Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Последен збор

Роберт Јаки

(1950 - 2010), фоторепортер

Почина Роберт Јаки, извонреден фоторепортер, голем другар, вечен сонувач, фантастичен собеседник и скопски боем.

Своите први фотографии ги објави во „Нова Македонија“ во средината на седумдесеттите години на минатиот век, како претставник на новата генерација фотографи на современата македонска новинска фотографија. Роберт Јаки го задолжи македонското новинарство со пресврт во односот кон специфичното новинско изразување - една слика вреди повеќе од 1.000 збора. Овој веќе злоупотребен слоган, кога беше чист и неизвалкан од политика во Македонија, чинам најмногу му прилегаше на Роберт. Социјалните драми, тука крај нас, големите несреќи и трагедии низ фотографијата на Роберт Јаки и буквално оживуваа на новинските страници и заменуваа цели чаршафи новинарски текст.

Другари од детство, судбината не' спои да печалиме горчлив, но хранлив леб во новинарството. Заедно известуваме од повеќе настани. Секогаш кога до мене беше Роберт, бев сигурен дека работата ќе ја завршиме добро, а потоа сето тоа ќе го залееме во убавите биртии каде што Роберт беше цар. Во 1979 година известувавме од земјотресот во Црна Гора. Маестро Роберт беше во полна форма, постојано опколен со десетици фоторепортери од светот и од југословенските простори, држеше банка, вистинска берза на фотографии. Секоја вечер им даваше несебично слики на сите колеги што не стасале да фатат детаљ што кажуваше за природната катастрофа.

Никогаш нема да заборавам кога со Роберт, на едни разурнати скали во Котор, на еден sид наидовме на гулаби затворени во кафез, кои домаќините ги оставиле, немоќни да ги ослободат. Успеав некако да се испентерам по разурнатите скали и да го отворам кафезот. Гулабите панично излетаа. Само што се спуштив, големиот sид падна. Го гледав избезумен Роберт, кој спокојно чкрапаше со апаратот. „Човече, ќе изгинеме“, викнав. Роберт задоволен се смееше. „Ги имаме најубавите фотографии, рече, некогаш птиците повеќе кажуваат од луѓето“. Така и беше.

Роберт Јаки беше перфекционист, голем професионалец и вљубеник во фотографијата. Работеше за сите изданија на „Нова Македонија“, потоа во Танјуг, ТВ Алсат, а во еден период имаше и свој фотомагазин „Фотон“. Неговите критериуми за фотографија беа на светско рамниште. Отвори повеќе самостојни изложби на уметничка и новинска фотографија.

Новинарскиот еснаф ќе го памети како извонреден професионалец, другар, боем и вонсериски гурман. Во друштво со Роберт, смеењето беше заштитен знак, како и седенките „Кај Јоле“ во Клубот на писателите. Никој не знаеше да каже виц како Роберт. Беше тоа голем човек во секоја смисла на зборот. Замина прерано, судбината сакаше тоа да биде токму на Денот на „Нова Македонија“, каде што ги почнавме првите чекори во новинарството. (Е.Р.)


#
Статијата е прочитана 985 пати.

Испрати коментар

Од: yarkon06
Датум: 01.11.2010 08:29:35
Neka ti e lesna zemjata i cekaj ne.

Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Ќе нема руска зима во Македонија
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Рушити
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries