|
|
|
|
|
|
Оштетена црквата во тетовска Мала Речица
Тетово - Манастирската црква „Св. Ѓорѓија“ во тетовска Мала Речица е оштетена од непознати вандали што влегле насилно во внатрешноста. Според СВР - Тетово, оштетувањето се случило во средата околу 12 часот. Криминалците насилно со тврд предмет отвориле еден прозорец и влегле во внатрешноста, каде што очекувале дека ќе најдат пари или вредни предмети. При пребарувањето се искршени две мермерни плочи, а има оштетувања и на фасадниот дел од црквата.
Обновата на црквата во Мала Речица е започната во ноември минатата година. Објектот е подигнат на старите темели и е целосно обновен. Според информации од Иницијативниот одбор за обнова на манастирската црква, досега се потрошени околу 20 илјади евра, главно, како ктиторство на граѓани, бизнисмени и претпријатија, како и со финансиска поддршка и благослов на МПЦ. Црквата и другите објекти во манастирскиот комплекс во Мала Речица беа изгорени во два подметнати пожара во 2001 година.
„Ги интензивираме работите и очекуваме за Ѓурѓовден, 6 мај 2012 година, да се изврши официјалното осветување. Во овој период, освен црквата, која целосно ќе биде реконструирана, работиме и на обнова на конакот и трпезаријата, а на крајот ќе биде оградувањето на целиот простор. Сакам да нагласам дека зад завчерашните оштетувања на црквата не стојат жителите на Мала Речица. Ова е дело на неранимајковци и провокатори што сметам дека ќе ги откријат месните жители“, рече Мирче Деспотовски, член на Иницијативниот одбор за обнова на манастирот во Мала Речица. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 610 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Девица |
Датум: 19.08.2011 01:19:20 |
|
Без разлика кои се со сигурност не се верници затоа што ни една религија не дозволува скрнавење на божји куќи. Сторителите треба најстрого да се санкционираат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 19.08.2011 02:46:40 |
|
Uste odamna vi rekov,Kako da sum ;Dlabocki Kalugjer! ;Ke se gradi da bi se napravilo biznis,a posle, pak rusidba il palevina, Pak Nova Rabota za Biznisot! Imam edna ubava za Gojko i Jovanovski; Ima edna ubava koj sto ja razbira,,Okapi se, ova e, Corava Posla" |
|
|
|
|
|
|
Од: kosta |
Датум: 19.08.2011 06:42:51 |
|
Seoak Islamot e agresiven................... |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1b |
Датум: 19.08.2011 07:41:10 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|