Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Фамилијарниот бизнис во Центар

Сања Наумовска

Bладимир Здравев остана на чело на Советот на Општина Центар. Ја напушти фотелјата во моќната државна компанија МЕПСО за неудобното советничко столче. Ја остави и петпати поголемата плата за сметка на советничкиот паушал. За да остане народен избраник, се откажа и од многу привилегии и повластувања. Два и два се пет само во политиката, што јасно се гледа и од математиката на Здравев.

Како што и самиот тој пред два дена си рече, откако ја оправил компанијата, сега е ред да се посвети на партијата и на партиските задачи. Се разбира, да ги оправи и семејните бизниси. А, токму тие се главната причина што ги натера првите луѓе од неговата матична ВМРО-ДПМНЕ да му наложат да го задржи претседателското место во Советот на Центар. Очигледно е дека градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, не може да ја заврши работа, па потребна е цврста фигура што ќе ги истера партиско-семејните интереси до крај. За разлика од Тодоровиќ, кој иако често зборува, дава површни и конфузни информации, Здравев не зборува, туку дејствува, а евидентно е дека има големо влијание врз советниците. Многупати досега докажа дека под неговата палка дисциплинирано се гласа за проблематичните урбанистички планови, тајно сработени во партиските кујни.

А, бизнисот не смее да трпи. Шоуто продолжува по секоја цена. Полека, полека се отвораат картите, поточно ДУП-овите. И не сите планови се врзани со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“. Лавови, скулптури, споменици, војници, фонтани... Но, очигледно, тоа не е доволно, власта има сила за уште, па деновиве ги почести скопјани со уште еден ДУП, со кој зафаќа во Старата железничка станица. Ќе се доградува објектот и ќе биде влез во огромен деловен комплекс!

Железничката станица, која повеќе од четири децении е најважниот потсетник на големата трагедија, сега треба да добие нова намена. Ќе биде претсобје за влез во продавници, сендвичарници, кафулиња... Како ќе изгледа, кој ќе ја изгради, за што ќе се користи, каде ќе заврши Музејот на Скопје... Ништо не се знае. Ако граѓаните на избори им го даваат мандатот на парламентарецот, премиерот или на градоначалникот, тоа автоматски не значи и дека им дозволуваат да се однесуваат како да не се од оваа планета. Треба да се почитуваат закони, а најзначајниот градски закон е, секако, Генералниот урбанистички план.

Но, јасно е дека парчето земја, еден од најзначајните споменици за овој град врзан за спомените на генерации скопјани, дел од колективната историја на Скопје, е една од последните слободни неизградени локации во строгиот центар на градот. Очигледно, приоритетот на фамилијата е бизнисот врзан со парцелите и со земјата. Не е ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту, пак, економијата и инвестициите. А, за остварување на приоритетите, вреди да се направи жртва, па макар тоа да биде и директорска фотелја.

Алчните не се потресени што мислат граѓаните. Не ги интересира ниту стручната јавност, која моли да биде сослушана. Планот се донесува по скратена постапка, како еден од приоритетите на Владата. Прескокната е нацрт-фазата, во која јавноста и стручњаците можат да го кажат своето мислење. Насила се наметнуваат волјата и интересите на еден грст луѓе, насила се менува ликот на градот само затоа што некому така му е ќеф.

Сега се осмелуваат да зафатат и во еден од најсветите спомени на една колективна трагедија што го снајде овој град. И која го направи Скопје ова што е денеска. Старата железничка станица е заштитен објект, но кому му значи тоа. Уште отсега се знае дека „компетентните“ надлежни институции веднаш ќе дадат амин ако некој реши да ја догради фасадата, без да се замислат што вели законот. А, нам, всушност, ни треба само еден булевар.


