Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија

Цртежот на Тијана Додов придонесува за подигнување на свеста за важноста на родовата еднаквост во ЕУ

Младата Тијана Додов од Скопје е една од победниците на меѓународниот натпревар за цртање на тема „Родова еднаквост“ во организација на Европската комисија. Десетгодишната ученичка од скопското училиште „Јан Амос Коменски“ е една од 14-те победници меѓу 49.709 пријавени ученици на годинашниот натпревар на Комисијата во чест на Меѓународниот ден на жената и единствен победник од балканските држави. Како што се наведува во официјалното соопштение на Комисијата, изборот го направила комисија од 50 деца од Европското училиште во Брисел.

Додов и другите победници ќе бидат наградени со 1.000 евра, а се очекува парите да бидат искористени за купување книги, компјутери и други едукативни материјали. Во натпреварот учествувале ученици од 61 држава, меѓу кои од Африка, Азија, Латинска Америка, медитеранските држави, Блискиот Исток и државите од Југоисточна Европа и од Балканот. Цел на натпреварот била преку цртеж децата на возраст од осум до десет години да ги изразат своите гледишта за родова еднаквост и на тој начин да придонесат за подигнување на свеста на младите за промена и подобрување на ситуацијата на жените во општеството. „Доколку креаторите на политиките работат на поефикасни политики тогаш овие деца може да бидат оние што во практика ќе ги реализираат“, истакна патронот на овогодишниот натпревар, Андре Пиебалгс, еврокомесар за развој. Делата од натпреварот ќе бидат изложени во Музејот за деца во Брисел од 9 до 26 ноември. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1286 пати.

Испрати коментар

Од: наставничката ВРМ
Датум: 30.10.2010 13:22:43
Браво за Тијана, со неа треба да се гордеат сите. Честитки за успехот, а таа и по другите подрачја може да се натпреварува и верувам дека ќе успее. Со добра промоција на квалитетот се постигнува мотив за постојано подобрување. Среќно Тијана!
Од: Tijana Dodov
Датум: 30.10.2010 14:22:49
Драга наставничке, Ви благодарам на честитките. Се надевам дека ќе ја оправдам Вашата верба во мене. И после толку време, најдобрата наставничка (која ме научи и поттикна на многу работи) не се заборава!
Од: Boban kumanovo
Датум: 31.10.2010 00:19:41
Bravo za Tijana za postignatiot uspeh vo tolkava konkurencija, bravo i za nejzinata nastavnicka

Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Ќе нема руска зима во Македонија
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Рушити
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries