Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Интензивно се трага по убиецот на момчето

Дваесет и тригодишниот Михајло Чевревски од скопската населба Кисела Вода, најверојатно, бил убиен на патот за Козјак, а потоа неговото тело било оставено во близина, затскриено во грмушките. Ова се првичните сознанија од истрагата, кои се базираат на увидот на самото место и пронајдените докази во близина на селото.

„Најверојатно е така, но мора да направиме анализа на некои најдени предмети. Пронајдени беа траги што треба да се проверат, дали соодветствуваат со ДНК-анализите на убиено��о момче за да се утврди дали е убиен во близина на местото каде што е пронајдено неговото тело“, велат извори од МВР.

Истрагата на полицијата продолжува. Веќе два дена се вршат интензивни разговори со семејството на момчето, кое било пријавено за исчезнато во неделата. Како што пријавила неговата сестра, тој заминал од дома околу 21 часот, по што не се вратил. Се разговара со пријатели, луѓе со кои контактирал, со цел да се утврди со кого контактирал пред убиството и да се откријат можните сторители.

Телото на младиот Михајло Чевревски беше пронајдено застрелано во главата, во близина на селото Нова Брезница, на патот за Козјак. Го пронашол случаен минувач, кој ја известил полицијата. Обдукцијата извршена во Институтот за судска медицина во Скопје потврдила дека момчето било убиено со два истрела во главата, најверојатно, од пиштол. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1630 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Оштетена црквата во тетовска Мала Речица
Перуанци го прелетале светот со кокаин во желудникот
Мотоциклист удри во семафор и загина

"""