Мотоциклист удри во семафор и загина
Кумановецот Филип Н. (24) загина во сообраќајна несреќа што се случи завчера околу 22,20 часот на раскрсницата од булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ и улицата „Б.Б. Гуцман“ во Куманово. Според полицијата, Филип Н., управувајќи мотоцикл „кимко 300“, излетал од патот и удрил во семафор, при што починал на самото место. Во незгодата била повредена и 20-годишната сопатничка, која е пренесена на лекување во Ургентниот центар во Скопје. Причините за сообраќајката се истражуваат. (Г.А.) |