕ нема да сака да и' ја отстапи функцијата претседател на парламентот на ДУИ и во таков случај преговорите ќе бидат тешки и ќе се водат долго, а интегративците ќе бараат многу посилни ресори. Втората опција е ДУИ да ја добие спикерската позиција, која од поодамна се токми резервирана за партиската потпретседателка Теута Арифи, и во тој случај натамошниот коалициски пазар би одел полесно. Оттука се потврдуваат и прогнозите дека почетна точка во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, од која ќе зависи како ќе се движи линијата на распределбата на министерските ресори, е првата фотелја во Собранието.

И покрај процените дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да одат тешко бидејќи се работи за стари партнери, треба да се има предвид дека дека овој пат парламентарната сила на двете партии е намалена, а со тоа и преговорите добиваат специфична тежина. И по две недели откако почнаа средбите меѓу двете работни групи, нема информации за некаков напредок во преговорите. Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат постигнато договор е да не даваат информации за преговорите што се водат во најголема тајност. Не се знае и дали интегративците го „проголтале“ назначувањето на директорот на УБК, Сашо Мијалков, на чело на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и дали двете групи повторно се состанале. Уште понеизвесно е и кога лидерите на двете партии, Никола Груевски и Али Ахмети, ќе имаат тет-а-тет средба за финален договор за новата влада.

Досегашните информации се дека она од што нема да отстапи ДУИ е заедничка владина програма, како и поизбалансирана поделба на клучните министерски ресори. Неофицијално дознаваме дека ДУИ го бара Министерството за внатрешни работи, но доколку не го добие, ќе инсистира на првата фотелја во Управата за безбедност и контраразузнавање, на која сега е Мијалков. Исто така, ќе се бара и Министерството за финансии, а во тој случај на ВМРО-ДПМНЕ ќе и' припаднат Управата за јавни приходи и Царината. Доколку, пак, Министерството за одбрана и' остане на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ќе бара да го предводи Генералштабот на АРМ. Исто така, на преговарачката маса се и затворањето на хашките случаи, како и решавање на статусот на борците на ОНА.


#
Статијата е прочитана 3907 пати.

Испрати коментар

Од: Nermin
Датум: 21.06.2011 04:55:33
Ali ahmeti nemoze da bide mnogu ekstremen zato sto moze da se aktiviraat haskite slucai i da se najde zad resetki,ajde neka bide zadovolen kako dosega i ni luk jal ni luk mirisal
Од: petre
Датум: 21.06.2011 07:59:15
I dosega vladata si bese super , toa se vide od napravenoto Mislam nema potreba od promena na ministrite
Од: dui
Датум: 21.06.2011 13:30:34
Pozdrav do site gradjani RM,mislam deka edns zasekogas treba da sfatat deka i albancite se faktor vo RM pa zatoa i treba ne treba toa da go gledat kako kraj na svetot doklku sakaat da opstojuva Makedonija toa go dokazaa albancite so decenii a mislam deka primer e momentot na slavenje na 10 godisninata na potpisuvanjeto na Ohridskiot dogovor. G-dinot Ahmeti e klucniot politicar vo Makedonija koj e edinstveniot polticar koj misli za idninata na drzavata site drugi mozaat da se kvalifukuvaat kako sateliti odnosno proizvod za ednokratna upotreba. Pozdrav i pocit do site umni glavi.
Од: Vlada
Датум: 21.06.2011 14:49:34
Mislam deka na Gruevski najjaki ministri mu se Naumovski-koj sekogas e precizen,rabotliv i najpretstavitelen minister od site!Toj si ja zavrsi najdobro rabotata so pozitivnite izvestai i viznata.Potoa Jankulovska, Stavreski.Mislam deka za Trajko Veljanovski ne treba da zali mnogu zosto toj ne e za tolku jaka funkcija.
Од: PredatorMk
Датум: 21.06.2011 15:12:00
До кога со “wishful thinking“ шпекулации, “независни“ новинари на Утрински?

Најди! во Утрински
На прво место
И Бадентер ќе ги тера на компромиси
Милошоски само ќе го поздрави Ламбринидис
Изборите поминаа добро во Советот на Европа
Пратениците неделава ќе тргнат на работа

"""