Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Светски гинисов рекорд

Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето

Не и' траеше долго радоста на Македонија и на штипско Сарчиево, кое пред нецел месец го урна Гинисовиот рекорд на варење грав во котел. Изминатиот викенд титулата ни ја одзедоа организаторите на „Алабама батербин фестивал“ во Пинсон, Алабама, кои го сварија најголемиот котел со грав во светот. Казанот, конструиран од неколку локални занаетчии, собра 3.823 килограми грав, а откако претставникот од интернационалната организација „Гинис ворлд рекордс“, Морган Вилбер, и официјално го потврди успехот, им беше распродаден на посетителите на 5. фестивал. За потсетување, во штипското село Сарчиево во почетокот на изминатиот месец беа сварени 3.150 килограми, доволни за да го соборат претходниот рекорд, што го држеа студенти од Америка. Покрај 400 килограми грав, во котелот влегоа и повеќе од 2,6 тони вода, 200 килограми сланина, 70 литри зејтин и други зачини, а гравчето беше варено според рецепт стар 2.000 години.


#
Статијата е прочитана 1563 пати.

Испрати коментар

Од: tatoo
Датум: 06.09.2010 13:08:12
Убаво беше ама кратко траеше.
Од: mimi
Датум: 06.09.2010 14:52:09
ne e fer tie jadat gravce ednas godisno a nie sekoj vtor den i da ne gi odzmeat rekordot ...
Од: Goran od SAD
Датум: 06.09.2010 22:01:37
Ne e tocno mimi deka jadat grav ednas godisno, osobeno vo Alabama pilesko i rebra so grav se jade mnogu. No mene me interesira od kaj vo SAD recept star 2000 godini?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Милениумски развоjни милjи
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Банките не се плашат за заштедите
Големи зборови од мали политичари
Проклетството на последните минути
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!
Лозарите започнаа со протести