#
Статијата е прочитана 2858 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 02.09.2010 00:07:04
Деспина !!! Никој не ни ги натури !!? Сами си ги гласавме.... а што не туркаат во амбис, си заслуживме......Наздравје Македонијо..........
Од: developer
Датум: 02.09.2010 07:34:15
Интересен е фактот дека "демокративе" се однесуваат по правилникот на комунистите (Сталин, Мао Це), а "комуњарите" се тотално либерално и демократски расположени. Штета што македонецот е толку проста и лабилна машина која многу лесно може да се манипулира и чиј мозок е навикнат на перење. Епа браќа демократски и патриотски македонци, се срамам што сум роден тука, на истото парче земја на кое сте се родиле и вие. Поздрав и секоја чест...
Од: ivana
Датум: 02.09.2010 08:35:17
taka e sami si gi biravte ,ama da go pravat ova unakazuvanje na gradot samo za vas ako ,ama ne e taka upropastuvaat se sto e ,ili bilo vredno spomen na edna tragedija koja ja sanirase cel svet sega tie decista se za pari da unistat ne e fer sprema ostanatite gragani koi ne gi glasale zatoa treba site da uzlezeme na ulica zaedno so stecajcite , so mlekarite ,so btranitelite i da gi isfrlime od udobnite fotelji od koi ni pravat nevozmozni raboti blizu do umot na normalni intelektualci kakvi makedonija ima dosta mnogu samo kade se????
Од: Blue fighter:Posledniot valcer na grabachite( i na Makedonija so niv)
Датум: 02.09.2010 08:39:53
Bulevarot im treba na gragjanite,no toa ne e od nikakvo znachenje za onie na koi im treba samo profit ostvaren so grabezh i obezlichuvanje na Skopje.Ovakvo vladeenje od pozicija na sila ,mokj,nadmenost i gazenje na sekoe struchno ili apstarhirano gragjansko mislenje(koga e sprotivno na nivnata cel) se sluchuva samo vo dikjatorski rezhimi.Grujo e nashiot IDI AMIN.Samo shto ne treba da zavrshi kako nego vo egzil,izbegan so zagrabenoto bogatstvo.Tuka,vo (ne)renoviranite objekti na familijarniot prijatel Manevski da ja otplakja idiotshtinata shto i ja pravi na Makedonija.Veke bez usul i obziri kon se shto znachi pochituvanje na zakonskata i struchnata materija shto go regulira urbanistichkiot krvotok na glavniot grad,pred nashi ochi se sluchuva pogrom nad prostorot i objektite.Ovakva nevidena alchnost ne zapira so zavrzuvanje na ednoto oko na tasot od vagata.Treba da gi snema sto pobrgu dodeka moze(i ako ima uste sto) da se spasuva od grablivite race na vlasta.MK COSA NOSTRA li se?
Од: lazeski
Датум: 02.09.2010 09:50:26
Zdravev i Familijata se vmesani vo mnogu Kriminalni dejanija.Prasanje koj od Familijata ima namera da go kupi stanot na 50 Divizija,zaplenet od UJP koj stan e na Vlado Dimov od 150 m.kv.Koj go gradese Goce Zelenkovski i negovite firmi Zimeks i Konartis.Familijata i MVR go stitat Zelenkovski koj e vo begstvo.Dali stanovite na Pastirot i Manevski se od firmata Konartis?
Од: Мики
Датум: 02.09.2010 10:38:44
Од споменик на Градот-СПОМЕНИК НА ГЛУПОСТА!Тоа ли е идејата?
Од: професорка
Датум: 02.09.2010 11:28:39
А зошто да не градат кај стигнат? Ем пари огромни во џеб, ем никој нема право да им ги брои парите, ем народот си ќути задоволен. Паметните тоа го прочитаа од првиот ден. Не им требаа глупите споменици за да видат со кого си имаат работа. Само профитери и менталните се среќни, поради два различни корпуси од причини. Ве молам, кое понижување за град Скопје да го има Коце (име!!!) за градоначалник. Е од ова се надевам дека подолу не се може. Ако не ме демантира веќе првиот нареден амбасадор или министер.
Од: Racionalnost
Датум: 02.09.2010 11:47:38
Зошто никој не размислува рационално. Булеварот што градов не успева (поради финснсиски причини) да го направи, конечно ќе биде изграден со финансиски средства од инвеститорот. Значи конечно добиваме булевар - бесплатно изграден и нови градски содржини. Зошто ова сите го игнорирате?
Од: nn
Датум: 02.09.2010 12:26:18
za toa kakvi ovci sme narodot,ovie ovcari se premija
Од: sandra
Датум: 02.09.2010 12:29:59
Na red e casovnikot na stanicata.Koce veti deka ke go popravi i deka sekoj cas ke sviri po edna narodna pesna.A narodot?Narodot ke igra na muzikata
Од: b
Датум: 02.09.2010 15:02:14
Коце! Саатот, саатот на стара железничка да ни го направиш. И да ни пеее, како што вети. Која идила: саатот работи, музика ечи, а доле подлизурковците му се упикуваат на фирерчето!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Соња Крамарска
МЕРИДИЈАНИ
Филип Дуст-Блази
Мислења
Ана Павловска-Данева

Светски гинисов рекорд
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето