Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките

Албанските рибари си ловат ли си ловат пастрмки од Охридско Езеро. Во време на тотална забрана за риболов на македонскиот дел од езерото, на албанска страна се ловат тони пастрмка. Осум месеци годишно рибарите од Албанија слободно, со повеќе од сто кајчиња, го загрозуваат рибниот фонд на езерото.

Само во текот на мрестот е воведена забрана за лов на пастрмката и на белвицата. Албанската влада најавува поригорозни контроли од страна на инспекторите за рибарство и воведување повисоки казни.

„Мислиме дека ако стигнеме да имаме заедничка администрација за Охридското Езеро, ќе најдеме решение за сите проблеми што ги има езерото и сливното по��рачје“, изјави вчера Аријан Мероли од Билатералниот секретаријат.

„Се' уште стојам на ставот од пред неколку години дека се' додека не се даде езерото на управување под концесија, ние ќе се соочуваме со овие проблеми“, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат.

За уловени 1.060 мрежи годинава, од страна на граничната полиција биле поднесени само пет кривични пријави. Според спортските риболовци, токму тоа е и причината зошто во Охридското Езеро царува рибокрадството.

„Од албанска страна рибокрадците ловат, но доаѓаат и во македонскиот дел од езерото до Трпејца. Фрлаат мрежи за плашица на длабочина од 70 метри, при што ловат мали пастрмки. Рестораните во Албанија се преполни со мали пастрмки“, вели Радован Димитриески, претседател на СРК „Св.Апостол Петар“. Во земјава е воведена тотална забрана за риболов, но, сепак, речиси во сите охридски ресторани се наоѓа пастрмка на црно. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 984 пати.

Испрати коментар

Од: Stole
Датум: 31.10.2010 09:52:26
Tokmu tuka e potreben komentar na adresa naq Zelju Zelev. Spasot e vo Bugarija da raboti na izdavanje na okolu dva miliona makedonski pasosi na bugarski gragjani i das se bratimime od Ohrid do Crno More kako Makedonci. Genijot na bugarskiot narod treba ova da go stori. Site kako Makedonci, site kako eden narod od Ohrid do Crno More za da ne ne jadat Albancite.

Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Ќе нема руска зима во Македонија
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Рушити
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Студенти бараат да не плаќаат






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries