Продолжуваат препукувањата и непријателствата меѓу одредени медиуми, со што дополнително се влошува медиумскиот амбиент, а новинарите се оддалечуваат од решавањето на проблемите со нивниот професионализам, етика и социјален статус.
Ова е еден од заклучоците од Мониторингот на медиуми што континуирано го спроведува НВО-инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование, а со финансиска поддршка од Институтот отворено општество. Со мониторингот се опфатени седум национални и сателитски телевизии и осум дневни весници. Најновиот извештај е за периодот од 1 јули до 31 август и во него, меѓу другото, се наведува и дека новинарите потти��нуваат дебати за актуелни теми и оти не ја забораваат европската рамка. (П.Р.)